Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
R.I.P. my Bike :( :( :(
Собирам пари за нов, стариот го испратив пред некој ден... :(
 
Се канам утре да отидам да си купам точак...

Разгледав на 2-3 места, и најверојатно ќе земам Drag за околу 12.000 денари. Кај универзална, до Вучко, кај тој чичкото - како и да се викаше :)

Точаков ми е за онака, од овде - до одне да ме однесе, чисто рекреативно, ваљда ако соберам храброст ќе се испробам и до средно да се качам, иако тешко да ќе стигнам до таму :) Али тоа отом-потом...

Ако некој видел нешто слично за овие пари од прилика +/- некоја илјадарка, слободно нека предложи.
Со другар бев искочен кога разгледувавме, он повеќе се разбира, јас малце сум изгубен коа станува збор за точаци... Он ми кажа од се тоа што видовме, најдобра варијанта за тие пари бил Драг-от.

Друга работа, ме интересира околу најдобри локации за возење во градов?
Глеам за на стаза има поделени мислења, гужва и сл. Колку километри се од мостот у Влае до аеродром?
 
Од почетокот на стазата во Влае,до мостот близнак во Ново Лисиче ја измерив 11км .
Патеката си е супер,само оној дел кога ке треба да се искачиш баш кај плоштад и кај кафичите мене не ми се свига,ама што да праиме ке потрае уште некој период :)
 
Се канам утре да отидам да си купам точак...

Разгледав на 2-3 места, и најверојатно ќе земам Drag за околу 12.000 денари. Кај универзална, до Вучко, кај тој чичкото - како и да се викаше :)

Каков Драг? Драг ОНЕ, Гризли или?
 
Да ја освежам темава малку.Еве го мојот миленик.Го имам веќе три години и не се одвојувам од него...

spa0488.jpg
 
Attachments

  • scottface2.jpg
    scottface2.jpg
    314,8 KB · Прегледи: 14
Што се случи?

Му помина рокот, доста ме служеше 5 години време е за нов се размонтира тотално душата му ја вадев, ќе го носам на отпад со други ствари за да земам пари да купам нов, поскап и подобар... А ако купам прво тука ќе се пофалам и постирам слика од новиот, здравје..... :( :)
--- надополнето: Jul 10, 2011 7:51 PM ---
НЕНОРМАЛНО ДОБРО ВИДЕО....

Еве едно и од мене :)
 
Се канам утре да отидам да си купам точак...

Разгледав на 2-3 места, и најверојатно ќе земам Drag за околу 12.000 денари. Кај универзална, до Вучко, кај тој чичкото - како и да се викаше :)

Точаков ми е за онака, од овде - до одне да ме однесе, чисто рекреативно, ваљда ако соберам храброст ќе се испробам и до средно да се качам, иако тешко да ќе стигнам до таму :) Али тоа отом-потом...

Ако некој видел нешто слично за овие пари од прилика +/- некоја илјадарка, слободно нека предложи.
Со другар бев искочен кога разгледувавме, он повеќе се разбира, јас малце сум изгубен коа станува збор за точаци... Он ми кажа од се тоа што видовме, најдобра варијанта за тие пари бил Драг-от.

Друга работа, ме интересира околу најдобри локации за возење во градов?
Глеам за на стаза има поделени мислења, гужва и сл. Колку километри се од мостот у Влае до аеродром?

Едно другарче мое баш сеа скоро, пред две недели негде зема Drag и е доста задоволен.
6_wcq55h27.jpg

Значи овој е моделот само зелени му се натписите не се портокалови како на сликата :)

А за возење ако планираш на патека овој период ти препорачувам да идеш што порано ако преферираш брзо темпо,јако возење.Бидејќи после 19:30 на патека е тргни застани,премногу гужва и позери :) :) Има и друга варијанта ама уште јас ја немам пробано,од другата страна на Вардар е средена патеката,нема гужва воопшто по тоа што можев да видам, така да доколку не сакаш да се печеш (да излегуваш порано за да возиш како што треба),вреди да се проба новава патека :)
 
Дечки кој мењач е подобар шимано или Срам ??
 
Се канам утре да отидам да си купам точак...

Разгледав на 2-3 места, и најверојатно ќе земам Drag за околу 12.000 денари. Кај универзална, до Вучко, кај тој чичкото - како и да се викаше :)

Точаков ми е за онака, од овде - до одне да ме однесе, чисто рекреативно, ваљда ако соберам храброст ќе се испробам и до средно да се качам, иако тешко да ќе стигнам до таму :) Али тоа отом-потом...

Ако некој видел нешто слично за овие пари од прилика +/- некоја илјадарка, слободно нека предложи.
Со другар бев искочен кога разгледувавме, он повеќе се разбира, јас малце сум изгубен коа станува збор за точаци... Он ми кажа од се тоа што видовме, најдобра варијанта за тие пари бил Драг-от.

Друга работа, ме интересира околу најдобри локации за возење во градов?
Глеам за на стаза има поделени мислења, гужва и сл. Колку километри се од мостот у Влае до аеродром?

Искрено, за Drag-от немам некое мислење, значи Бугарска фирма со низок до среден квалитет. Е сега ако можеш да додадеш уште 2-3 илјади муабетот е друг. Тука веке имаш точаци од некои светски брендови. Бидејќи викаш дека ке го возиш повекето време низ град тогаш можеш да размислиш и за хибрид, тоа е нешто слично на mountain bike само со мазни (тенки) гуми и помал од на виљушката. Дали провери во Bike Market кај фонтана (Merida точаци)?? Имаат одлични цени и голем избор на точаци. Би те советувал да поминеш да ѕирнеш. Во најмала рака имаш Schwinn точаци во Вучко од 11-14 илјади денари кои според мене се подобри од Drag-от.
--- надополнето: Jul 15, 2011 7:48 AM ---
Дечки кој мењач е подобар шимано или Срам ??
Зависи од која класа и до колку пари.
 
Да не има некој за продавање виљушка со стем и волан?
По можност нешто поефтино :)
Bump Најдов стем и волан некој да не му се наоѓа виљушка Dart1 или 2.

Ps: Кој сака може да се придружи на вожна до средно и од средно до крст со жичара и надоле спуст по патекава на видеово не е стрмна а доста брза и не бара кој знае каков точак ја ја спуштам со Drag Hacker со стандард виљушка (n)
 
Слушај ако можеш да си дозволиш подобро купи си минимум Rock shox Tora, батали Dart 1,2,3 не трпат многу мачење и трескање, од искуство ти зборам. А инаку патекава е одлична и ептен сакам да ја пробам само што пекол е времево надвор, не е некако за качување.
 
Ја треба да купам точак ова за периодов ми треба виљушка за два три месеци ке купам асален точак.
Иначе ако си за возење во вторник (во понеделник не работи жичарата) накај 6 саат таман е за возење башка посвежо е нагоре.
 
6 сабајле?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom