OnMapp мобилна апликација - сите попусти и промоции на едно место!

iggo_s

.. sangre blanca en mis venas!
Член од
30 јуни 2009
Мислења
1.389
Поени од реакции
1.077
Здраво boys and girls! Би сакал да ви ја претставам новата Андроид мобилна апликација OnMapp.

OnMapp има за цел да ги спои купувачите и трговците (кафетерии, ресторани, хотели, продавници и услужни компании) преку систем на промотивна продажба. Мобилната апликација ја одредува моменталната позиција на купувачот и прикажува листа на трговци кои имаат промоција/попуст, од најблиските кон подалечните, односно секогаш кога купувачот е во близина на фирмата која има промоција на некој производ или услуга, промоцијата ќе биде прикажана прва на листата.

Како работи OnMapp?
1. Во OnMapp трговците сами ги креираат своите промоции преку нашата веб-страна;
2. OnMapp функционира на база на членство (месечно или годишно);
3. OnMapp не наплаќа во име на трговците и не засметува провизија за продажбите остварени преку апликацијата.

Дали апликацијата за крајните корисници е бесплатна?
Да, крајните корисници односно купувачите, апликацијата ја користат бесплатно и можат бесплатно да ја преземат од Google Play Store.

Кои се цените за поставување промоции?
Првите 30 денови за поставување промоции се бесплатни, со можност да ја откажете услугата кога сакате, без никакви обврски за продолжување со понатамошна соработка. Цените за пакетите после истекот на бесплатниот период од 30 денови се следните:

- БИЗНИС пакет: 1 бизнис / 1 локација - 1105 МКД месечно или 11050 МКД годишно со вклучен ДДВ;

- ПРО пакет: 1 бизнис / 2 до 5 локации - 2150 МКД месечно или 21500 МКД годишно со вклучен ДДВ;

- ЕНТЕРПРАЈС пакет: 1 бизнис / 6+ локации - 2768 МКД месечно или 27680 МКД годишно со вклучен ДДВ.

За повеќе информации, посетете ја веб-страната на OnMapp или фан-страната на Facebook:
www.onmapp.com
www.facebook.com/apponmapp

Се надевам дека звучи интересно и дека ви се допадна. :)
 
iggo_s

.. sangre blanca en mis venas!
Член од
30 јуни 2009
Мислења
1.389
Поени од реакции
1.077
Еве неколку примери со слики за да видите како изгледаат промоциите во апликацијата:

primer4.png primer3.png primer1.png primer2.png
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.177
да не ме разберете погрешно но да немате безбедносен сертификат на страната не е баш добро, дури и форумов на кајгана има.
п.с со среќа нека ви е
 
iggo_s

.. sangre blanca en mis venas!
Член од
30 јуни 2009
Мислења
1.389
Поени од реакции
1.077
Нешто како групер?
Па и не баш. Во OnMapp не се купуваат ваучери и нема никакво плаќање преку апликацијата. Крајните корисници (купувачите) преку OnMapp само се информираат и ги наоѓаат попустите/промоциите кои се наоѓаат околу нив, одат директно на локацијата каде се наоѓа фирмата и наплатата се врши на лице место.

Плус тоа, OnMapp ги подредува промоциите од најблиска кон најдалечна, спрема моменталната локација на која се наоѓа купувачот.
 
Последно уредено:

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Иста работа врши и Фејсбук.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
K

kicodarker

Гостин
200 евра годишно е многу оптимистичка цена за нова апликација. Да има бројка од 100.000 корисници ајде покрива. Фејсбук е многу поефтин со рекламирање а скоро иста функција брка.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Многу ми личи на Групер. Некако како да е украдено од нив стилот на апликацијата и работата.
 
iggo_s

.. sangre blanca en mis venas!
Член од
30 јуни 2009
Мислења
1.389
Поени од реакции
1.077
Многу ми личи на Групер. Некако како да е украдено од нив стилот на апликацијата и работата.
Пишав и погоре. OnMapp ги подредува сите промоции околу вас, од најблиска спрема најдалечна, според моменталната позиција на која се наоѓате. Апликацијата не бара лични податоци од корисниците: имиња, презимиња, картички, емаил и слично, не продава никакви ваучери и не засметува провизија на остварена продажба.

Единствена сличност со другите вакви агрегатори е тоа што и тука ги има попустите и промоциите на едно место. Начинот на функционирање и наплата е со огромна разлика.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.136
Поени од реакции
1.068
200 евра годишно е многу оптимистичка цена за нова апликација. Да има бројка од 100.000 корисници ајде покрива. Фејсбук е многу поефтин со рекламирање а скоро иста функција брка.
Фејсбук брка многу подобра работа, затоа што можеш да таргетираш група на луѓе за која сметаш дека ти е најсоодветен тип на муштерии.
Идејата ви е ок и супер е што има луѓе што сакаат да работат на проекти и стигаат до продукција.
Ама, апликација кај што имаш работа како логин (не сакам да помислам на тоа дека некој би плаќал online) без https е незамисливо во денешно време. Средите си го тоа, пред да му соберат credentials на некој корисник да му одземат онлјан профили / картички / маил и тн...
Второ, пробав да креирам корисник од типот test@test.com и апликацијата ми дозволи, без да покаже грешка. Понатака не ми дозволи да се логирам, но не знам дали е тоа затоа што бара автентикација преку mail или нешто друго (немаше соодветна порака). Aј реков ќе пробам да се регистрирам со mail до кој имам пристап. И тоа беше неуспешно (не добив никаков mail а не можам да се логирам). Иако пробав 2-3 пати со истиот mail, секојпат ми кажа дека креираањето е успешно.
Трето, информирајте се добро за тоа кои податоци смеете да ги користите од корисникот без пред тоа да побарате негова дозвола. Особено немојте да чувате кредитни картички и слично. Ме интересира кои се начините на плаќање, бидејќи не успеав да се логирам.
За крај ќе кажам дека е убаво кога има ентузијазам и го поддржувам секоја работа на било каков проект, но кога веќе сакате да правите пари од нешто, вреди да седнете и добро да истражите што и како треба да направите.
 
Фала. Иако не сум јас креаторот на апликацијата, всушност сум само корисник на форумов. Али кога е бал нека е маскенбал.
 
iggo_s

.. sangre blanca en mis venas!
Член од
30 јуни 2009
Мислења
1.389
Поени од реакции
1.077
Ама, апликација кај што имаш работа како логин (не сакам да помислам на тоа дека некој би плаќал online) без https е незамисливо во денешно време. Средите си го тоа, пред да му соберат credentials на некој корисник да му одземат онлјан профили / картички / маил и тн...
Второ, пробав да креирам корисник од типот test@test.com и апликацијата ми дозволи, без да покаже грешка. Понатака не ми дозволи да се логирам, но не знам дали е тоа затоа што бара автентикација преку mail или нешто друго (немаше соодветна порака). Aј реков ќе пробам да се регистрирам со mail до кој имам пристап. И тоа беше неуспешно (не добив никаков mail а не можам да се логирам). Иако пробав 2-3 пати со истиот mail, секојпат ми кажа дека креираањето е успешно.
Трето, информирајте се добро за тоа кои податоци смеете да ги користите од корисникот без пред тоа да побарате негова дозвола. Особено немојте да чувате кредитни картички и слично.
Делови од сајтот се со сертификат SSL (онаму кај што има client login, CRM & online payment processor) така да не е возможно да се украдат податоците на клиентите. Деловите кај што сајтот е "сликовница" не се со сертификат, а може да бидат.

Инаку, регистрацијата со пробниот емаил и оној до кој имаш пристап било неуспешно затоа што откако ќе се регистрираш, треба администраторот да ја одобри регистрацијата и тек тогаш на маил ќе стигне потврда дека е успешна. Во твојов случај администраторот видел дека е само за проба и затоа профилите не се одобрени.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Да не објавувам во темата каде што ме имаш спамано:

Платена е рекламата и на фејсбук шефе :D А тие 4-5 теми кај шо сум пишал се сите погодни за апликацијата, така да не гледам лошо шо сум пишал едно мислење. Одмори малце.
Другарче, како прво јас не сум ти шеф па ни ништо друго што доаѓа од тој твој уличен речник... Како второ ова ти го кажав добронамерно, несакам да навлегувам понатаму, бидејќи немаш доволно поени да разговараш за социјален маркетинг со мене.
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
428
Поени од реакции
582
Делови од сајтот се со сертификат SSL (онаму кај што има client login, CRM & online payment processor) така да не е возможно да се украдат податоците на клиентите. Деловите кај што сајтот е "сликовница" не се со сертификат, а може да бидат.
Во превод: Може да биде безбедно, ама не мрзи да го направиме. :bravobe:
 
iggo_s

.. sangre blanca en mis venas!
Член од
30 јуни 2009
Мислења
1.389
Поени од реакции
1.077
Да не објавувам во темата каде што ме имаш спамано:

Другарче, како прво јас не сум ти шеф па ни ништо друго што доаѓа од тој твој уличен речник... Како второ ова ти го кажав добронамерно, несакам да навлегувам понатаму, бидејќи немаш доволно поени да разговараш за социјален маркетинг со мене.
1. Нигде те немам спамано, ти прв се искурчи - јас само ти одговорив.

2. Ако сакаш да кажеш нешто добронамерно, кажи го на нормален човечки начин а не да се курчиш ко твој да е форумов.

3. Нит те знам, нит ме знаеш, нит ме занима ти колку разбираш социјален маркетинг, нит па сакам тебе да ти објаснувам јас колку знам.[DOUBLEPOST=1539845233][/DOUBLEPOST]
Во превод: Може да биде безбедно, ама не мрзи да го направиме. :bravobe:
Безбедно е онаму кај шо навистина треба да биде (логин и слично).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom