Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
izgubiv apetit od se dosega., shto si smestivte i kade se namestivte., vashevo mi lichi na ., izrekata ., evropa bez granici:coffee:
 
Откриени најпаметните мајмуни на светот

Јапонските зоолози дошле до едно сензуално откритие, во прашумите на Африканската Гвинеја недалеку од населените места наишле на клан мајмуни чии припадници потсетуваат на интелигенти животни со способности кои досега не се пронајдени кај ниту еден друг вид на животни, кои меѓу другото изработуваат различни орудија.
Објавени се првите фотографии од оваа сензационална група на примати кои ги снимил фотографот Ануп Шах во текот на јапонската експедиција на истражувачи од Кјото.
Не е необично приматите да користат предмети од природата за да се одбранат со цел да преживеат, како и од хигиенски причини. Но, ниту еден мајмун на светот не посветува толку време во изработка на алати како шимпанзата од Босу.
Овие мајмуни ловат риби, чистат, удираат, јадат со “лажици“, мерат, собираат, подготвуваат каша и уште многу други работи со кои го надмудруваат човек и ги бркаат непријателите кои ги напаѓаат. Прават сунѓери од билки и виткаат листови од палма за да направат чаша или перниче за седење.
Истражувачот Тетсура Матсузава вели дека овој мајмунски клан користи сопствен алат во 24 различни занаети, при што женките се поспособни од мажјаците, освен кога станува збор за извлекување алги од околните рибници.
“На местата каде припадниците од еден клан поминуваат повеќе време заедно, забележуваме голем репертоар на иновации“, објаснува Карел ван Шаик, кој се занимава со истражување на животинското однесување. “Човеколиките мајмуни учат едни од други и така ја развиваат својата интелигенција“, додава тој.
Интересен е податокот дека овие интелигенти животни се движат претпазливо во сообраќајот. За да поминат една прометна улица, посилните мажи го надгледуваат теренот, погледнуваат лево и десно, а кога ќе се уверат дека нема автомобили, со рака даваат знак на женките и на нивните малечки за да поминат.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=89035&kategorija=6
 
Моја печатна грешка: мислев на механизми.
Во аналогијата не споредував живо со неживо, туку интелигентен дизајн, плански и целисходни творби.

Епа неможеш да правиш споредби на плански и целисходни творби направени од човек со преработка на материјали со битие направено од кал во вселена која е направена од ништо.

Ако градиш ќуќа ти требаат цигли и план.

Господ го направил светот од што?
 
Е ајде де... од Дух ваљда, по 16ти закон за термодинамика од дух се прави материја :pos:
 
Епа неможеш да правиш споредби на плански и целисходни творби направени од човек со преработка на материјали со битие направено од кал во вселена која е направена од ништо.

Може, може... Чекај да го видиш, само.

Ни го нема деновиве Чорбаџи - сигурно е „на одмор“, т.е. во лов на загубени души по летувалиштава...
 
Може, може... Чекај да го видиш, само.

Ни го нема деновиве Чорбаџи - сигурно е „на одмор“, т.е. во лов на загубени души по летувалиштава...

Сеа бев у Сингелиќ и го видов како пие лимунада со Омер. Надркани нешо беа двајцата и ни здраво не ми рекоа.
 
geIDK.jpg
 
LOL
А оваа тема не ви е за нормална дискусија?
Оваа ви е за спрдање?
 
Единствениот креационист мистериозно исчезна.

Ионака нема некој сериозен муабет околу креационизмот.

Така, темава си личи.
 
http://www.skeptic.com/downloads/top-10-evolution-myths.pdf

Еве едно квалитетно мини-книжуле кое концизно и прецизно одговара на оние познати „креационистички“ прашања од типот зошто сите мајмуни не станале луѓе или зошто не сме виделе ниту еден случај на еволуција...
Убаво четиво кое ги објаснува клучните постулати на теоријата на еволуцијата за сите кои се збунети од овие расправи преку различно и лаичко толкување на фактите.
 
Не знам дали е за овде ама па не знам каде да прашам...се однесува и за религиозни и за нерелигиозни.

Дали некој знае што се изучува на теолошки и филозофски? Професорот по марксизам (имаше завршено филозофски) во средно (значи системот на крајот на 70-тите) на еден час ни спомна дека изучувале и религии, теолошки доктрини...со цел да се има познавања за условно кажано противникот.
Дали ова се практикува сега, во сегашниот високообразовен систем кај теолозите, муслиманските, христијанските свештеници и филозофите односно дали теолозите и свештените лица изучуваат (без разлика факултативно или облигативно) материјалистички и други нерелигиозни филозофии и дали филозофите изучуваат теолошки доктрини, религиозни теории?
 
На филозофски во Скопје има само еден предмет, кој се учи во прва година, а се вика Филозофија на Религија. Професор е Љубомир Цуцуловски. Предметот најмногу личи на компаративна религија. Инаку, низ четирите години се учи историја на филозофијата, па низ неа се изучуваат и религиозно определените филозофи, кака Тома Аквински, Св. Августин, па со до Кјеркегор...

Сег,а ова ти се малку постари информации, но не верувам дека многу е сменето. За теолошки не знам...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom