Епа момци денеска беа извлечени двојките за првото коло во новата сезона од македонското првенство. Во првото коло ќе се сретнат:
Металург-Тетекс
11 Октомври-Вардар
Турново-Шкендија
Работнички-Брегалница
Напредок-Силекс
Ренова-Охрид 2004
Како фан на Вардар конечно очекувам малку поголем успех на својот клуб. Медиумите премногу ја пумпаат состојбата во клубот, па сите очекуваа трофеј уште одма но реалноста е поинаква. успех за вардар во оваа сезона ќе биде пласман во Европа.
Ситуацијата може драстично да се смени ако дојдат Ивановски, Васоски, Гроздановски, Амбурет, а остане Настевски, што е многу реално да се случи.
Од прв поглед на екипите мислев дека работнички ќе се прошета низ лигата, али искрено кога поубаво го видов составот не ми оставија некој значителен впечаток. Комбинација на искусни напаѓачи, со доста млади фудбалери и голем број на играчи кои со врски имаат дојдено до место во клубот. Најдобар потег мислам дека им е ангажирањето на Брдаровски, а ако им остане Гроздановски може да дојдат до титулата. Голем минус им е заминувањето на капитенот Никола Глигоров. И Металург е тука некаде со силината, па заедно со Шкендија го формираат триото најголеми фаворити за титулата.
Шкендија со губењето на Хасани мислам дека ќе загуби премногу. Донесоа играчи кои реално не се некоуи којзнае какви засилувања. Лани сезоната ја изиграа во еуфорија и никој не ги сваќаше како сериозна закана, додека ситуацијата годинава ќе биде сосема друга.
Одново квалитетот на лигата е слаб, па овие три тима некако се издовјуваат, но за разлика од други години од не така далечното минато, вакви состави би се бореле за средината на табелата...
Ако во Вардар пристигнат горенаведените, мислам дека и ние би биле кандидати за титулата. Да не го збаоравиме тетекс. Многу ми е мило што тимот конечно ќе живне финансиски и со најавениоте засилувања ќе може да конкурира за највисок пласман. Значи со тетекс и вардар како кандидати од позадина (само ако се случат најавените засилувања и во двата клуба) го затвопрам кругот на фаворити.
Ренова годинава ќе се потпре на млади сили и очекувам да се одржува некаде во средината на табелата. 11 Октомври би требало да направи солиден тим, и мило ми е што прилепчани одново ќе имаат тим во првата лига.
Не сум многу информиран за случувањата во Охрид, Напредок, Силекс, Турново и Брегалница, али разбрав дека Брегалница градела солиден тим, и би требало лесно да се одржи
Силекс секогаш прави солиден тим, а и турново се потпира на некои свои млади играчи па се одржува по лигата.
Типувам дека напреок ќе испадне, а ваљда Охрид би му правел друштво...
--- надополнето: Jul 11, 2011 3:45 PM ---
П.С. неможев да ги додадам Охрид во анкетата потшо немаше веќе такви опции или бар јас не најдов. Ако може некој од модераторите нека ги доададе