Работнички по нова евро победа...
"Најтешко е кога се играат т.н. однапред добиени натпревари. Затоа треба овој двомеч да го сватиме 100% сериозно и уште вечерва да ги разрешиме сите дилеми" вели напаѓачот на "романтичарите" Крсте Велкоски
Работнички вечерва во Сан Марино, во месноста Сера Вале на стадионот "Олимпико" во рамките на првиот меч од 2.квалификациско коло ќе му гостува на Јувенес Догана. Аматерски тим кој и покрај се не смее да се потцени. Далеку од тоа дека момците на стратегот Горан Петрески треба да стравуваат но мала внимателност секако дека не е на одмет. Се знае кој ја има улогата на апсолутен фаворит, да не говориме каде е разликата во квалитетот, па ако сакате и разликата во рејтингот на двата клубови.
ЈУВЕНЕС ДОГАНА - РАБОТНИЧКИ
Стадион: "Олимпико" во Серавале (Сан Марино). Капацитет: 7.000. Почеток: вечерва, 20:30 часот. Судија: Хју Џонс (Велс).
ЈУВЕНЕС ДОГАНА: Монтанари, Бабони, Роси, Марзоки, Ренци, Каминати, Гали, Чечи, Сантини, Фантини, Гамберини.
Тренер: Алберто Манца.
РАБОТНИЧКИ: Димитриевски, Богдановиќ, Ќумбев, Стојанов, Лазаревски, Тодоровски, Д. Велкоски, Вујчиќ, Петровиќ, Маневски, Велкоски.
Тренер: Горан Петрески.
извор:Македонски Спорт