Tour de France 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата The Edge^
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
гледам Воклер има 1 мин и 49 сек. предност пред Френк Шлек,па следува Еванс со 2 мин и 6 сек па после него доаѓа Енди Шлек со 2 мин. и 17 сек. се прашував каде е Контадор а он уствари да ти бил на 7мата позиција со цели 4 мин заостанување...ке му треба многу за да надополни...дупло повеќе работа за разлика од Енди...но да не заборавиме дека Контадор е ALL ROUNDER може се да вози... до колку издржи Воклер на предпоследниот врв со барем малку предност тогаш мислам дека тој ке го земе овогодинешниов ТУР...сепак ке видиме возбудувањата допрва следат...
П.С само да не го погоди истиот малер Енди како лани да му испадне ланецот....
 
Oчекувај утре веќе да се смени жолтата маица, утрешната стаза е идеална за промена на маицата, фаворити се браќата но не се знае, се може да се случи пу пу да не ги урочам.
Контадор да дека е All Rounder али турот секогаш во голема мера се решава во планините а моментално во планините на браќата Шлек им нема рамен, многу е јак Контадор има и некои други што се јаки но сепак заедно браќата не гледам дека може некој да ги победи освен некој малер. Лани се кладам дека да не му испаднеше ланецот на Енди кога нападна (а видовме Контадор неможеше да го стигне) Енди ке го победеше турот. Е сега Контадор е многу многу подобар на хронометар но да имаат предност од барем 45 секунди неверувам дека е достижна таа предност.
Според мене лесна задача имаат браќата, само треба со силно темпо на планините или со напад да се откачат од жолтата маица и на Контадор да не му дозволат да им избега што сметам дека го можат тоа и тоа е тоа. Турот ке биде нивни.
Но пак ке кажам пу пу да не ги урочам, само малер да не ги удри само тоа.
 
Јас мислам дека и двајцата ке тргнат во напад заедно па кој ке има подобро време ке бидне чуван од другиот..то ест на пример Френк има подобро време сега Енди ке го блокира во случај Контадор или Воклер да му седнат на велосипедот и да го пратат..тоа е вообичаена стратегија сите навикнавме на тоа...бај д веј за сите зависници од тур-ов симнете ја Pro Cylcling Menager 2011 вреди играта :)
 
Јас мислам дека и двајцата ке тргнат во напад заедно па кој ке има подобро време ке бидне чуван од другиот..то ест на пример Френк има подобро време сега Енди ке го блокира во случај Контадор или Воклер да му седнат на велосипедот и да го пратат..тоа е вообичаена стратегија сите навикнавме на тоа...бај д веј за сите зависници од тур-ов симнете ја Pro Cylcling Menager 2011 вреди играта :)
Еј знаеш како сакам да си ја слимнам но незнам дали компјутерот ке ми ја подржи :///. ти ја имаш ли слимнето?
 
Еј знаеш како сакам да си ја слимнам но незнам дали компјутерот ке ми ја подржи :///. ти ја имаш ли слимнето?

јас ја имам оригинал 2010 а сега ја гледам 2011 ке ја симнам од нет :)
P.S само што мислам дека 2011 не е излезена уште...
 
јас ја имам оригинал 2010 а сега ја гледам 2011 ке ја симнам од нет :)
P.S само што мислам дека 2011 не е излезена уште...
Мн сакам да ја слимнам незнам само графичка колку треба. мојата е минимална (компјутерот ми е од макс адсл затоа)
каква графичка имаш ти?
 
GeForce GT 430 1 GB забегавме многу ОФ ТОПИК ај прашај ПМ што те интересира околу играта :)
 
Помалку и лудна етапа беше вчера, очекував дека Шлекови, Контадор, Еванс итн стално да напаѓаат, но освек Енди на неколку пати што ја испроба групата (а мислам дека не беа тие реални напади) сите си седеа мирни. Има уште малку планински етапи а околу 2 минути води Воклер. Како и да е на Алпите ке биде урнебес
 
Ден пауза , па ќе е интересното.
--- надополнето: Jul 17, 2011 4:19 PM ---
Иначе штета за Винокуров што вака ја заврши кариерата...
 
Моите фаворити браќата Шлек што ги фалев толку, малку потфрлија вчера. Кога му дозволиа на Контадор да избега, но ако трката се вжешти додатно. Утре на кого типувате? :D
 
Браво за Енди :D . Штета што за 16 секунди не ја облече жолтата маичка.

Туку го примети некој Македонското знаме на финишот од трката ? (ако најдам/најдете слика постирајте)
 
Русинот од Астана не издржа, на 30км пред целта имаше едно 4ипол минути предност..после тоа не ја ни гледав трката..глеам интересна била..после ова мислам дека Енди Шлек е главен фаворит за титулата оваа година, не верувам дека ќе издржи Во(е)клер...плус и предноста е ептен минимална, само 15 секунди.
 
Браво браво неверојатно извози мајсторот 60 км во бег, браво. Колку ми е мака што не ја облече жолтата маица. незнам дали утре ке има снага. но мислам дека ке има доволно зошто Воклер денес дефинитивно се истроши, на крајта дури неможеше да диши.
Контадор изненадно отпадна. Само да има Енди сила да направи уште неколку секунди пред Воклер и Еванс. Но тука е и Френк кој денес најмалку се истроши од сите и може да видиме утре слично сценарио како и денес кој Френк ке бега како Енди денес. Во поволна позиција се но ништо ама ништо не е извесно, тука е и хронометарот така да се е отворено
btw Озбилно македонско знаме? :O :D
 
btw Озбилно македонско знаме? :O :D
99 % сум сигурен, пошо на самиот финиш беше и едно 8-9 пати го покажаја како што идаја велосипедистиве...
--- надополнето: Jul 21, 2011 4:33 PM ---
кога ќе излезит хајлајтс од денешнава трка на youtube ваљда ќе го покажет финишот а воедно и знамето :D
 
Имаше македонско знаме т.е. две знамиња беа едното со 16 краци а друго со 8. И тоа на историска етапа, на највисоката цел во историјата на Тур д Франс, барем така кажаа коментаторите на ЕС.;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom