Нуркање

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Кога авантурата повикува...

Драг Нуркачу,
Ќе посетиш прекрасни корални гребени, ќе дојдеш во допир со ајкули, ќе се сретнеш со
китови, и ќе го откриеш Океанскиот Универзум.
За да го направиш ова ќе поминеш неколку денови во земја каде риболовците, фармерите и
трговците живеат во текот на целата година. Нивните традиции се различни од твоите.
Залихите на природни резерви од кои тие преживуваат често пати се мали. Чистата вода
е особено ретка и бесценета.
Животот во земјата не е само хотелот во кој ќе престојуваш, кој секако е пријатен.
Зошто да не го искористиш слободното време помеѓу нуркањата за да ги запознаеш
локалните жители и да ги слушнеш нивните приказни? Може да бидеш вчудоневиден од
нивното културно наследство и гостопримство.
Твојата куповна моќ многу често е многу повисока од нивната. Не ги предизвикувај да го
осиромашат морето, и, на крајот од краиштата, да ги истоштат риболовците купувајќи
тажни сувенири како заби од ајкула, школки, корали и школки од желка. Решително одбивај
перки од ајкула и супи од желка, срамно грабнати од морето. Овие животни би можеле да
исчезнат.
Под водата, ќе посетуваш жив, раскошен но ранлив свет. Судири и удари ги кршат и убиваат
неподвижните животни кои прават толку многу за магичноста на морските пејзажи на
кои им се восхитуваше. Секое вознемирување може да ги исплаши рибите кои ги штитат
своите јајца, оставајќи им ги своите легла на грабливците. Те молам не храни ги рибите
затоа што тоа ја нарушува рамнотежата помеѓу видовите и го менува нивното природно
однесување. Во иднина ќе очекуваш да ги најдеш сите богатсва на дивиот подводен свет
исто толку прекрасни како за време на твојата денешна посета.
Ќе посакаш да ја поделиш оваа радост со своите пријатели и деца па затоа биди љубопитен
за сè но остани дискретен и внимателен и чувај се од неснаодливост! Твоето денешно
однесување ќе им ја осигура можноста на идните генерации да уживаат во овој прекрасен
свет и да се воодушевуаат од средбите со ајкули и китови во една подеднакво колоритна
подводна авантура како твојата.


Дали сте нуркале, каде сте нуркале, дали го почитувате горенаведениот кодекс, каде научивте да нуркате? Повелете...
 
Одсекогаш не ми било јасно како опстојуваат со оваа маска на очите и носот под вода толку време.Иначе љубител сум на нуркањето..Не сум нуркал до сега така со опрема..(онаказ по реки и езера :D) ..скапа е опремата
 
Одсекогаш не ми било јасно како опстојуваат со оваа маска на очите и носот под вода толку време.Иначе љубител сум на нуркањето..Не сум нуркал до сега така со опрема..(онаказ по реки и езера :D) ..скапа е опремата

што не ти е јасно? имаат маска, пераи боца со кислород?
 
Одсекогаш не ми било јасно како опстојуваат со оваа маска на очите и носот под вода толку време.Иначе љубител сум на нуркањето..Не сум нуркал до сега така со опрема..(онаказ по реки и езера :D) ..скапа е опремата
Тренинг. Си чул за проширување на капацитетот на белите дробови?
 
Тежок фан на нуркањето. Некогаш знам да се заборавам под вода и без боца, па луге трчаат да видат што сум напраил. Премногу ми е занимливо целото тоа пространство, Се што е под 2 метра длабочина е веќе недопрено од чевекот колку толку е убаво. Опремата не е богзнае колку скапа и нема многу „потрошен материјал“ па се купува еднаш за секогаш.

Него, како да пресметам колку кила тегови треба да ставам на себе (без боца) пошто имам проблеми со седење под вода, едноставно испливувам.
 
Изгледај го видеово горе..колку што гледам батево не носи боца..

Guillaume Néry е Французин кој се бави со слободно нуркање и мислам ова видео кое го има направено е страшно.
 
Перваја и единственнаја в России школа водолазов была создана 5 маја 1882 года по указу Императора Александра III в Кронштадте и была первым и единственным в мире учебным заведением, где готовили специалистов водолазного дела. На обучение в школу принимались лица офицерского состава и нижние чины. За первые четыре года своего суштествованија школа подготовила около 200 квалифицированных водолазов из нижних чинов и 40 водолазных специалистов из офицерского состава.

Галерија, тука.
 
Rekreativno nurkam vo Ohridsko Ezero (od OH sum). I im preporacuvam na site da nurkaat, bidejki e preubavo da se zapoznaete i so porazlicen svet.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom