Wimbledon, 13.06 - 03.07.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување

Кој мислите дека ќе го освои Вимболдон, оваа година, во машка конкуренција ?

  • Рафаел Надал

    Гласови: 20 32,3%
  • Новак Џокович

    Гласови: 17 27,4%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 22 35,5%
  • Енди Мареј

    Гласови: 0 0,0%
  • Робин Содерлинг

    Гласови: 0 0,0%
  • Давид Ферер

    Гласови: 0 0,0%
  • Енди Родик

    Гласови: 3 4,8%

  • Вкупно гласачи
    62
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе видиме што ќе покажат Новак и Надал..Али дефинитивно ни малце нема да биде како ова..
 
Во исчекување на дуелот, да се потсетиме како изгледаше тенисот во најдобрите години :)



molenje.gif
molenje.gif
 
АО 2009 таков тенис нема да има веќе.:confused:

Како е овој тенис на клиповиве Божеееее...затоа никој неможе да ги замени овие двајца.
 
Де жити се кажете ми во која кладилница има точен резултат да типувам ?
Инаку очекувам 3-1 за Ноле.
 
На еден час до почетокот на финалето на Вимболдон, иако скоро сите знаете, да се запознаеме со самите натпреварувачи...

Рафаел Надал(Шпанија) - Новак Џокович (Србија)

Веројатно, дуел кој е најмногу исчекуван годинава, поради фантастичната форма на двајцата во која се наоѓаат. Надал успеа да стигне до титула на Роланд Гарос, до својата 10та Гренд Слем, и до финалето на Вимболдон, заедно со полуфиналето на Австралија Опен на почетокот на годинава. Новак, пак сезонава според најголемте критичари го игра најдобриот тенис во животот. Го освои неговиот најомилен Гренд Слем, Австралија Опен, стигна до полуфиналето на Роланд Гарос, и чекаат резултати во финалето каде се и двата.

Во последните дуели во финалињата на најголемтите Гренд Слем турнири Новак, нема некој забележителен успех, бидејќи единствените две титулу му се на АО. Но, пак, оваа година Новак успеа да го победи Рафаел Надал, дури четири пати и тоа на АО и на земјените мастерси во Рим и Мадрид. Победите против најдобриот во светот, му даваат огромен шмек на ова финале, кое според многумина, нема да ги надмине бројките од финалето во 2009та година, кое се смета за најдоброто во историјата на Вимболдон. Од другата страна, пак, Новак ќе го има Надал кој е, веројатно во најдобрата форма во животот. Доказ за тоа се 7 финалиња по ред на Гренд Слем турнирите, и уште поголем доказ се нивните освојувања. За 8то ќе почекаме уште веројатно 5 часа. Во трите финалиња на големите турнири, Надал го победуваше најдобриот на АТП листата и најдобриот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер. По еднаш ги победи, Содерлинг, Бердих и Џокович и последното финале, каде го победи Роџер, но како 3 играч на светот. И она ова да не ја заборавиме и Олимпијадата освоена во 2008та година. Вкупниот биланс на Гренд Слем турнири на Надал е 10 освоени, во сингл конкуренција.

Веројатно, многумина се прашуваат како Новак успеа да го победи Рафаел и тоа 4 пати по ред на негова подлога. Веројатностите од повреда на Надал се минимални, бидејќи и самиот Надал изјавуваше дека е во неговата најдобра форма, а сепак беше убедливо победуван од српскиот тенисер. Никако, не можеме да фрлиме сенка на тие резултати, но она што му фали на Ноле е да почне да ги освојува овие големи Гренд Слем турнири. Денес игра во финале и веројатно ја имаа онаа шанса да му докаже на светот дека може и мора да победи, во него, ако сака да остане запаметен во светот на тенисот. После понеделник и официјално имаме нов број 1 на АТП листата, во името на Новак Џокович, но дали желбата од пред 15 години ќе му се оствари ? (http://www.youtube.com/watch?v=3jcFOol59Hk желбата)... За Рафаел Надал, и за неговото минато не вреди да се зборува. Она што Рафаел денес ќе го направи, ќе биде само дел од историјата, било да е пораз или победа. Ако е победа, останува да биде запишано, како 11та титула, со што влегува во многу мал круг на тенисери, и има уште неколку години да го стигне најдобриот во овој свет, Роџер Федерер. Учебниците по спорт и по тенис, со ликот на Рафаел, веројатно, се во Шпанија пуштени во продажба. За да бидат низ целиот свет, потребно е уште малку...

Рафаел Надал - Новак Џокович, 15 10, Централен терен, Лондон - Финале на Вимболдон
 
Што е ова бе?
Цел се му влага прва серва, сега на крај кога треба му ја нема нигде. ЦЦЦ ЛЕЛЕЛЕ
 
цццц Надал враќај се во игра:mad:
 
И сега како што е редот малце да ликувам во пост : кхм,кхм АЈДЕ НОЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ, 1-0 СЕТ, ПА УШТЕ ПОТОА КАКОВ БРЕЈК ! УБИЈ ГООООООООООООООООООООО!!!:D
 
Иако навивам за Ноле, ме нервира коментаторов на Телма, ептен пристрасен е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom