Вака значи... со се поголемиот развој на технологијата (која е главно развивана од големите компании кои имаат
лидерство) се повеќе човечкиот труд во потешките физички работи е заменет со машини. За кратко време, машините (роботи, машини со вештачка интелегенција) ќе ги произведуваат неопходните добра за човекот. Бидејќи на планетава има и повеќе од доволно ресурси, тоа значи дека кога ќе биде заменет овој систем, секој човек може да живее како што денес живее еден просечно богат жител од западот. Храна ќе има доволно за сите, исто и вода, уреди, апарати, гориво за да стасаш каде и да е на планетава (а во блиска иднина и подалеку) итн.
Кога би имало доволно ресурси, кои ќе ги задоволат потребите на човештвото и за истите нема да биде потрошена ни капка пот, тогаш на кој ќе му бидат потребни пари?
Со исчезнувањето на парите, исчезнува и голем дел од криминалот, но најважното е што исчезнува и МОЌТА на лидерите - владетелите, така да ги речам, кои ќе одлучуваат за одреден народ на одредена територија. Нормално, народот, благодарение на технологијата ќе има големо учество во управувањето со државата, но мора да постои некој кој ќе го координира сето тоа.
Ова комунизам се вика?
А да не заборавам, проблеми имало, има и секогаш ќе има. Исто како и војните.