Места во околината на Скопје пригодни за велосипедизам!

Член од
1 јули 2010
Мислења
58
Поени од реакции
7
Значи темава ја отварам некој да ми предложи некои добри места во околинава на Скопје пригодни за велосипедизам и релаксација.

Ако знае некој каде би било идеално за со велосипед да се иде нека каже, негде да излезам у природа, малце да се одлепам од компјутеров (y)
 
I

Ivanovska

Гостин
Па незнам за околината, ама на кеј ти е супер за со велосипед. :)
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.782
Поени од реакции
11.336
Пали точакот и тргај, места околу Скопје има еден тон...гугл мапс има , интернет има , 21ви век има! И секако понеси си мала пумпа, имбуси и евентуално една внатрешна, за не дај боже.

http://www.sk.com.mk/
 
Член од
1 јули 2010
Мислења
58
Поени од реакции
7
Па незнам за околината, ама на кеј ти е супер за со велосипед. :)
Абе знам за кеј, секој ден сум таму по 3-4 часа, сакав негде у природа ;)
--- надополнето: Jul 22, 2011 9:28 AM ---
Кањон Матка.
Одлично !!!
Сум бил со кола, ама не е тоа тоа, баш ке појдам некој ден, не ми е многу далеку (y)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Јас возев по автопатот Скопје- Тетово и стигнав до Желино меѓутоа тоа е за колку да испразниш енергија, за во природа со велосипед на Водно :D најдобро ми беше спуштањето летав до доле хахаха, и друго место што знам Скопска Црна Гора или накај Катланово :P
 
Член од
1 јули 2010
Мислења
58
Поени од реакции
7
Јас возев по автопатот Скопје- Тетово и стигнав до Желино меѓутоа тоа е за колку да испразниш енергија, за во природа со велосипед на Водно :D најдобро ми беше спуштањето летав до доле хахаха, и друго место што знам Скопска Црна Гора или накај Катланово :P
Абе накај Скопска Црна Гора никогаш не сум бил со точак и појма неам по кој пат да идам :(
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
А бе знаеш најдобро ти е Водно тргни од кај О.У. Кочо Рацин ( Водњанска ) нагоре има знаци има пат до Свети Пантелејмон во Горно Нерези, сега имај со себе еден нож за секој случај и пази на кучиња.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Марков Манастир....или накај Дражилово....патот е убав (сепак има сообраќај :( )...
 
cokance

Затишје пред курац.
Член од
11 август 2008
Мислења
686
Поени од реакции
145
Абе накај Скопска Црна Гора никогаш не сум бил со точак и појма неам по кој пат да идам :(
Помини низ главната улица во радишани и само право нагоре, ќе ги поминеш Кучевиште и Побожје, па ти иде место викано 2 реки, па нагоре ако си ентузијаст можеш и до бродец да стигнеш, преубав простор, малку сообраќај, недопрена природа, и што е најважно, еден пат е нема ни лево ни десно, нема каде да се изгубиш, види на google earth... а за вода и продавнички имаш секаде низ секое село што го поминуваш....
 
Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037

Тачно. А можеш и у Радишани да дојдеш ако си за офроуд возење. Има накај нивите безброј патишта, а ,,главниот'' излегува на патот за Побожје што е па можеш и натака да продолжиш. Значи земјен пат е обколен со природа и што е најважно без моторен сообраќај. Околу имаш многу други патчиња и колку сакаш комбинации можеш да правиш. Јас кога ќе најдам друштво обавезно вртам еден круг. Околу 4 км ти е еден правец. Еве ти и мапа од гугл :)

-Со црвено ти е патот за кој што пишав погоре. Значи земјен е и е ептен блага угорница (дури незабележителна). Понатака ако сакаш да идеш ти е асфалтиран пат (со жолто обележан) ама јаки угорници има доста кондиција ти треба. :) И населените места ги имаш за ориентација.

Се надевам дека ти помогнав ;)
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Јас возев по автопатот Скопје- Тетово и стигнав до Желино меѓутоа тоа е за колку да испразниш енергија, за во природа со велосипед на Водно :D најдобро ми беше спуштањето летав до доле хахаха, и друго место што знам Скопска Црна Гора или накај Катланово :P
:pos:летечи велосипедист

Член од
1 јули 2010
Мислења
58
Поени од реакции
7
Фала ви многуууу (y) (y) (y)
--- надополнето: Jul 23, 2011 3:18 PM ---
:pos:летечи велосипедист

Ама и овој летал како Hip.Hop_MKD, само што овој повисоко летнал и му требало повеќе време да се симне ахахаххахахахаххахах :ROFLMAO:
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
221
Поени од реакции
127
Има едно село позади Водно -Говрлево ,од таму до Козјак можеш да возиш и нема многу сообраќај.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom