Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Убаво Девина што го сподели ова тука на форумов. Нема да навлегувам во соништата и нивното толкување оти не сум Ониромант.1 сон: пред околу 22-23 години: Сонував дека талкам низ магла, облечена сум во бела облека, носам искунат чевел и притоа, доаѓам до некоја Црква. Таму ме сретнува поп и ми дава - пари. Попот ми рече:„ Ова ти се пари за чеиз“
Мое толкување: Сега по толку години, мислам дека попот го претставува Господ, а парите што тој ми ги дава за чеиз е всушност мојата вера во Господ со која сум влегла во новото семејство, во кое сега сум мажена. Таа вера, која ми дава насока и според која си го уредувам животот, постапките кои ги преземам или ги планирам е најголемото богатсво (чеиз) што го имам или што воопшто сум можела да го добијам (а сум го добила благодарејќи на Божјата милост).
2 сон:
Се наоѓам надвор од планетата земја, во некое место, што личи на пештера, во кое се собрани луѓе кои носат бела облека. Нивните облеки се бели наметки, тоги и личат на оние што сум ги гледала од сликите – такви облеки носеле апостолите во минатото. Сепак, знам дека не се луѓе, туку духовни суштества – ангели. Ниту јас во сонот не сум човечко, туку духовно суштество. Лебдам високо во воздухот и набљудувам одозгора она што се случува во пештерата. Слушам групата како разговара, но не знам – не разбирам, што. Еден од нив е Исус, тоа ми е сосема јасно во сонот. Тој ги убедува нешто другите, но не успева да ги убеди. Тој ги советува нешто добро, но тие се лути, и не прифаќаат совет од Него. Одненадеж, тие се раздвижуваат, се разлетуваат. Од тоа сваќам дека се наоѓам некаде на небото, каде што се собираат ангелите / духовните суштества. Во еден миг, тие ме забележуваат и мене. Всушност, добив слика на темнинаво вселената и огромно Око, ширум отворено како ме гледа. Се чувствувам исплашена, многу ми е нелагодно и речиси во истиот момент, брзо како струја (поточно, со брзина на светлоста) се враќам дома, во реалниот живот, на планетата Земја. Така исплашена, влегувам во куќата и заштитнички ги гушнувам двата мали сина (тогаш 3 и 5 г). Речиси во истиот момент на вратата се слуша тропање, слушам како Некој силно чука 3 пати. Јас премирам од страв, се плашам дека злото ми тропа на вратата.
Мое толкување: Сега разбирам дека огромното Око кое ме гледа е симбол за Господ. Неговото Око е тоа, кое се гледа и се знае, ништо не му одминува, а да не го забележи. Господ меѓу мношвото луѓе на овој свет ме има забележено и мене. Тоа што се плашам е всушност страв да не му згрешам на Господ. Се надевам дека тој страв ќе ме држи цел живот, за да не му згрешам на Господ. Господ Исус Христос тропнал на вратата, која е симбол на моето срце (како што тој тоа симболично го кажува во Библијата). Со цела душа, срcе и ум Господе ти велам: Ја отворам вратата од моето срце! Всели се таму и изгори го секој грев од мене! Те молам!
3. Сон - Тоа е одговор на Господ на моите молитви, во една непријатна семејна околност. Молев за спас и оздравување на свекрва ми, која пред 8 год. беше болна од рак. Во сонот, Огромно Суштество (Свети Петар или Господ) ми рече: „Запишано е до 63“. - Кога свекрва ми почина, таа навистина имаше 63 години.
4. сон - јули 2010 - Дејството на сонот се случуваше ноќе. Јас седев во воз со отворен вагон, кој се движеше нагоре во воздухот и за кратко време беше надвор во вселената. Од местото каде што седев, се завртив, погледнав назад и ја видов сината планета Земја како лебди во темниот простор во вселената. Чувствував дека до мене седеа некои членови од моето семејство, но во сонот јас не можев да видам кои беа тие. Додека возот се движеше нагоре во вселената, јас видов еден темен облак како ја завиткува планетата Земја и знаев дека најтешките маки почнуваат за жителите на Земјата. Јас се чувствував безбедна во вагонот, но ми беше жал и бев тажна, затоа што некако знаев дека во возот не беа сите луѓе од моето семејство. Набрзо потоа, јас се разбудив. Сонот траеше кратко, но беше исполнет со многу емоции и ми остави силен впечаток.Имам впечаток дека овој сон беше одговор од Господ на моето прашање - ДАЛИ ГОСПОД ЌЕ МЕ ВБРОИ МЕЃУ ОНИЕ КОИ ЌЕ БИДАТ ЗЕМЕНИ - ВОЗНЕСЕНИ. Сепак, нема да дозволам да го земам здраво за готово. Си давам обврска да продолжам да го имам Исус Христос како Централна Личност во мојот живот, за навистина да го заслужам тоа што ми се случи во сонот.
5. сон - фебруари 2011 - Дејството на сонот се случува некаде взори и траеше многу кратко. Се будам од спиење, заради некој звук кој ме разбуди. Чувствувам возбуда и очекување во сонот, додека од надвор се слушаат гласови.. Нешто како да се стресе, благ земјотрес.. Јас почнувам да лебдам и се издигнувам НАГОРЕ!!!
Мое толкување: ГО СОНУВАВ СОПСТВЕНОТО ВОЗНЕСУВАЊЕ! Самиот факт дека дејството на сонот се случуваше рано взори - ме тера да поверувам дека овој прекрасен настан навистина ќе се случи мноогу брзо!
АЛЕЛУЈА!!!
ПОСАКУВАМ ОВА ШТО ГО СПОДЕЛУВАМ СО ВАС - ДА ВЕ ПОНЕСЕ И ВАС - ОЧЕКУВАЊЕТО НА ПОВИКОТ ОД ИСУС И ВОЗНЕСУВАЊЕТО, ПО БОЖЈА МИЛОСТ - ДА ВИ СЕ СЛУЧИ И ВАМ!
Ме интересира твоето размислување за тоа дека соништата не с еод Бога, тие се од Лукавиот? Барем така тврди Црквата.
Што правиме ако во овие соништа токму Лукавиот завладеал со тебе? Те излажал едноставно?