Здраво boys and girls! Би сакал да ви ја претставам новата Андроид мобилна апликација
OnMapp.
OnMapp има за цел да ги спои купувачите и трговците (кафетерии, ресторани, хотели, продавници и услужни компании) преку систем на промотивна продажба. Мобилната апликација ја одредува моменталната позиција на купувачот и прикажува листа на трговци кои имаат промоција/попуст, од најблиските кон подалечните, односно секогаш кога купувачот е во близина на фирмата која има промоција на некој производ или услуга, промоцијата ќе биде прикажана прва на листата.
Како работи OnMapp?
1. Во OnMapp трговците сами ги креираат своите промоции преку нашата веб-страна;
2. OnMapp функционира на база на членство (месечно или годишно);
3. OnMapp не наплаќа во име на трговците и не засметува провизија за продажбите остварени преку апликацијата.
Дали апликацијата за крајните корисници е бесплатна?
Да, крајните корисници односно купувачите, апликацијата ја користат бесплатно и можат бесплатно да ја преземат од Google Play Store.
За дополнителни информации околу апликацијата отворив посебна тема, така да сите кои сте заинтересирани ве очекувам
тука.
Поздрав