Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Синоќа си наточив бензин по стара цена. Имате пари немојте да се жалите :icon_lol: Што е за вас два денари од литар на две недели.
 
Министерот за финансии, Зоран Ставрески, денеска ги повика дистрибутерите да се откажат од големите заработувачки од продажбата на горива,

хахахахахаххахаахах, нека одземат пола од мудата на Букефал, па ја мислам ќе не покрие некое време. Каков лапсус ееееееееееееееееј
 
Инфлацијата стигна до 5 проценти

Инфлацијата се продлабочува. Во април трошоците за живот се зголемиле за 4,8 проценти споредено со истиот месец лани, статистика ги потврди вртоглавите поскапувања.

Најзначајни се кај храната, за една година прехранбените производи поскапеле за повеќе од 8 проценти, огревот и осветлувањето за речиси шест отсто, за седум проценти станарините и водата, цените на средствата за хигиена се зголемиле за три и пол проценти.

Трендот на поскапувања почна на стартот на годината. Граѓаните сведочеа дека со исти плати и пензии, едвај врзуваат крај со крај, немаат пари за основните прехранбени производи, сметките заостануваат.

Додека официјалната статистика потврдува дека, инфлацијата во Македонија се зголемува, Владата останува на проекциите за ниска инфлација.

Пониските акцизи за горивата, не резултираа со намалување на цените на производите во малопродажба. Високите цени го уриваат и така нискиот стандард на граѓаните.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=137446

Цените нагоре , платите надоле.
 
Читав пред некој ден дека ќе поскапат пак акцизите за бензините :cautious:

b47959407b93cc40a974f546159078d4.jpg
 
Читав пред некој ден дека ќе поскапат пак акцизите за бензините :cautious:
Додека на светска берза опаѓаат цените, ние сме навикнати на обратниот феномен со цените на дериватите. И цената на Еврото ќе порасне, осеќам...
 
Додека на светска берза опаѓаат цените, ние сме навикнати на обратниот феномен со цените на дериватите. И цената на Еврото ќе порасне, осеќам...
Абе кај нас се знаеше дека намалувањето на акцизите е заради предизборието, и дека кога ќе заврши изборниот процес, баааам! до коска...
 
Абе кај нас се знаеше дека намалувањето на акцизите е заради предизборието, и дека кога ќе заврши изборниот процес, баааам! до коска...
И тоа двапати, мислам дупло повеќе ќе се качи сега цената на акцизите.
 
Овие од регулаторна комија се за бесење. Цената на нафтата на светските берзи стаса до ниски 80 долари за барел, ние ги покачуваме бензините. Бог да чува. Малку ли милиони земаа, па сакаат уште. Мора нешто да се направи, ова вака не оди.
 
Не сум баш запознаен, али мислам дека кај нас цениве идат по методот ФИФО, односно ако сме купиле по поскапа цена порано, тоа мора по таа цена да се продаде, значи со некој тајм лаг... Кога-тогаш ќе се намалат цените, барем очекува... За акцизитеќе видиме :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom