Озил ја раскина соработката со својот менаџер !!
Везниот играч на Реал Мадрид и германски репрезентативец Месут Озил ја раскина соработката со неговиот досегашен менаџер Реза Фазели и го замени со неговиот татко Мустафа.
Фазели беше менаџер на Озил уште кога тој имаше 17 години и е одговорен за трансферите во Шалке ,Вердер Бремен и Реал Мадрид.
- Отсекогаш сум бил дел од големи одлуки на Месут или сам сум ги донесувал.Јас бев најважниот човек во неговата кариера по себе. Навистина боли тоа заминување на лично ниво.
Неговиот татко сака да се грижи за тоа и тоа е нешто што мора да го прифатам, но тоа нема да влијае на пријателство помеѓу мене и Месут, и му посакувам се најдобро во неговата кариера - рече Фазели.
Иако се уште не поднел барање до ФИФА со што ќе стане менаџер на неговиот син, на Мустафа му беше дозволено бидејќи е во родни сродства.