Евтини авионски карти

  • Креатор на темата Креатор на темата Kangaroo
  • Време на започнување Време на започнување

а ти мислиш дека можеш денес за утре да купиш карта од 25 евра?
Ај иди таму септември октомври и види ги цените...

Ефтините карти во сите компании се со месеци унапред купени а не 20 дена пред да тргнеш, така во ни една агенција или авио превозник нема да најдеш евтина освен ако ден пред полетување авиионот не е полн па може да дадат некои тикети со попуст.
 
Аха, аха :)
Јасно :)
Фала :)
Врска неам како идат работиве, само чув и се улетав како шо би напраил секој друг :)
 
Неколку слики од првиот лет Лондон-Скопје...како што читам по интернетов двата лета(напред/назад) биле полни до даска! :)



Uploaded with ImageShack.us


Uploaded with ImageShack.us

Uploaded with ImageShack.us
 
Со „Виз Ер“ до Лондон и Венеција за 26 евра

wizzair.jpg


Македонските граѓани за 26 евра може да патуваат до Лондон со ниско буџетската авиокомпанија „Виз Ер“која влезе на македонскиот пазар од средината на овој месец. Во цената е вклучена и аеродромската такса, а од 20 септември од компанијата најавуваат и летови за Венеција.
Засега остануваат на овие две дестинации, но од менаџерскиот тим на авиокомпанијата посочуваат дека се разгледуваат и други можни дестинации, но оти прво мора да се видат резултатите од оваа почетна фаза.
- Оваа фаза е многу важна за да видиме како ќе се одвиваат работите со овие две дестинации. Постојат многу нови идеи и разгледуваме многу опции, но најнапред мора да видиме дека понудата функционира. Внимателно ќе извршиме евалуација на можните нови дестинации. Имаме список со можни дестинации, но мора пред се да се земе предвид побарувачката и трошокот за нашето оперирање, истакна генералниот комерцијален директор на „Виз Ер“ Георги Абран на денешната прес-конференција на скопскиот аеродром.
Според директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Дејан Мојсовски, влезот на „Виз Ер“ на македонскиот пазар е доказ дека потенцијалот на воздушниот транспорт во Македонија е добар и оти има нагорен тренд за што говорат и статистичките податоци за зголемување на бројот на патници за над 20 отсто во изминатите месеци.
- Како Агенција за цивилно воздухоловство ги поддржавме сите активности во насока на развојот на воздушниот сообраќај и направивме напори за регулаторните и административните промени со цел да се овозможи што повеќе авиокомпании да оперираат на повеќе дестинации. Доказ за тоа е зголемениот број на авиокомпании кои ќе оперираат ова лето, рече Мојсовски.
Од менаџерскиот тим на ТАВ Македонија најавуваат нови летови за претстојната летна сезона. Така од јули ќе оперираат Air Belin до Цирих, XL Airport кој ќе лета еднаш неделно од Дизелдфорд, италијанската Ber Air четири пати неделно од Анкона и Венеција, а од средината на август турската Пегасус трипати неделно од Истанбул и двапати неделно од Измир.
Првиот човек на ТАВ аеродромите Мурат Орникол најави и завршување на реконструкцијата на скопскиот аеродром пред планираниот рок, односно до 8 септември - Денот на независноста на Македонија. Според концесискиот договор, реконструкцијата на скопскиот аеродром требаше да заврши до 21 октомври.
„Виз Ер“ е основана пред седум години, во 2004 година. Ја покрива речиси целата Европа со евтини летови. Оперира на воздушниот простор во осум држави меѓу кои Унгарија, Бугарија, Украина и Чешка, а најприсутни се во Полска и Романија. Од годинава почнале со работа и во Србија и Балтичките држави. Авиокартите се купуваат исклучиво преку интернет. Минатата година имале 10 милиони патници, а за годинава очекуваат околу 11.000 патници. Располагаат со 37 воздухоплови „ербас 320“ со 180 седишта, а бројот на вработените е 1.450.

http://www.abctv.mk/aaaa/AB KANAL/stranici/VESTIekonomija4.html
 
Барав повратна авио карта од 20 Јули до 4 Авгсут, Скопје - Цирих, и најевтино што најдов е 270 евра... што мислам дека е прескапо. Ако знае некој поевтино не пиши. :)
A може и Скопје - Штутгарт... ако е поевтино. :$
 
Па од Скопје до Париз е 30 евра..
 
Кога пуштија лет виз од Париз?

Relativno e toa, vo radius od 200km od Pariz, za low cost carriers se e Pariz !!!
A Luton e London...hahahhaa
Ednas trebase da odam za Zagreb koj vo verzija na Rajan er bese vo ispolnenie na Zadarskiot aerodrom :D pa si okapav cel den vo Zadar pred da fatam bus za nagore...ali jebi ga, 45 evra...ili vo prevod duplo so site gluposti na relacija Zd-Zg...:D
 
Ми треба најефтина карта за до Торонто, Канада. Каде можам да побарам освен на expedia i eDreams ?
 
Patuval nekoj preku wizzair pa da spodeli iskustvo...
од зимата до сега имам летано 4 пати и можам да кажам дека се доста професионални. се беше во ред, немаше никакви „авантури„ и тоа... во цената шо ке ја платиш, немаш вклучено ниту едно кафе ами се шо сакаш можеш да си купиш ама од твој џеб. за да можеш да налеташ на ефтина карта ти препорачувам да си закажеш најмалку 2 недели пред датата на која сакаш да патуваш. се надевам дека ти створих една идеа за тоа како е со нив. позз
 
400 Евра личи супер ама не биле вклучени аеродромски такси, каде можам да видам колку се ? Некако ми се чини дека ќе бидат 400 евра и тие.
 
400 Евра личи супер ама не биле вклучени аеродромски такси, каде можам да видам колку се ? Некако ми се чини дека ќе бидат 400 евра и тие.
Може да бидат и повеќе :)

Мој братучед најде карта за САД за 350 евра и кога му кажаа дека треба да плати 800 евра аеродромски такси се откажа!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom