Добро е што имаш доверба, али пак од кај си убеден во тоа? Како мислиш државата да одумре т.е. да исчезне.. како ќе го направиш тоа?
И бај д веј грешка, исчезнување на државата не подразбира немање војска и полиција, туку подразбира немање апарат на моќ кој што ќе се одрекне од наметнатиот авторитет! Полицијата и војската се само инструменти (додуше ај да не речам инструменти, него поише као последица на стравот стекнат од апаратурата која што располага со моќ - власта, а кои подоцна прераснале во инструментариум).
Така да еве ќе ти помогнам, тоа би се постигнало кога ќе се откажеме од авторитетот, кој што помеѓу другото е стекнат.
Еве ти една вистинита „приказна“ - Дошол „нашиов“ Аце среде Атина, ги покорил ебачов Грциве, и шетал низ улици. Го сретнал Диоген (кој инаку се смета дека е првиот анархист иако не се нарекувале така бидејќи Диоген бил Киник) и му рекол: Ајде сега Диогене опкори се пред мене, станав ваш цар! И овој мада-факава, Диоген, го погледал и му рекол: А кој си ти? Ај те молам тргни се, ми пречиш, од тебе не можам да го гледам сонцето! - И овој „нашиов“ си завртел опаш и му ја здувнал...( „прикаскава“ не е баш во детаљи, но отприлика вака оди).
Е сега едно прашање до тебе, како ти ќе се ослободиш од туѓиот авторитет, со оглед на фактот дека си верник, а судечи по коментарите што ги даваш, веруваш дека постои некое битие Бог, и судечи по фактот дека Бог, сам по себе е авторитет?
позз