Значи сакам да прашам колку би ме чинело некои кои се способни да направат игра која што ке биде моја(секако дека ке платам).Значи за Играта:Се работи за browser game во која играчот се става во улога на граѓанин на една држава (си бира која). Почнувате така што си барате работа, се вработувате, треба да работите секој ден. Со секое работење се зголемува skill-от по што откако ќе достигне одредено ниво, може да се пријавите за повисоко работно место, што значи и повисока плата. Освен што може да работите, секој ден можете да тренирате со војската и со тоа да си зголемува моќ, што многу е битно во случај на војна.Исто така како трета можност да се може да се учи ке се бира за поголема продуктивност во нештото.
Битно е да се напомене дека со секое работење или тренирање или учење ке ви се намалува wellness, кој се зголемува со јадење на храна. Сите овие активности (работење, тренирање,учење) носат по 2 experience point.Но како успешно извршено секој ден да има ко награда +1experience point.Овие experience point кои ќе служат за фаќање левел а со секој кренат левел ќе имате можност да правите нешто ново, како на пример да се зачлените во политичка партија, да отворите своја фирма,да станете претседател,конгресмен,да бидете одбран за министер,отворање на воена единица итн.Исто така да има мапа од државите правена во Флеш и кога на пример Македонија ке заземи 1 регион на Грција на картата да се обои регионот со бојата на Македонија,исто така и за другите држави.Исто така да може да се поставаат закони. Да напоменам доменот и веб хостингот ке си го платам сега прашувам за дизајнот и скриптата која што ке ја користи играта.
Доколку уште невие јасно што сакам видете пример на такви игри кои што се со исти цели но различна игра:
www.erepublik.com
www.ejahan.com
www.cyberrepublik.com
Благодарам однапред! Чекам одговори!