Скутерите им се веројатно ѓубре набавено на кило од Кина за помалку од 100 евра по парче франко Македонија. Со моторите е друга приказна, до сега немам разбрано дека некој се пожалил. Цената не знам која е, мислам дека има можност да ги контактираш и да прашаш, прочепкај по сајтот и ќе најдеш контакт инфо, мислам дека можеш тоа да го сториш на линкот
„Побарај цена“ или на еден од телефониве: ++389 32 609 901 и ++389 32 397 536, или на Skype адресата што ја имаат долу десно под централната слика од насловната страна на сајтот
http://hamachi.mk. Овој модел ми изгледаш сосема прикладен за она кое сметам дека ти треба и ти се исплати да го имаш во моментов, а според мене цената не би смеела да премине 800 евра. Кинеско или не, сепак купуваш ново и прв сопственик ќе му бидеш.