Дојран

Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Не ми пречи слабиот ноќен живот зашто фазата во која ми беше битен ја надраснав одамна. Не ми пречат ни комарците кои во делот покрај брегот навистина многу ги има и сметам дека не постои начин да бидат истребени или нивниот број намален за подолго време. Не ми пречи ниту високата цена на порција крап во „Фук-так“ каде за 350 или 400 ден ке добиеш 2 резанчиња крап и полна чинија компир, ќе се повозам во правец на Богданци и ќе јадам риба колку ми е кеиф речиси за ич пари во рибникот кој е на половина пат до таму. Климата е феноменална и ми се допаѓа.
-Ми пречи кога ќе го видам преполнет со „патлиџан-туристи“ од струмичките, Беровските, Штипските и којзнае кои села кога на плажине доаѓаат со опинци и кеси полни јадење кои после заминувањето не знаат да ги соберат и да ги фрлат во канта или контејнер, кои по главната улица паркираат кај ке им прдне не водејки сметка дали некого ке затворат со своето возило, кога во маркетите се гнетат во гужвата пред касите што побрзо да платат и заминат не внимавајки на тоа дали се на ред, ги пуштаат децата без надзор да играат по плажата без да им текне дека некому кој мирно си лежи и се сонча можеби му креваат прашина...
Дојран е ок, можеби и прекрасен, не чини поголемиот дел од оние кои доаѓаат да го посетат како туристи.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ќе оди некој годинава во Дојран?
Некој што бил лани да пише инфо за добро сместување?:cool:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Член од
26 јуни 2011
Мислења
13
Поени од реакции
2
За разлика од пред 7-8 години кога жив човек немаше во Дојран, како поминуваат годините така се повеке и повеке се популаризира како туристичка дестинација, иако повеке се фамилии со мали деца. Во Дојран одиме секоја година, барем по неколку пати во годината, чисто заради одмор и релаксација. Годинава забележав дека и општината сака да се потсреди градот, а и доста приватници земале место па прават шанкови и кафичи.
Нажалост, впечатокот не е позитивен.
Градската плажа е валкана и пренатрупана, се што направиле е да донесат каков таков песок и да ги исчистат трските.Иако има шанк на секој чекор долж шеталиштето, ми оставаат впечаток на рандом нафрлани дрвени куќарчиња со по некое масиче и столче и пуштена прегласна музика. Воопшто не се потрудиле да направат нешто интересно, ми изгледа како само идејата била ај ке ставиме шанк и ке штанцаме пари. Посебно грозно изгледаше тоа што масите беа поставени врз трева, на нерамен терен и со купишта губре измеѓу нив, што говори и за културата на лугето што седат таму, но и за негрижата на сопственикот на шанкот. Единствено едно местенце ми остави поубав впечаток, тоа беше последниот шанк пред пазарчето, се потрудиле ја уредиле плажата, имаат некоја тематика, убави сепариња, убаво осветлување за кога ке си седнеш навечер, мегутоа сепак треба уште многу работа.
Друга приказна се лугето што доагаат таму. Најчесто се од источниот крај од околината на Дојран,и не е дека дискриминирам некој во стилот јас сум од Скопје другиве се провинција, ама стварно ми смета кога оној што ке седне на соседната маса ми мириса на пот и плескавица со кромид.Не е дека нема да се видат убави, дотерани, културни луге, ама 80 % се овие првиве што доагаат од нива на плажа. Бљак.
аууууууууууууууууу пази ме јас сум од Скопје !!!!!!!!!!!!!!!!!!!! За разлика од Скопјани Шо се тепаат на зелен пазар за расипаните крставици некој јаде здрава храна, ако не се тие на ниваке плакаш увозни патлиџани со гратис ешерихија..!! срамота..засрами се
 
M*O*N*A

~*Kitekatus*~
Член од
20 јуни 2007
Мислења
99
Поени од реакции
31
аууууууууууууууууу пази ме јас сум од Скопје !!!!!!!!!!!!!!!!!!!! За разлика од Скопјани Шо се тепаат на зелен пазар за расипаните крставици некој јаде здрава храна, ако не се тие на ниваке плакаш увозни патлиџани со гратис ешерихија..!! срамота..засрами се
Немам за што да се засрамам, тое е мое мислење.На крајот на краиштата немаш право да ми судиш ако не ме знаеш, а посебно не врз основа на еден коментар
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Немам за што да се засрамам, тое е мое мислење.На крајот на краиштата немаш право да ми судиш ако не ме знаеш, а посебно не врз основа на еден коментар
Секако и јас ќе му се придружам на твоето предходно мислење. Нештата кои ги имаш наброено се во најголем дел виновни за нарушувањето на она кое би можело да создаде идеална слика за Дојран во секој поглед. Луѓе кои не посетиле друга туристичка дестинација во земјава или надвор од нејзе можат и да не сложат со ова мислење, но јас останувам на тоа да го делам ова мислење кога зборуваме и за негативните нешта.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.178
Поени од реакции
81.257
Знае ли некој дали има хотел у Дојран што работи нормално, да не е само за гости од казино.
Го меркам Дојран за втор одмор оваа година, па ме интересира нешто со јадење у комбинација.
Галеб, ЕИ ниш, Бетон, Славија... постојат ли? Работат ли?
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Знае ли некој дали има хотел у Дојран што работи нормално, да не е само за гости од казино.
Го меркам Дојран за втор одмор оваа година, па ме интересира нешто со јадење у комбинација.
Галеб, ЕИ ниш, Бетон, Славија... постојат ли? Работат ли?
Хотел Полин е добар хотел во Дојран
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.178
Поени од реакции
81.257
^Да, фала ти.
Го најдов и јас сајтот на Полин (тој е веројатно ЕИ Нниш, што беше порано ), али никако не можам по нетов да најдам било какво контакт инфо за другиве хотели у градот (што ги спомнав погоре). Освен Истатов кој не е у градот.
 
blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
Пробај јави се во туристичко информативниот центар таму секако имаат контакти од хотелите,телефонот е
034-225-277..
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
^Да, фала ти.
Го најдов и јас сајтот на Полин (тој е веројатно ЕИ Нниш, што беше порано ), али никако не можам по нетов да најдам било какво контакт инфо за другиве хотели у градот (што ги спомнав погоре). Освен Истатов кој не е у градот.
Mислам дека се сменети имињата, еве уште некој хотел погледни и информација плус околу сместувачките капацитети.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Хотел Полин е добар хотел во Дојран
Минатиот месец престојував во „Полин“ на една вечер. Се сместив околу 20 часот навечер и ми требаше само место за да преспијам. Ноќевањето го платив 500 денари. Бидејки трбаше во 21 веќе да бидам на една забава во рибникот „Елита“ во насока на Богданци, немав време да се средувам премногу, но забележав дека нема вода во купатилото(ни студена). Му кажав на рецепционерот и заминав на забавата со надеж дека проблемот ќе биде решен кога ќе пристигнам. Ништо од тоа не се случи. Утрото, по куса расправија си платив и си заминав крајно незадоволен од хотелската услуга. Важно, собите им беа тазе „избелувани“ ;)
 
Зависи каков цреп ќе ти се погоди :icon_lol:
Два пати сум била во Полин и сум презадоволна од услуга, љубезност, хигиена, храна.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Зависи каков цреп ќе ти се погоди :icon_lol:
Два пати сум била во Полин и сум презадоволна од услуга, љубезност, хигиена, храна.
абе шо мајка барате во бара не е ејзеро Дојран елате во Охрид поефтино е :)), за Македонка ќе ми биде гостинка :)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
абе шо мајка барате во бара не е ејзеро Дојран елате во Охрид поефтино е :)), за Македонка ќе ми биде гостинка :)
Вие се плашите да не ви го испијаме енѕероно :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom