- 1 -
Реакција по повод настапот на Вранишковски во емисијата на Миленко на Канал 5 "лејт најт шоу":
Бреее византиец малиот :kesa:
Иако се помисли дека доне сувањето на судските пресуди за девијантното однесување на Вранишковски и издржувањето на казните затвор ќе вродат со плод, сепак тие многу не помогнале. Не беше доволно ниту заминувањето на неколку негови
најблиски соработници од т.н. ПОА, за да го натера поранешниот владика Јован да го преиспита својот став и да престане со негаторскиот однос кон Црквата, која беше заслужна за неговото издигнување до тој ранг. Јован оди понатаму. Ако треба и сам. Можеби не му се потребни ниту луѓе за сопственото црковно општење. Не му е потребна ниту маса на верници, која обично е
пре судна за постоењето или за непостоењето на нешто што треба да има организиран облик. Тоа многу не го засега. Веројатно, не му е битно како на си тоа ќе гледаат неговите следбеници, како на тоа ќе реагира и онака малиот број приврзаници на самопрогласената ПОА. Многу побитно е до крај да бидат истерани работите на Српската и на Грчката православна црква, кои го имаат.
До каде е случајот "Вранишковски"? Дали со пресудите на судот и одлежувањето на казната во "Идризово" се затвори валканото поглавје од македонските современи црковни страници? Напротив. Наскоро тој ќе сака да воскресне како феникс. Тој не
мирува. Јован продолжува со интенциите за духовна асимилација на Македонците, продолжува со иредентистичката политика својствена за соседните земји. Всушност, тој е нивната продолжена рака. Парите пристигнуваат, треба и да се потрошат.
Обидите за деградација на сe што е македонско про должуваат. Како да живееме во некој софистициран среден век! Повторно, како и во минатото, ги проживуваме годините на територијална, политичка, црковна, национална и јазична шовинистичка пропаганда. Некогаш помалку, некогаш повеќе успешна, таа се обидува да ни одврати од македонскиот национален дух, да нe понижи, да ни ја турне главата долу, да ни го одземе достоинството.
Е, за таквите асимилатори не се потребни либерални закони преку кои ќе го продолжуваат своето дејствување, не се потребни заштитни мерки пласирани од европската легислатива, бидејќи тоа ќе значи камен на сопствено сопнување. Тоа ќе значи удирање со свој камен по своја глава. Доста беа џумки по македонскиот тил и теме, премногу беа омаловажувањата и обезвреднувањата. Најмалку ние, како народ, тоа го заслужуваме.
Јован во една истурена позиција на овие простори. Преку него ќе се обидат уште еднаш, по којзнае кој пат, во нивната неколкувековна хегемонистичка стратегија, да го покорат духот на Македонецот и да го натераат да верува во туѓото, а не во своето. Сите овие години наназад Јован оди со крстот на чело. Се самопрогласи за жртва кога лежеше во "Идризово" и му годеше тоа што беше ставен во позиција да брани ставови и идеали. Тој уживаше во тоа што беше осуден. Се поистовети со Исус кога го распнаа на крстот, а Римјаните не му веруваа.
ЕДНОСТРАНА ЕВРОПСКА ЛЕГИСЛАТИВА
Појавувањето на Јован во едно телевизиско интервју, во доцните часови пред дваесеттина дена, донесе уште една епизода навреди, понижувања и омаловажувања за Македонската црква и за македонскиот народ. И никој не изреагира на ниту еден начин. Кога чо-
век подлабоко ќе размисли можеби и ќе заклучи дека е подобро воопшто да не му придава значење на појавувањето на Вранишковски, ниту да дава ко ментар на неговите размислувања. Но, сепак тој е фактор кој може да предизвика
Јоване, постојано повикуваш на нешто духовно, на нешто свето, на нешто канонско. Ги величиш Грците, Србите и Бугарите,
а ги негираш Македонците. Тие биле подобри и подуховни од нас. Ние не сме биле просветлени, а тие биле. Па, кој водеше
толку војни на Балканот за последниве десет години, ние или тие? Кој е најголем подбуцнувач на војните и на насилствата, МПЦ
или СПЦ? На таков начин ли и Ти се просветли покрај нив? Кој убиваше и протеруваше, кој асимилираше во Егејска Македонија
изминативе децении? Кој ги уриваше македонските гробишта во денешна северна Грција, кој ги погрчуваше имињата на Лерин.
Воден, Кукуш...
За таква ли просветлена Грчка црква ни зборуваш нам, Византиецу! Па, имале потенцијална разградба на нешто што со векови наназад е градено. Зад него стојат црковни организации кои добро плаќаат за да ја тера работата, на негова страна е т.н. либерално европско законодавство, кое од мај следната година, во согласност со новиот Закон за верски заедници, ќе му овозможи официјализирање на неговата ПОА. Чекорејќи кон Европа, Македонија беше принудена да усвои таква легислатива, која им овозможува на нерегистрираните и на забранетите верски заедници да почнат да дејствуваат во согласност со законот. И сега тие тука ја гледаат шансата. 3а секој чекор кој државата ќе го презема за заштита на националното и на духовното достоинство, за секоја постапка која ќе води кон забрана на девијантното однесување на Јован, тој ќе има полно право да се жали пред највисоките европски тела. Европа поинаку ги сфаќа тие модели на верско здружување. Од една страна, бара слободи и права за сите, а од друга, замижува пред постапките на оние кои асимилираат и некого негираат.
Дали Европа има модели за неутрализирање на духовните хегемонисти? Брисел премногу еднострано ги гледа нештата и воопшто
не прави разлика меѓу она што е вистинска верска организација и она што е создадено од нечија туѓа рака, со цел да
уништи некој друг.
УШТЕ ЕДЕН БУГАРСКИ ФАЛСИФИКАТОР
Во продолжение би се осврнал на низата изјави дадени во последниот јавен настап на Вранишковски, кои одеа дотаму што преврте си долж и попреку во македонското постоење. Прво, според неговите тези, цар Самуил бил бугарски, а не македонски цар, односно
за Македонците не било доволен доказ тоа што на надгробната плоча пишувало цар бугарски, па со тврдоглавоста која
ја имаме упорно го присвојуваме како дел од нашата историја. Јован заборава дека Македонија, за време на цар Самуил, ги обновила границите на Филип II, во чија чест беше изграден и градот Филипополис. Цар Самуил не ја земал бугарската круна, бидејќи Бугарите биле ханови, а подоцна кнезови, кои многу се разликуваат од цареви. Најпоз натиот Самуилов историограф, Скилица, вели дека Македонците и Бугарите биле две најголеми спротивставени сили.
Вистинските Бугари од тоа време се нарекувале Мизи, а денешна Бугарија тогаш била Мизија. Во тој период Бугарија била само тема, а не етнографска област. Дури и самите "Бугари" од Второто бугарско царство не го сметаат цар Самуил за бугарски цар. И археолошките извори целосно докажуваат дека Самуил немал никакви врски со Бугарите. Во 1965 година, грчкиот археолог Николос Муцопулос, во црквата "Св. Ахил" на островот Голем Град во Преспанското Езеро, го отворил гробот на цар Самуил. Тој вели дека Самуил бил завиткан во скапоцена пурпурна облека, во која се погребувале само античките македонски цареви, додека ни еден бугарски цар од Првото бугарско царство не е погребан според антички обичаи. Исто така, во царската катедрала "Св. Ахил" се пронајдени записи на старословенски јазик, најверојатно од 998 година, во кои пишува "тоа се троновите на патријархот Герман, на митрополитите на Скопје, Велбужд, Сердика, Бер...", но никаде не пишува нешто за Бугари или за Бугарија.
Големо бугарските апетити, од крајот на XIX и почетокот на ХХ век, одат дотаму што прават сe' и сешто за да ја фалсификуваат македонската историја и да докажат дека Бугарија полага право на Македонија. Во тој период Бугарите фабрикуваат некакви натписи кои наводно ги оставиле цар Самуил или неговото семејство, во кои тие се декларирале како Бугари. Таквите плочи бугарските фалсификатори ги закопувале низ македонската земја и досега се пронајдени неколку од нив во Битола, Воден, Петрич и Благоевград. Сите тие се напи шани со доцна аглеста кирилица, која не се користела во XI век, кога се упо требувала валчестата кирилица. Го вратиле времето два века наназад само за да го опишат Самуил како бугарски цар. Биле аматери и невешти во фалсификатот. Оваа анализа ја извршил професорот Хорас Лант од Харвард универзитетот.
Оттука, Вранишковски денес само го продолжува нивното дело. Тој е уште еден од редицата фалсификатори, кои сакаат да го осквернават македонското милениумско битие и постоење.