Па ете тоа те прашувам, зашто ако си љубител на животни, си против другите животни освен мачки и кучиња. Зарем не ти е жал за другите животни...што ти скривиле глувците?
еутаназија вршат кога после одреден период не ги вдомуваат. А се врши низ цела Европа, не е наша измислица. Затоа и немаат кучиња на улица (освен балканите и чат пат медитеранот).
Ако си била ќе знаеш дека на ист начин се справуваат со кучињата без разлика на нијанси (черити, волонтери...). Што на крај краева би волонтирал некој за кучиња? Што би му било работа...хранење, чистење? Тоа не го решава проблемот со уличните кучиња. Напротив, еутаназијата (покрај побезбедна околина) многу од нив ќе спаси од уличните проблеми и болести. Зарем тоа не е похумано? Ако се лутиш некому, тоа се оние луѓе кои ги фрлаат тие кучиња на улица, а не на оние кои се за омамување, анестезија и безболно вечно заспивање.
кој не ви дозволува? колку што знам, една форумџика планираше хотел за кучиња, нигде не спомена дека не и дозволуваат.
не знам од каде овие информации, но да горат живо месо дали знаеш до каде би се осеќал смрад? Ако е сликата ваква, ако ова беше вистина, тогаш ќе немаше толку кучиња по улициве.
не сме у џунгла. Ај да ги пуштиме и мечките и волците да шетаат низ населени места оти биле корисни за екосистемот.
Дали провери во кои држави се споменува проблемот со кучиња? Хаити, Индија, Турција, балканот...ниеднаш не се споменати Луксембург, Белгија, Холандија, Норвешка...зошто?
Луртз вадиш од контекст!
Јас сум против ЛОВ зошто човекот нема потреба да ,,спортува,, и така да убива, против сум за кланици итн.! А како можам да му забранам на тигарот да лови антилопа?
Што не ти е јасно во вегетеријанството? Не убивам, не јадам месо? Ни од пиле, ни од теле, ни од ништо?
Секаде има еутаназија, но не како кај нас, нека ти биде јасно. Кај нас и пред да биде кучето ставено воопшто за вдомување се убива!
Секако дека се лутам на тие што ги оставаат на улица, за нив треба огромни казни.
Што некој би волонтирал?
Од донирање на храна, простор, до чистење, шетање, бањање, анимирање, вдомување (агенти) итн. Се може да се работи без пари, има волја, има луѓе, не ни дозволуваат.
Хотел за кучиња е приватен бизнис и можеш да си го отвориш.
Азилот не е бизнис, и не може да се регистрира како правно лице во Македонија, зошто на 1001 начин не стопираат во бирократијата - од доделување на место надвор од населеност (значи покрај град) до самата изградба - не саботираат. Зошто теоретски политиката е една, а практично друга.
Само во Скопје има стационар кој не функционира како што треба - значи нема ниту хумано успивање - а во другите градови ги убиваат со пушки и слично.
Азили постојат секаде, и погледни малку што се случува да почнеме од Америка, Англија, на кој начин ТИЕ функционираат, секој што работи во анимал полис или во стационар е всушност волонтер, тоа е непрофитна организација и здравите кучиња се чуваат или даваат по фостер домови, а болните се успиваат.
Во тој контекст, погледни
http://www.youtube.com/watch?v=IlSnaAQVUuA