- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Да го прочиташе целосно мојот коментар, немаше да го напишеш ова, бидејќи токму за тоа зборев. Библијата вели: „мажот е глава на жената, како што е и Христос Глава на Црквата“.Значи ако и кажам женче иди да готвиш 3 часа па чисти 2 часа па дојди да те плеснам мора да каже ДА МАЖУ веднаш почнувам затоа што мора да ме слуша во СЕ и да ми биде покорна. Идеална робинка .
Дали Христос главуваше така со апостолите?
Кој кому служеше, Христос на апостолите или апостолите на Христос?
Кој кому ги миеше нозете, Христос на апостолите или апостолите на Христос?
Кој за кого го даде животот, Христос за апостолите или апостолите за Христос?
„И кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга; како што Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку Тој да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина.“ (Исус, ев. Матеј 20:28, Библијата)
Ако ја љубиш жената, се подразбира дека ќе ја слушаш, дека ќе ги исполнуваш нејзините потреби, желби, ќе ја почитуваш, заштитуваш. Дури и Христос во една прилика рекол:4. Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа"
И за крај да не бидеме покуси има и една заповед за мажот да ја сака својата жена. Нема заповед да ја слуша туку само да ја сака.
„Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.“ (Исус, ев. Јован 14:15, Библијата)
Значи и христијанинот, ако ја љуби својата жена, се разбира дека ги исполнува нејзините заповеди.
Имајте предвид дека во христијанскиот брак мажот и жената стануваат ЕДНО тело. Еден мора да биде глава на тоа тело. Бог уредил таа улога (служба, а не привилегија) да ја има мажот. Две „глави“ (водачи) не може да има. Тоа го знае секој што читал нешто за водството. Дури и теле со две глави не преживува долго