Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
Ист резултат како тебе и јас имам добиено по македонски јазик, но не планирам да поднесувам приговор бидејќи се' уште немам видено случај како тебе (и да видам не би приговарала). Точно е дека е сомнително на прв поглед со оглед на тоа што некои со перцентилен ранг 60 имаат 4-ка, а јас со 86.35 пак 4-ка; други пак со 88 - 5-ка. Малку е неправедно, ама знаеме дека перцентилниот ранг се одредува просечно, на ниво на сите матуранти кои полагале така да и логично е да постои различна разлика меѓу различни оценки.

Ако размислиме од страна на тоа дека најмногу може да се освојат 10 поени, исто логично би било за секоја оценка соодветно да се освојуваат по два поена. Јас имам освоено заокружено 7 поена и имам 4-ка. :rolleyes:

(Е1 x 2) x Пр/100
(4 x 2) x 86.35/100 = 6.9 (заокружено 7)

(5 x 2) x 88/100 =8.8 (заокружено 9)

1-2 (1)
3-4 (2)
5-6 (3)
7-8 (4)
9-10 (5)

Ова е според некоја моја логика. :unsure:

Се извинувам немам видено со 60, туку 69 (моја грешка).

Еден другар по македонски со 52 перцентили имаше 4ка...Од 50 нагоре е 4ка али ај, тоа е :/
 
I jas na medicina so 99.1 taka nesto.. Kako sto gledam mnogu konkurencija ke ima ovaa godina.....
 
Некој од ланските матуранти сакам да ми одговори на следново прашање...Планирам да поднесам приговор по македонски јазик. Имам 4ка со 86.35 перцентили, додека едно другарче со 88 перцентили имаше 5. Може нешто да се издејствува ако поднесам приговор или пак да оставам вака...?

Јас англиски имам 89,24 .. 4ка .. моја школска има 90,18 има 5ка , ми идеше да се самоутепам xD .. али то е то .. инаку севкупно имам 92-93 поени .. кој знае дали ке ме примат на полициска ....
 
83.462 поени.

Дали имам шанси да ме примат со овие поени на медицински смер Физиотерапефт??!!
 
83.462 поени.

Дали имам шанси да ме примат со овие поени на медицински смер Физиотерапефт??!!
добро бе на медицински факс ви личи форумов ? Конкурирајте си на 15 авг. па ќе видите .
Сте запнале сите дали ќе ме примат ваму ,онаму ...таму...стрпение спасение :)
 
Дојди на електроенергетика на Електро. Не само што ќе влезеш во државна, ќе имаш шанси за стипендија од ЕВН и веќе во трета на факултет ќе имаш големи шанси за работа :)
извини можеш да ми кажеш нешто повеќе за тој смер
 
Дојди на електроенергетика на Електро. Не само што ќе влезеш во државна, ќе имаш шанси за стипендија од ЕВН и веќе во трета на факултет ќе имаш големи шанси за работа :)

Јас едно време размислував таму да се префрлам иако сум во државна на ики. Ми рекоа дека ќе ми ги признаеа сите положени предмети дури и тие што не се во склад со тој смер како изборни. Ама не знам, ризик јак. :D
--- надополнето: Jul 11, 2011 12:41 AM ---
извини можеш да ми кажеш нешто повеќе за тој смер

Што повеќе освен дека многу полесно си поминуваат тие студенти во оценување отколку на другите смерови (поточно Ики, Ксиа, Тк). Барем така имам слушнато.
 
извини можеш да ми кажеш нешто повеќе за тој смер

Некои испити дури и преку семинарски ги поминуваат, кај нив има поени од присуство на предавања и вежби и полесно им е, кај нас на ИКИ а и на КСИА, ТК а си бил а не си бил исто ти е.
--- надополнето: Jul 11, 2011 12:48 AM ---
Јас едно време размислував таму да се префрлам иако сум во државна на ики. Ми рекоа дека ќе ми ги признаеа сите положени предмети дури и тие што не се во склад со тој смер како изборни. Ама не знам, ризик јак. :D
--- надополнето: Jul 11, 2011 12:41 AM ---

Што повеќе освен дека многу полесно си поминуваат тие студенти во оценување отколку на другите смерови (поточно Ики, Ксиа, Тк). Барем така имам слушнато.

Леле истава дилема и јас ја имав пред некое време ама што знам, на ИКИ сакав уште од прва средно :Р
 
Би примиле на електро , телекомуникации, со екстерни предмети Македонски , Англиски, и интерни Филзофија и Социологија или тешко ?
 
Би примиле на електро , телекомуникации, со екстерни предмети Македонски , Англиски, и интерни Филзофија и Социологија или тешко ?

На втор уписен.
 
Ако 400 евра се најефтини у свет за нашиот стандард,квалитет и просперитет, ондак само за споредба да ви кажам...
Во Данска на еден универзитет 6000 евра ви е партиципација од една година, а просечна плата на данец е 4070 евра и кога еден студент би завршил таму 99.9% се шансите дека ќе најде работа, а не како кај нас...
 
Како е можно да сум положил со 4 а имам 43.02 перцентили.. ве молам некој да ми ја објасни повеќе оваа работа со перцентиливе... затоа што ич логика ми нема целава работа...
 
Некои испити дури и преку семинарски ги поминуваат, кај нив има поени од присуство на предавања и вежби и полесно им е, кај нас на ИКИ а и на КСИА, ТК а си бил а не си бил исто ти е.
--- надополнето: Jul 11, 2011 12:48 AM ---

Леле истава дилема и јас ја имав пред некое време ама што знам, на ИКИ сакав уште од прва средно :Р
Vie ste sea na Finki ne se mesajte u stipkite na elektro :P :P :P
--- надополнето: Jul 11, 2011 8:50 AM ---
Некои испити дури и преку семинарски ги поминуваат, кај нив има поени од присуство на предавања и вежби и полесно им е, кај нас на ИКИ а и на КСИА, ТК а си бил а не си бил исто ти е.
--- надополнето: Jul 11, 2011 12:48 AM ---

Леле истава дилема и јас ја имав пред некое време ама што знам, на ИКИ сакав уште од прва средно :Р
Inace sea i jas sum u ista na dilema samo sto sum jas na TK :) da se bide ili ne :)
 
Честитки на сите што си положија и се задоволни од матурата :)
Е сеа,и јас сум во трилема за факултетиве. Како нов факултет годинава, на Финки бааги голема ќе била конкуренцијата и се очекува се да биде пополнето во прв уписен рок,т.е дека можи да не се распише втор. Јас имам 94.905 поени од матура и не знам баш дали се доволни...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom