Ме претрка. Горе долу и јас ќе реплицирав исто. Смешно ми е кога маж ми кажува како функционира женски ум, а најголема поплака му е дека никогаш нема да ги разбере жените.
Just Let It Go..
мачорка напиша:
Не знам како успеа да направиш ваква генерализација и да заклучиш дека сите жени барале само една особина кај мажот и тоа доминантност.Башка кога веќе тврдиш дека мажите во Македонија се доминантни, а жените тоа го бараат, тогаш не знам зошто би постоел очај на македонска љубовна сцена.Според твоево тврдење се би требало да биде едноставно, биди доминантен и ќе ги бираш жените како лубеници.И чудно ми е некако, маж да ме убедува што ме пали, и тоа не само мене, туку сите жени во светот.Уште почудно ми е тоа, што на крај констатираш дека за мажите било многу позаебано, а претходно тврдиш дека мажот треба да исполнува само еден единствен критериум за да ја има било која женска.
Па како можеш ти да се видиш како ти изгледа тилот? Зошто луѓето ги обвинуваат другите луѓе дека се злобни, не приметувајќи дека и сами се? Зашто не можат да се видат себе си од сопствената кожа, не можат да гледаат навнатре, можат да гледаат само нанадвор. Нормално дека вие за вас ќе тврдите дека сте сонциња, но ние ве гледаме како нешто друго. Затоа јас се осудувам да зборам за женскиот ум, насочен кон мажите.
Патем, РокенРола, ако преоѓаме на лично ниво и навреди, кажи, да извадам јас од мојот репертоар, сепак се знаеме доволно, нели?
Мачорка, не знам што не беше јасно во текстот којшто го напишав. И твојот пост е генерално точен, да, биди доминантен и ќе бираш девојки како лубеници. Тоа и се случува. Тука е и очајот, ако не си најдоминантниот, нема ни да бираш, тоа е законот на природата и тука ништо не можеме да смениме. Манекенките одат со кошаркарите, врвот со врвот. Џастин со Селена - Мујо со Фата.
Она што јас го напишав е дека девојките ако сакаат, лесно можат да дојдат до дечко, секс, уатева. Бидејќи момците се едноставни суштества, а шминките се ефтини, солариумот горе долу, а и пластичните операции у задње време не се скапи. Треба да имате само воља и татко.
Од друга страна, секојдневно гледаш како мажи се убиваат по улица, ама не гледаш жени да го праат истото. Мажите се тепаат се газат, се убиваат заради доминација. Кој повеќе ќе изгази ќе ја има поатрактивната девојка. Толку е едноставна равенката. Ама тоа се муабети Капетан Коки и Елена Велевска, не припаѓаат на темава.
Никогаш не си го видела Камењар или Коки Кометал да се пожали дека нема саглам девојки, зашто за нив нема проблем. Ама се жалат просечните момци, којшто гледаат дека за да дојдеш до убава девојка, треба да бидеш Коки. Оние девојки коишто остануваат за просечните девојки, се полугрди или грди коишто се трудат со шминките шо ги спомнав, неинтелигентни, без било каква замисла за својот живот и иднина, и најголемиот проблем, мислат за себе токму обратно. Дека се паметни, убави и... океј за иднината не ни мислат. Згора на тоа, пошто мислат дека се паметни и убави, секое приоаѓање до нив резултира со одбивност од типот „Ти не си Коки, немаш право да ми се пушташ“.
Затоа, момците веќе извесен период, како што спомна и Сусаро, престанаа да се трудат околу девојките и да изиграваат рицари - џентлмени. Сега си седат дома, си гледаат фудбал, си пијат пиво со пријатели и зборат за политика и во најдобар случај, имаат девојка со која се гледаат повремено.
Проблемот знаеш каде е, баш во неинтелигентноста. „Како онаа речницата, паметните луѓе зборуваат за идеи, просечните луѓе зборуваат за настани, а глупите луѓе зборат за други луѓе.“
А нашите девојки зборат само за другите девојки и не ми кажуј дека не е така. Кога би биле поинтелигентни, би можеле и да видат дека ниту се убави, ниту се паметни и ќе работат на тоа, а нема да тресат глупости од типот „само сељаци ми се пуштаат“. Кај ти се пуштаат сељаци сонце? Па у Б2. Па Ајнштајн очекуваш да го најдеш у Б2?
Туку ај да не детализирам повеќе...