Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.216
- Поени од реакции
- 34.484
Неодамна на страницата www.socl.com по грешка се појави насловната страна на новиот проект на Microsoft, која беше веднаш тргната и заменета со извинување. Според тоа што е забележано, многумина претпоставуваат дека и Microsoft нема да остане пократко и ќе исфрли своја социјална мрежа.
Во четвртокот вечерта на краток период на страницата socl.com, која Windows maker ја поседува од 1998 беше прикажан сервис наречен „Tulalip“. Поздравната порака на страницата објаснува дека „со Tulalip можете да најдете сè што ви треба и да споделувате што знаете побрзо од кога и да е.“
Ставајќи акцент на зборовите „најди“ и „сподели“, се претпоставува дека ова ќе е ударот кој Microsoft сака да го возврати на Google после претставувањето на нивната социјална мрежа „Google +“.
Microsoft ги одрекува „обвинувањата“ за нивна социјална мрежа, тврдејќи дека тоа е интерен дизајн проект на еден истражувачки тим на Microsoft кој бил по грешка објавен јавно. Тоа е вметнато и во пораката која сега може да се најде на веб страната: „Ви благодариме што навративте. Socl.com е интерен дизајн проект на тим од истражувачкиот дел на Microsoft кој беше по грешка објавен. Не беше намерно, искрено.“
Што мислите вие, дали корисниците се подготвени за уште една нова социјална мрежа? Дали Microsoft „готви“ ваков проект или се работи за случајност?
via Kajgana