Александарр: Тврдењето "Србите кажуваат" не е никаков аргумент. Наведи што конкретно кажуваат Србите и каква поткрепа даваат за своите тврдења. Досега секое едно твое тврдење беше убеливо разбиено.
Од српските историчари, Анастасијевиќ на пример аргументира дека изворите не даваат никаква основа да се тврди дека Самоиловото Царство е западна бугарска држава. Со Анастасијевиќ се сложува и најпознатиот византолог Џорџ Острогорски (George Ostrogorsky, History of the Byzantine State, Rutgers University Press, стр. 301-302)
Има неколку Срби од поновата генерација (двајца?) кои што само ги преџвакале бугарските лаги -- како на пример Срѓан Пириватриќ, чија што книга "Самоиловата Држава" повеќе личи на бугарска нарачка отколку на научен труд.
Пириватриќ само го повторил тоа што неуспешно го тврдат бугарите Дринов, Дујчев, Златарски, Мутафчиев и други. Историските извори што Пириватриќ ги користи, во недостаток на домашни, се исклучиво византиски или пак се изведени од византискиот "филтер" -- т.е. тие слушнале од втора, трета или четврта рака или пак се со временска дистанца од еден век или повеќе (како Јахја Антиохијски, Стефан Тарноски, Ал-Макин).
Од домашните извори кои би требало да бидат најважни, Пириватриќ -- како и Бугарите -- користи два фалсификати односно два погрешно датирани артефакти: Битолската и Преспанската плоча. Врз нив ги заснова своите заклучоци за државно-правниот карактер на Самоиловото Царство.
Меѓутоа Пириватриќ очигледно не слушнал за анализата на автентичноста на Битолската плоча од страна на харвардскиот професор Хорас Лант, која пак ги покажа сите лаги и подметнувања што ги правеле бугарските историчари Јордан и Василка Заимов како и русот Владимир Мошин.
На проблематичниот карактер на Преспанскиот натпис пак, Пириватриќ му посветил само една реченица, успат споменувајќи го лингвистот Миливој Павловиќ, кој убедливо ја разоткри и разобличи позадината на натписот.
Затоа нималку убедливо делува неговата заложба за домашните извори:
"На крајот, на се' ова треба да ги додадеме и домашните извори. Oд нив би можело да се очекува да пружат локално, бугарско гледање на настаните. Би било посебно интересно од идеолошката страна на проблемот, доколку тие покажат како во државно-правен смисол себеси се доживувале Самоил и неговите наследници. (Срѓан Пириватриќ, Самоиловата Држава, стр. 24)
Пириватриќ го зема Битолскиот натпис како исклучително важен, затоа што тој наводно за прв пат го споменува терминот "самодржаец" во словенскиот свет. "Податокот од Битолскиот натпис го коригира мислењето кое одамна го изнесе Острогорски, кој верувал дека титулата самодржец се јавила во Второто бугарско царство." (Пириватриќ, стр. 141).
Значи, Пириватриќ го коригира мислењето на еден Острогорски врз основа на "извори" чија автентичност Пириватриќ воопшто и не се обидел да ги провери, иако Хорас Лант ја објави своајата анализа за Битолскиот натпис во "Slavic review" уште во 1972 година.
Да не зборуваме пак за неговата дискусија за карактерот на Охридската Архиепископија, при што дефинитивно знаеме дека од листата на епископиите откриени при археолошките ископувања, не се спомнува Бугарија (Паристрион и Дорстол). Не постои ниту еден спомен за некаков наводен бугарски карактер на нашата црква.