Нова социјална мрежа на Microsoft?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.445
Поени од реакции
35.221
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Неодамна на страницата www.socl.com по грешка се појави насловната страна на новиот проект на Microsoft, која беше веднаш тргната и заменета со извинување. Според тоа што е забележано, многумина претпоставуваат дека и Microsoft нема да остане пократко и ќе исфрли своја социјална мрежа.



Во четвртокот вечерта на краток период на страницата socl.com, која Windows maker ја поседува од 1998 беше прикажан сервис наречен „Tulalip“. Поздравната порака на страницата објаснува дека „со Tulalip можете да најдете сè што ви треба и да споделувате што знаете побрзо од кога и да е.“

Ставајќи акцент на зборовите „најди“ и „сподели“, се претпоставува дека ова ќе е ударот кој Microsoft сака да го возврати на Google после претставувањето на нивната социјална мрежа „Google +“.

Microsoft ги одрекува „обвинувањата“ за нивна социјална мрежа, тврдејќи дека тоа е интерен дизајн проект на еден истражувачки тим на Microsoft кој бил по грешка објавен јавно. Тоа е вметнато и во пораката која сега може да се најде на веб страната: „Ви благодариме што навративте. Socl.com е интерен дизајн проект на тим од истражувачкиот дел на Microsoft кој беше по грешка објавен. Не беше намерно, искрено.“
thanks.jpg


Што мислите вие, дали корисниците се подготвени за уште една нова социјална мрежа? Дали Microsoft „готви“ ваков проект или се работи за случајност?

via Kajgana
 
Да не може да постигне човек :icon_lol: Подготвени се инаку, како не би биле, само дали ќе им се допадне е работата, ФБ беше полн погодок.
 
Се согласувам со тоа дека Мајкрософт нема да остане покусо и ќе извади нешто, чудно досега што не извади!
 
Хммм... Мајкрософт има инвестирано во Фејсбук и со нив има склучено некој договор како што знам јас. Која е поентата да креираат сопствена мрежа? Може да биде нешто за поврзување на нивните корисници, нешто со Xbox профили и сл. тракатанци. Како и да е, сигурен сум дека ќе фејлне... Мада не ме ни интересира, и онака сум си ја Линукс јузер. :sneaky:

И сега гледам на сликата дека за најава има fb и twitter копче. Што е финтата? „Зачлнете се на нашата социјална мрежа со акаунтите од нашите противници“. :)
 
Добро е да има повеќе социјални мрежи, поголема конкуренција - ќе има повеќе надоградувања и усовршувања меѓу конкурентите и услугите ќе бидат се подобри во корист на корисниците.
Сепак не и предвидувам блескава иднина на новата социјална мрежа. Секое чудо за 3 дена, ќе има на почетокот членови кои од љубопитност ќе ја разгледаат но од нив 30% ќе станат неактивни за кратко време.
 
Ако ако, нека се множат социјалниве. Кој што сака нека каже, ако не си зависен од нив и ги користиш во нормална мера, стварно многу помагаат и за организација и за праќање на масовно известување и за информирање а богами и за одржување контакти со луѓе кои долго време ги немате видено.

И да е и да не е во план да се објави, сепак имаат интересна замисла и можеби треба да ја реализираат. А ако сакаат да го возвратат ударот на Г+, поубаво е сега додека Г+ уште нема заживеано како што треба:)
 
Со тоа што и Скајп им е у раце и те како можат ко со шлепер да ги прегазат останатите.
 
Со тоа што и Скајп им е у раце и те како можат ко со шлепер да ги прегазат останатите.
Пф..они треба да се среќни со виндоусот и да фураат со него као главен производ а не да пробуваат да смислуваат нови наливи на пари. Нишо нема да напраи мрежава поради нејзината апатичност.
 
Пф..они треба да се среќни со виндоусот и да фураат со него као главен производ а не да пробуваат да смислуваат нови наливи на пари. Нишо нема да напраи мрежава поради нејзината апатичност.
Не треба да се подценува непријателот нели? :sneaky:
 
Таков е бизнисот, секој сака да добие дел од залагот што и е нормално. Јас сум радосен затоа што Фејсбук секојденвно опаѓа и опаѓа, во моментот станува пополуран позаостанатите држави, меѓутоа во Америка е во константно опаѓање. И се разбира дека ќе се појават нови социјални мрежи, факт е дека луѓето и не можат да живеат без нив, ни ги всадија во нас и не не пуштаат. Како сака нека се вика голем дел од народот не можат без нив. Google+ се уште е во тест верзија и не е официјално излезена меѓутоа веќе има над 5 милиони членови, интересно ќе биде во наредниве неколку години. Мајкрософт мислам дека ќе ја промовира за една година кога веќе ќе почне борбара помеѓу Facebook i Google+ а ќе има борба сигурен сум .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom