Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.619
Кога авантурата повикува...
Драг Нуркачу,
Ќе посетиш прекрасни корални гребени, ќе дојдеш во допир со ајкули, ќе се сретнеш со
китови, и ќе го откриеш Океанскиот Универзум.
За да го направиш ова ќе поминеш неколку денови во земја каде риболовците, фармерите и
трговците живеат во текот на целата година. Нивните традиции се различни од твоите.
Залихите на природни резерви од кои тие преживуваат често пати се мали. Чистата вода
е особено ретка и бесценета.
Животот во земјата не е само хотелот во кој ќе престојуваш, кој секако е пријатен.
Зошто да не го искористиш слободното време помеѓу нуркањата за да ги запознаеш
локалните жители и да ги слушнеш нивните приказни? Може да бидеш вчудоневиден од
нивното културно наследство и гостопримство.
Твојата куповна моќ многу често е многу повисока од нивната. Не ги предизвикувај да го
осиромашат морето, и, на крајот од краиштата, да ги истоштат риболовците купувајќи
тажни сувенири како заби од ајкула, школки, корали и школки од желка. Решително одбивај
перки од ајкула и супи од желка, срамно грабнати од морето. Овие животни би можеле да
исчезнат.
Под водата, ќе посетуваш жив, раскошен но ранлив свет. Судири и удари ги кршат и убиваат
неподвижните животни кои прават толку многу за магичноста на морските пејзажи на
кои им се восхитуваше. Секое вознемирување може да ги исплаши рибите кои ги штитат
своите јајца, оставајќи им ги своите легла на грабливците. Те молам не храни ги рибите
затоа што тоа ја нарушува рамнотежата помеѓу видовите и го менува нивното природно
однесување. Во иднина ќе очекуваш да ги најдеш сите богатсва на дивиот подводен свет
исто толку прекрасни како за време на твојата денешна посета.
Ќе посакаш да ја поделиш оваа радост со своите пријатели и деца па затоа биди љубопитен
за сè но остани дискретен и внимателен и чувај се од неснаодливост! Твоето денешно
однесување ќе им ја осигура можноста на идните генерации да уживаат во овој прекрасен
свет и да се воодушевуаат од средбите со ајкули и китови во една подеднакво колоритна
подводна авантура како твојата.
Дали сте нуркале, каде сте нуркале, дали го почитувате горенаведениот кодекс, каде научивте да нуркате? Повелете...