Помош - Називи на мерните инструменти на Македонски јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата langelina
  • Време на започнување Време на започнување
значи треба да прашам на што мисли:oops:

ај да му се сневиди! јас пак си мислев ќе биде пис оф кејк.
мене ме збуни хрватскиот превод оти таму има микрометри овакви, микрометри онакви.
--- надополнето: Jul 7, 2011 2:45 PM ---
ајде уште еднашчисто за споредба .
овој превод точен ли е? болдираното е од друг извор.

1.Vernier and digital calipers – во слободен превод би му дошло аналоген и дигитален шублер (нониус)
2. outside micrometers – надворешени микрометари
3. 2-point inside micrometers - двоврвни внатрешени микрометари (микрометар со две чељусти)
4. dial indicator – микрометар или проб метар (компаратор)
5. linear variable differential transformer (LVDT) - линеарен варијабилен диференцијален трансформатор - се користи за мерење на линеарни позиции во вид на цилиндер (електронско линеарно мерило; линеарен давач)
6. rulers – лењир или линијар
7. measuring tapes се мисли за метро за мерење претежно алуминиумските
8. thickness calipers – дебеломер (мерен компаратор)

-за температура

1. digital thermometers - дигитален термометар
2.glass thermometers -живин термометар (стаклен термометар)
3.chambers (dry ovens, incubators, freezers...)- комора за сушење, инкубатор, комора за замрзнување (замрзнувач))

4. thermal baths -термална или термичка бања

за релативна влажност
1.climatic chambers - климатски комори

fala mnogi:)
 
caliper = шублер.
calibration = Баждарење, зашто тоа е македонски збор, а калибрација е не-превод.

Баждарење е македонски збор од турско потекло, а калибрација е македонски збор од латинско потекло. И превод е, ама кој колку знае.
 
кој од тие термини му е поблизок на човек што е машински инженер или физичар?
кој е терминот што го пишува во учебниците?
значи мојата цел е да не биде смешен текстот.
баждарење го има во речникот, калибрација го нема, ама ако калибрација се користи, тогаш ќе го ставм него.
--- надополнето: Jul 7, 2011 2:59 PM ---
ај хев ту гоу.
се враќам подоцна да го комплетирам текстот.
 
Тогаш е лесно: стави баждарење.
 
На Македонски јазик е топлинска бања
Не сум лектор за точно да знам како е но до сега не сум сретнал топлинска бања, а додека термална бања често го сретнувам :)
 
На Македонски јазик е топлинска бања

битно е како е во учебникот за мерни инструменти.
оти и кај нас тие инструменти мора да имаат име.
поз
--- надополнето: Jul 7, 2011 8:56 PM ---
Не сум лектор за точно да знам како е но до сега не сум сретнал топлинска бања, а додека термална бања често го сретнувам :)
јас немам појма што е тоа.
на хрватски е преведено како termalna kupka.
не го ставив хрватскиот превод оти мене повеќе ме збуни и сметам дека тој што се разбира, знае за што станува збор.

фала ви ан сите дечки.
мислам дека имам се, а дали да биде баждарење или калибрација, ќе го прашам човекот или ќе фрлам паричка.
 
битно е како е во учебникот за мерни инструменти.
оти и кај нас тие инструменти мора да имаат име.
поз
--- надополнето: Jul 7, 2011 8:56 PM ---

јас немам појма што е тоа.
на хрватски е преведено како termalna kupka.
не го ставив хрватскиот превод оти мене повеќе ме збуни и сметам дека тој што се разбира, знае за што станува збор.

фала ви ан сите дечки.
мислам дека имам се, а дали да биде баждарење или калибрација, ќе го прашам човекот или ќе фрлам паричка.
Во литературата за машинство се користи и терминот "термална" и "топлинска" бања (зависи од авторите). Ама, за калибрација у последно време слушаме често, баждарењето како остарен збор ми звучи. :)
 
Во литературата за машинство се користи и терминот "термална" и "топлинска" бања (зависи од авторите). Ама, за калибрација у последно време слушаме често, баждарењето како остарен збор ми звучи. :)

значи термалан или топлинска.
а термичка?

ако нема разлика, не е важно.
но ако е како дијалектика и дијалектологија, тогаш е важно.
мене ми е да не направам таква грешка.
 
значи термалан или топлинска.
а термичка?

ако нема разлика, не е важно.
но ако е како дијалектика и дијалектологија, тогаш е важно.
мене ми е да не направам таква грешка.
термо, термална, термичка... (српско-хрватски), а и кај нас некои автори го користат (ако ти е битно толку, прашај лектор и сподели како е најточно)

наспроти: топла, топлинска... во последно време гледам во понова литература кај нас
 
дечки, текстот е комплетиран !
фала на помошта!
музички поздрав до вас мене и од една друга русокоса:
http://www.youtube.com/watch?v=Uit0SIWY0zA
Темава ќе ти ја оставам да се најде и на други... а ти овие собраните имиња дај напиши ги во еден пост за да не бара и некој/а друг/а ;)
 
важи.
само малку да се релаксирам од мерните инструменти.
 
ме насмеа! немам поим од тие работи.
--- надополнето: Jul 7, 2011 11:35 AM ---

се работи за фирма кој врши калибрирање или баждарење на сите наведени инструменти.
ако калибрирање е збор по кој може да се најде информација на интернет и е вообичаен во тие кругови, тогаш ќе ставам калибрирање.
тенск
--- надополнето: Jul 7, 2011 11:38 AM ---

баждарење е веројатно турцизам кој е влезен во македонскиот речник. ама овде нема предност граматиката, туку под кој поим е познат одреден предмет кај нас.

шублер не е македонски збор, ама ако го преведам како микрометар за мерење надворешни димензии, не знам дали ќе биде јасно.
Баждарење каков и да е збор, се употребува секаде значе калибрација во ниедна стручна терминологија ја нема ако сакаш правилно да преведеш и ако се работи за фирма која што тестира и издава документ за исправност и точност на мерни инструменти ке си преведеш Баждарење а не калибрација колку и да звучи турски старомодно или просто све што врши некое мерење се баждари а не се калибрира а посебно во макдеонскиот јазик каде што калибрација може да се употреби и преведе како сакаш.
 
како што реков, не е беше најбитно кој збор е помакедонски, туку кој збор е попознат меѓу инженерите. и еве на интернет з абаждарење наоѓам 3000 резултати, најчесто адреси од Златан книга, а за калибрација наоѓам 21 000! еден сајт е во врска со акредитацијата на машинскиот факултет
http://www.iarm.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=171&Itemid=122&lang=mk

оти баждарење било и во Хрватска пред 20 години, ама бидејќи јазичарите си ја гледаат работата, тие сега имаат свој термин за тоа и гласи umjeravanje.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom