ФОН, Европски или Американски колеџ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Гучи
  • Време на започнување Време на започнување
Г

Гучи

Гостин
После неуспешната кампања на државниов факс, поточно Електро планирам да се запишам на приватен. Значи сакам да студирам информатика (најверојатно мрежи, зошо не ми иде баш програмирање :D), и сакам да ме посочите кој од овие е "најдобар" условно кажано.
 
Мислам дека на ЕУРМ и на ФОН имаш разделување на студиите по информатика на смерови (графика/веб дизајн - мрежи - програмирање). Инаку овие универзитети мислам дека ФОН е најлоша варијатна и не се никаква предност пред државните како што тоа во странство приватните се секогаш пред државнити тука зависи од инвидиуата колку е спремна и колку сака да постигне се на се кај нас нема солидно образование. Ја ви ти рекол одлучи меѓу ЕУРМ и Американ.
 
Имам слушнато дека на Американ има настава само на англиски, вистина?
И ако има на форумов студенти на Европски или Американ, не бидете скржави споделете искуства :)
 
ФОН има и домашна и странска акредитација, а во едно има договори со нај познати фирми и компании во Р.Македонија, а имаат и многу договори со други универзитети од ЕУ и САД..

http://www.fon.edu.mk/ Влези и прелистај малку, а не да веруваш од типот на тие муабети ФОН е така Фон е вака...

Од приватните само ФОН и Штуловиот универизтет се донекаде како што треба..

А другите не би препорачал, посебно пак дисперзираните студии од државните, не се знае тука кој предава а кој не, а и мислам дека не се сите факултети акредитирани..
 
Незнам на кој да верувам, еден вика ФОН е најлоша опција друг обратно..:unsure: Ти на ФОН си?
 
Јас бев,и сега магистрирам во Словенија, а околу тие муабети, не верувај, тие се простачки рекла кази, во денешно време барем имаш интернет, влези и види какви договори има ФОН, а какви ЕУРМ:?? Имаш еден куп опции да ги разлгедаш работите, а не да веруваш од ракав муабети/
 
И без да те читам тебе, би му препорачал да бега подалеку, ако има финансии.

Запиши се надвор од Македонија, за да научиш нешто. На приватниве тука само парите ќе ти земат, а од образование нема ништо да видиш.
 
На Азиски.....
 
После неуспешната кампања на државниов факс, поточно Електро планирам да се запишам на приватен. Значи сакам да студирам информатика (најверојатно мрежи, зошо не ми иде баш програмирање :D), и сакам да ме посочите кој од овие е "најдобар" условно кажано.

Штулов.
 
Ти таму си? Колку е година и дали имаат факултет во Скопје..ја имам слушнато дека е во Тетово, а сеа од Скопје да идам во Тетово да живеам некако не ми се иде.
 
Не сум таму. Јас сум информатика на ПМФ. Семестар мислам е 800 евра. Имаат факултет во Скопје.
 
Штулов во Скопје ти се наоѓа карши Италијанска амбасада, кај МекДоналдс во центар. Ако те интересира да поминеш и да си се распрашаш. Ја сум 3та сеа на Бизнис Информатика таму.
 
Предавањата на Македонски се?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom