Со или без религија ќе имате добри луѓе кои што вршат добри дела и зли луѓе кои што чинат злодела. Но за добрите луѓе да прават лоши нешта, за тоа ви треба религија. (Стивен Вајнберг)
Штом црквата и Библијата очигледно грешат во своите објаснувања за тоа од каде доаѓаме, тогаш како можеме да им веруваме за тоа каде одиме? (Анонимен)
Кога еден човек страда од привидувања, тоа се нарекува лудило. Кога многу луѓе страдаат од привидувања, тоа се нарекува религија. (Роберт Пирсиг)
Повеќето религии ја пророкуваат пропаста на светот и упорно работат на тоа нивните пророштва навистина да се случат. (Анонимен)
Религијата од обичните луѓе се смета за вистинита, од мудрите за лажна, а од владетелите за полезна. (Сенека Помладиот)
Ќе почнам со овие мислите погоре.
Ако религиите засегаат многу аспекти од човековото постоење, тогаш што со атеистите? Како тие живеат?

Кога религијата управува со државата нема напредок.
Убава тема си отворил во религија, на кој што му се допаѓа кај другите религии, и мене ми се допаѓаат неколку од десетте заповеди од Библијата, ама прашањето е кој ги практикува?
-Никој, затоа што Христијанството нуди спас со покајание ако прекршиш некој од нив.... слично е и со повеќето други.
Оти ова некако ме потсетува на Dark ages... не знам зошто...

Кога некој ќе го напушти сето тоа што го спомна, кога ќе продолжи да истражува историја на религиите, кога ќе почне да гледа отворено и критички да размислува, религија и не му треба многу...
Затоа велам, што побрзо исчезнат религиите, тоа подобро за човештвото.
А, и оваа да не ја заборавам:
Атеизмот е непрофитна организација (Џорџ Карлин)