Талибанците погубуваат Пакистански цајкани (ново видео)

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
а ти поддржуваш убивање на нехристијани од страна на христијани?
кој го предизвикал радикалниот ислам?
христијаните и нивното мешање во внатрешните работи на арапските земји
Радикалниот ислам е предизвикан од самиот ислам - со цел прочистување на истиот (Вахаб) . Во поновата историја може да се каже дека Христијаните го насочија фокусот на екстремистите кон нив и помогнаа во ширење на истиот со своите постапки, но верувам дека тоа ќе се случеше без разлика на се - трн во око. А иначе во внатрешните работи на арапските земји спаѓа и убивање на немуслимани, односно на оние кои се откажале од исламот (па можеби сакале да преминат во Христијанство). Верувам дека ако и ние како Македонија забраниме градење на џамии и почнеме да убиваме луѓе кои се откажуваат од христијанство (а во меѓувреме да нема друга религија за која има услови да се практикува), некој ќе интервенира и ќе ни се замеша во нашите внатрешни работи :)
 
Од секогаш религиите биле проблем во светот, ништо друго. За разлика, порано кога луѓето си имале како традиција и обичани, се додека не се помешала политиката во религијата, и обратно, религијата во политиката.
Со самото создавање на монотеистичките религии, со самото палење на големи културни богатсва како библиотеките, кои го содржеле сето тоа културно богатство и мудрост, светот запре за 2000 години.Ова што денес сме, можевме да бидиме и пред 1000 години.А пред 1000 години? Луѓето сеуште се тепаа со сабји, јаваа коњи, живееа и спиеја на слама итн.
 
Религиите треба да ги снема што побрзо, особено исламот.
 
не можеш да го избришеш исламот.......
ако ви успее кажете
 
Од секогаш религиите биле проблем во светот, ништо друго. За разлика, порано кога луѓето си имале како традиција и обичани, се додека не се помешала политиката во религијата, и обратно, религијата во политиката.
Со самото создавање на монотеистичките религии, со самото палење на големи културни богатсва како библиотеките, кои го содржеле сето тоа културно богатство и мудрост, светот запре за 2000 години.Ова што денес сме, можевме да бидиме и пред 1000 години.А пред 1000 години? Луѓето сеуште се тепаа со сабји, јаваа коњи, живееа и спиеја на слама итн.

Ихааа, све „суви факти“. Фино си имале луѓето порано традиција и обичаи...и све било милина ...кога то религијата ко им се сипала од зад ќуш...БААААМММ! Па после и политиката такуѓере...па и религијата у политика назад...а све си било фино и напредно до тогаш.

--- надополнето: Jul 22, 2011 12:25 AM ---
Не само исламот, туку сите религии. Ништо добро не излегло од нив.

Ќе се согласам дека ниеден религиски радикализам не е добар, ќе се согласам дека религијата ја има речиси изгубено легитимноста (особено во спознавање на космосот и природата), ама твдењето дека ништо добро не излегло од религиите не држи.

На темата: радикалниот ислам е вооружен и институционално моќен а тоа е беља работа. Едно е кога наивни креационисти и апокалиптичари бладаат по форуми или мавтаат со пароли против Хари Потер, а друга е кога муџахедини со неколку кила ТНТ ќе разнесат трговски центар или кога заради предавство на исламот некој ќе виси на бандера.
 
Не само исламот, туку сите религии. Ништо добро не излегло од нив.
Исламот не е само религија, тоа е начин на живот.... (9та чета)
исто така и за другите религии
 
Ќе се согласам дека ниеден религиски радикализам не е добар, ќе се согласам дека религијата ја има речиси изгубено легитимноста (особено во спознавање на космосот и природата), ама твдењето дека ништо добро не излегло од религиите не држи.

Ај вака, кажи нешто навистина добро што излегло од религиите, пошто во моментов на ништо такво не ми текнува, па после тоа ќе го споредиме со лошите страни на религиите... :)
--- надополнето: Jul 22, 2011 12:59 PM ---
Исламот не е само религија, тоа е начин на живот.... (9та чета)
исто така и за другите религии

И тоа е проблемот.
Кога некој се раководи според книга стара илјадници години едноставно нема напредок, никаков напредок.
 
Ај вака, кажи нешто навистина добро што излегло од религиите, пошто во моментов на ништо такво не ми текнува, па после тоа ќе го споредиме со лошите страни на религиите... :)

Религиите засегааат многу аспекти од човековото постоење -- не се само анахроно бладање за постанокот на светот. Еден писмен човек треба да биде информиран за ова. Наместо одговор, ќе те замолам да ја погледаш темата „Што ви се допаѓа кај другите религии“ -- 99% од мислењата се на атеисти. Не дојдов тука да спорам за лошите страни на религиите (особено кај институционализираните фундаменталистички теократии) -- за нив и јас би додал многу негативни коментари. Но, фер е да се даваат одмерени оценки, нели? ;)
--- надополнето: Jul 22, 2011 4:21 PM ---
Ај вака, кажи нешто навистина добро што излегло од религиите, пошто во моментов на ништо такво не ми текнува, па после тоа ќе го споредиме со лошите страни на религиите... :)
--- надополнето: Jul 22, 2011 12:59 PM ---

И тоа е проблемот.
Кога некој се раководи според книга стара илјадници години едноставно нема напредок, никаков напредок.

Не е ни тука проблемот. Има книги кои се илјадници години стари а се`уште држат -- поради длабочината на мислата и благородноста на пораката. Треба да набројувам автори? Изгледа дека си љубител на исклучиви ставови. Проблемот е ако некој некритички, слепо се раководи според било која доктрина, тогаш нема развој и се јавуваат проблеми.
 
Религиите засегааат многу аспекти од човековото постоење -- не се само анахроно бладање за постанокот на светот. Еден писмен човек треба да биде информиран за ова. Наместо одговор, ќе те замолам да ја погледаш темата „Што ви се допаѓа кај другите религии“ -- 99% од мислењата се на атеисти. Не дојдов тука да спорам за лошите страни на религиите (особено кај институционализираните фундаменталистички теократии) -- за нив и јас би додал многу негативни коментари. Но, фер е да се даваат одмерени оценки, нели? ;)
--- надополнето: Jul 22, 2011 4:21 PM ---

Не е ни тука проблемот. Има книги кои се илјадници години стари а се`уште држат -- поради длабочината на мислата и благородноста на пораката. Треба да набројувам автори? Изгледа дека си љубител на исклучиви ставови. Проблемот е ако некој некритички, слепо се раководи според било која доктрина, тогаш нема развој и се јавуваат проблеми.

Со или без религија ќе имате добри луѓе кои што вршат добри дела и зли луѓе кои што чинат злодела. Но за добрите луѓе да прават лоши нешта, за тоа ви треба религија. (Стивен Вајнберг)

Штом црквата и Библијата очигледно грешат во своите објаснувања за тоа од каде доаѓаме, тогаш како можеме да им веруваме за тоа каде одиме? (Анонимен)

Кога еден човек страда од привидувања, тоа се нарекува лудило. Кога многу луѓе страдаат од привидувања, тоа се нарекува религија. (Роберт Пирсиг)

Повеќето религии ја пророкуваат пропаста на светот и упорно работат на тоа нивните пророштва навистина да се случат. (Анонимен)

Религијата од обичните луѓе се смета за вистинита, од мудрите за лажна, а од владетелите за полезна. (Сенека Помладиот)

Ќе почнам со овие мислите погоре.
Ако религиите засегаат многу аспекти од човековото постоење, тогаш што со атеистите? Како тие живеат? :)
Кога религијата управува со државата нема напредок.
Убава тема си отворил во религија, на кој што му се допаѓа кај другите религии, и мене ми се допаѓаат неколку од десетте заповеди од Библијата, ама прашањето е кој ги практикува?
-Никој, затоа што Христијанството нуди спас со покајание ако прекршиш некој од нив.... слично е и со повеќето други.

Проблемот е ако некој некритички, слепо се раководи според било која доктрина, тогаш нема развој и се јавуваат проблеми.
Оти ова некако ме потсетува на Dark ages... не знам зошто... :)
Кога некој ќе го напушти сето тоа што го спомна, кога ќе продолжи да истражува историја на религиите, кога ќе почне да гледа отворено и критички да размислува, религија и не му треба многу...
Затоа велам, што побрзо исчезнат религиите, тоа подобро за човештвото.

А, и оваа да не ја заборавам:
Атеизмот е непрофитна организација (Џорџ Карлин)
 
Цитатите се фини -- со некои од нив се сложувам потполно. Атеистите живеат (ваљда) удобно без религија.;)

Теократијата го кочи напредокот и е опасна. Ако го прочиташе мојот прв одговор ќе ти беше јасно каков е мојот став по тоа прашање.

Никој не ги практикува заповедите? Сигурен си? Нема да ти давам христијански примери да не кажеш дека сум пристрасен. Еве ти еден тип кој бил многу блиску -- Махатма Ганди. Ако некои идеали се недостижни за тебе, не е во ред твојата немоќ да ја проицираш на целиот свет. Не е фер. ;)

Претпоставката дека религијата е непотребна за сите е пак, генерализација. Не знам со какви луѓе се дружиш, ама има многу исклучиво образовани религиозни луѓе кои ќе ти објаснат зошто се религиозни. Јас се дружам со умни, образовани и толерантни луѓе -- атеисти, агностици, религиозни... Не сум сигурен дека си поработил доволно на толеранцијата кон неистомислениците.

Никаде не ги напаѓав атеистите, те молам не ми импутирај такви тврдења. Инаку покојниот Џорџ Карлин многу го почитувам -- тој еден од најгласните и најперцептивни социјални критичари на Америка во последнава деценија (иако го категоризираат како stand-up comedian).
 
Цитатите се фини -- со некои од нив се сложувам потполно. Атеистите живеат (ваљда) удобно без религија.;)

Теократијата го кочи напредокот и е опасна. Ако го прочиташе мојот прв одговор ќе ти беше јасно каков е мојот став по тоа прашање.

Никој не ги практикува заповедите? Сигурен си? Нема да ти давам христијански примери да не кажеш дека сум пристрасен. Еве ти еден тип кој бил многу блиску -- Махатма Ганди. Ако некои идеали се недостижни за тебе, не е во ред твојата немоќ да ја проицираш на целиот свет. Не е фер. ;)

Претпоставката дека религијата е непотребна за сите е пак, генерализација. Не знам со какви луѓе се дружиш, ама има многу исклучиво образовани религиозни луѓе кои ќе ти објаснат зошто се религиозни. Јас сакам да се дружам со умни, образовани и толерантни луѓе. Не сум сигурен дека си поработил доволно на толеранцијата кон неистомислениците.

Никаде не ги напаѓав атеистите, те молам не ми импутирај такви тврдења. Инаку покојниот Џорџ Карлин многу го почитувам -- тој еден од најгласните и најперцептивните социјални критичари на Америка во последнава деценија (иако го категоризираат како stand-up comedian).

Како што би рекол еден наш член... правилата на игра се одамна поставени.
Прашањето што би било кога не би постоеле религиите е доста интересно. Кога не би постоеле религиите, дали некој денес би имал нивна потреба?
Коренот, почетокот на религиите е човековото незнаење. Религиите нудат лажен одговор. Даваат некакви упатства за начин на живеење, но сето тоа е залудно со нудењето на имагинарните места рај и пекол...
Проблемот е што религиите се меѓу нас неколку милениуми. Не се вадат така лесно.

Познавам и живеам со луѓе и христијани и муслимани, атеисти итн. Всушност, најмалку луѓе знам што се декларираат како атеисти.
Толеранција имам кон секој, се додека не почне да кажува дека ако сите ја следеле Библијата немало воопшто зло да има, дека исламот е најдобра религија, дека неговиот бог е подобар од нашиот и сл.
 
Веќе чувствувам дека имаш голема потреба да „победиш“ во дискусијава. Се обидов да ти укажам дека е фер да се носат повнимателни оценки. Долга и комплицирана е дискусијата за рајот и пеколот. Симплистичкото поимање на рајот и пеколот како локации не е дел од моето верување, како што не е ни просилетизмот, ниту пак убедувањето дека православието е подобро од другите. Претпоставуваш многу работи и мислам дека се обидуваш да ми накалемиш наивни тврдења и антагонизам кон науката, критичкото размислување, атеизмот, итн, -- се` со цел да се извадиш од радикалноста на твоите генерализации. Нетолерантноста (од било чија страна) и одбивањето да се согледаат некои објективни цивилизациски вредности се проблемот кој ти бега во муабетов. Агресијата и нетолерантноста не се копирајт на религиите. Прости ми, но не наидов на многу толеранција кон другиот во твоите посочени постови.
 
Мислам дека далеку ја отидовте со религииве, ако сакате да дискутирате за религии која е подобра, а која полоша имате форум Религија. Туку да се вратиме на темата.

Кај Талибанците е познат таквиот однос кон непријателите, така да ништо не е чудно со видеово
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom