- Член од
- 14 јуни 2011
- Мислења
- 2
- Поени од реакции
- 1
Значи човеков постави многу конкретно прашање на кое и јас се надоврзувам. Ве молам луѓе, да не ја менувате темава со други тематики, како и да не ја полните со претпоставки, зашто тука има доста луѓе кои тргуваат DEMO, но немаат појма за вистинско искуство со брокер (такви не ни требаат од причина што знаеме како се работи со demo сметка).Дали е можно да се тргува со валути од Македонија, дали македонските граѓани може да отворат сметки во странски брокерски куќи forex.com на пример и да тргуват со валути и дали и колку е данокот што треба да се плати на евентуалната добивка (знам дека данокот на капиталната добивка е ослободен на некое време ).
Пишав порака во многу банки, па дури и во НБРМ (појма немаат што значи FOREX, а не да ти одговорат, поставувајќи ми контра прашање да објаснам за 'видот' и трансакциите кои сакам да ги направам да им го н.......) и само од Комерцијална Банка ми дадоа одговор дека ваквите трансакции за жал се сеуште забранети во нашава земја. Од УЈП ми дадоа формулар за приказ од капитална добивка остварена од хартии од вредност (очигледно и тие немаат појма што е FOREX), а тука на форумов, пак, читам дека има веќе инвеститори. Јас сум навистина збунет и ќе ве замолам да дадат одговор ИСКЛУЧИВО оние кои навистина инвестирале на FOREX берзата (другите не ме интересираат), односно имале и/или имаат сеуште искуство со странски брокери, како плаќаат даноци од добивките и сл. Пишете ми ПП.
Се извинувам доколку изгледав грубо додека ја читавте поракава, но навистина ми е преку глава од неконкретности во Македонијава.