Со оглед на играчите со кој располагавме, јас сум задоволен од прикажаното. Добра игра, брза, течна, само што слабо создававме шанси, но реков со овие играчи создадовме уште 4-5 добри шанси, што е одлично.
Варан ме импресионираше, јес да игравме против слаб противник, но се гледа колку е стабилен, цврст, не паничи никогаш, а има само 18 години. За некое време ќе ни биде главна алка во одбраната, и никако не смее да се пушти во Кастиља, печен е да учи од поискусните во прв состав, подобро пуштај го секој натпревар после 70та минута во прв состав, отколку да игра во трета лига, измислен е за тие дефанзивци таму.
Контрао добар, мада играше на неприродна позиција за него, му беше партнер на Гранеро кој денеска мислам дека истрча колку што истрча севкупно во минатата сезона. Добра соработка на Контрао со својот сонародник Роналдо.
Кака претходниот натпревар беше одличен, сега овој потфрли, мада тоа е поради тоа што мислам дека беше премногу густо во средината и не можеше никако да се пронајде, но како и да е мислам дека од него има што да видиме оваа сезона.
За Роналдо, Озил и Марсело не треба да се пишува нешто повеќе, како и претходниот така и овој натпревар стандардно одлични, само што на Роналдо МОРА да му се забрани да игра со пета.

Бензема денеска разочара, во прво полувреме нигде го немаше, во второ две добри шанси еден на еден со голман не искористи ни една, колку-толку подоцна се извади со одличната асистенција за Роналдо.
Тоа е тоа накратко најважното за мене, продолжуваме со одличните подготвителни натпревари, нареден натпревар против Филаделфија во сабота спрема недела од 3 саат, се надевам дека ќе бидам во можност да гледам, затоа што имаат уште многу да ни понудат овие играчи.