Остварување на желби

Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
КОГА НЕКОЈ СИЛНО КЕ ПОСАКА НЕКОЈА ЖЕЛБА ,ЦЕЛИОТ УНИВЕРЗУМ СЕ АКТИВИРА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ИСТАТА !!!
Некое момче му се обратило на големиот филозоф СОКРАТ му рекло сакам да научам мудрост ! Сократ рекол дојди со мене ,и го повел кај реката го фатил за глава и му ја турнал во водата , му ја држел главата под вода се додека момчето не почнало да се бори за воздух ! од како му ја извадил главата од водата го прашал : кога беше под водата што највеке посакуваше ? мом4ето одговорило : па воздух се разбира ! епа кога ке сакаш мудрост толку колку што сакаше воздух додека беше под вода тогаш и ке ја имаш одговорил филозофот !!!!:DD
ајде кажете ми ваше мислење за сево ова дали мислите дека навистина вака функционираат работите ??????
Секако. Стави ја главата под вода ама уместо воздух посакувај мудрост и ќе успееш.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Јас мислам дека сократ сексуално го злоставувал момчето
Прав Атињанец :ROFLMAO:

А за желбите.Имаше една мисла:Внимавај што посакуваш,можеби ќе ти се оствари.
Ми се дешавало доста пати.Не знам да го објаснам процесот,ама било.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Primerot ne e adekvaten so naslovot na temata. Poukata ne ti bega, ali sreka da si ostvarues zelbi toa tesko, i da si najsreken koa ke pomine se ke bides duplo nesreken oti ke zalis za ubavinata zdravjeto mladosta koja nepovratno pominala, znaci primerot ic ne odgovara.Ostvaruvanje zelbi u smisla sreka toa najmalku zavisi od tebe, nego ako imas srekni okolnosti, ubavo kaza toj so primerot gladni so umiraat.
 
Член од
27 јуни 2011
Мислења
15
Поени од реакции
5
Зависи што ти е желбата.... Колку е реално остварлива. И ја иам желба да ја опнам Гема Аткинсон али тешко остварлива е.
И немојте со она срањана импосибл ис натинг, пошо не е така...
Епа гледаш не ти е толку силна желбата ......и јас имав желба да ја опнам katy perry ....и конечно успеав :DDD
 
S

smexy

Гостин
Да така функционираат,али забораваш дека ти не си единственото битие во Универзумот.И не е се чиста Волја.
--- надополнето: Jul 1, 2011 12:55 PM ---
Епа гледаш не ти е толку силна желбата ......и јас имав желба да ја опнам katy perry ....и конечно успеав :DDD
pics or it didn't happen.
 
Член од
19 април 2007
Мислења
629
Поени од реакции
37
Primerot ne e adekvaten so naslovot na temata. Poukata ne ti bega, ali sreka da si ostvarues zelbi toa tesko, i da si najsreken koa ke pomine se ke bides duplo nesreken oti ke zalis za ubavinata zdravjeto mladosta koja nepovratno pominala, znaci primerot ic ne odgovara.Ostvaruvanje zelbi u smisla sreka toa najmalku zavisi od tebe, nego ako imas srekni okolnosti, ubavo kaza toj so primerot gladni so umiraat.
Не би се согласил...Цел во животот, било каква, колку и да не изгледа реална, треба секој од нас да ја има...Посакувањето на нешто, т.е имањето на еден сон, и за тој сон да се оствари, не е потребно само да се помисли, и ако се увиди дека патот до целта е тежок, да си речеме - " Ех ова е тешко...не е остварливо..". Треба целта што ја замислуваме да ја посакуваме со цело срце, со цела душа, да сонуваме и кога не спиеме...Ништо, во овој живот што вреди да се има, не доаѓа лесно..Ништо неможеме да добиеме без нешто да жртвуваме...

Nihilista, не би се согласил со тоа твоето дека треба да се има среќни околности, или едноставно да бидеш "среќен", т.е да имаш среќа, за нешто да добиеш...Исклучок на најсиромашните и гладните деца низ светот...незнам како да го објаснам тоа, зашто се тие од раѓање осудени на пропаст..повеќето, има и такви што успеваат да се извлечат од таму.

Според мене, постојат два типа на луѓе. Првиот тип на луѓе, се оние кои целиот свој живот ги чекаат можностите на тацна, за на готово да ги земат. И тие безкрајно чекаат, притоа ќе завршат некој факултет што речиси и не ги интересира, почнуваат да работат нешто што го работат за да имаат за живеење, и да се рече дека нешто работат, а тоа воопшто не ни го сакаат, НИТУ го замислувале дека ќе го работат...И целиот живот ќе го поминат во жалење и фрустрации (за неостварување на она што НАВИСТИНА го сакале, но немале храброст да го остварат, и не биле спремни да ризикуваат за тоа НЕШТО), чекајќи некое чудо да им се случи...

Вториот тип на луѓе, се оние луѓе кои не чекаат можностите да им дојдат кај нив, не чекаат ништо на готово...Ако видат дека нема можност, тие ја креираат можноста...тие ја креираат својата сопствена среќа, со трудот вложен. Овие луѓе се оној вид на луѓе кои го живеат својот сон, го живеат животот на свој начин, онака како што го замислувале.

Една од разликите меѓу двата типа на луѓе, е стравот што едните го имаат, а другите го немаат, за да ризикуваат нешто, за да добијат нешто повеќе. Луѓето кои не се плашат да го "бркаат" својот сон, својата цел, по било која цена , се оние луѓе кои успеваат во животот. Тие ја програмираат својата психа, дека можат да остварат било што, макар и не успеале од прв пат, и не би успеале уште 100 пати, но знаат дека некако, ќе изнајдат начин тоа што вистински го сакаат, да го остварат, без разлика на се. Да, DracevoTheCity, Се, ама баш се е возможно, се додека се посакува со целото свое срце, со целата душа, дух, битие...

Многу луѓе(несерќните, искомлексираните, незадоволните) си се тешат, си олеснуваат на себе, со тоа што викаат дека успешните луѓе успеале заради тоа што имале среќа, имале среќни околности, живееле во место каде што имало услови, и така натаму..листата е огромна на вакви "олеснителни мисли". Секој успех е заслужен. Никој што успеал не го добил тоа по полесниот пат. Нема полесен пат, не постои shortcut до нашиот сон. Никој не успеал без препреки и кризни моменти во процесот на остварување на сопствениот сон. Кога ќе се најдеме во таков ќорсокак, кога ќе дојдеме до некоја препрека, треба само да се запрашаме..."Дали ќе имам доволно храброст да пројдам ние оваа пречка, или ќе дозволам да ме запре на патот кон остварување на мојата цел ?"
Препреките на патот, постојат заради една, и само заради една причина...Проверка на колку НАВИСТИНА го сакаме она што го посакуваме.Ниту еден бизнис , ниту еден успешен човек, успешен спортист, успешна компанија , не успеала со некаква маѓија, или преку ноќ...Сето тоа е продукт на макотрпна работа, и храброста да се помине преку БИЛО каква препрека во патот кон целта...

Самите ние сме нашиот моторен погон, и самите ние сме кочницата во животот. Само НИЕ можеме да си ја креираме сопствената судбина.
Секогаш постоеле, постојат, и ќе постојат луѓе кои ќе речат дека она што го замислуваме, е невозможно, неможе да се оствари...Единствениот некој, кој може да им докаже, дека СЕ во право, или дека НЕ СЕ, си само ТИ, и никој друг...Единствениот некој, што не задржува во остварување на целта, сме самите ние...Секогаш, кога нема да се успее во нешто, е најлесно е да се посочи некој друг, т.е да се обвини некој друг дека тој всушност е крив, што не сме успеале да го направиме она што сме сакале да го направиме...Но реалната слика е поинаква...све зависи од нас, и само од самите нас...Сите имаме шанса, секое утро, секој нов ден, да го направиме она што сакаме да го направиме...Никогаш не е доцна да го направиме она што од секогаш сме посакувале...Само ние избираме како ќе го поминеме животниот век, на кој начин, со кого и каде...

Само треба да се почне патот кон целта, онаа работа кон која имаме болна, опсесивна пасија, и само ако веруваме во себе, ќе бидеме зачудени до каде све можеме да стигнеме, и што све можеме да оствариме...Треба да веруваме, дека нашата цел е вредна за било каква жртва, за било колку жртви за конечно да се стигне онаму каде што се посакува, и да се оствари она што се посакува...
Следните генерации на успешни луѓе, идни успешни спортисти, музичари, пејачи, го знаат својот пат и знаат каде и како ќе завршат на овој свет...Дали ТИ знаеш ?

We shape and create the life the we choose.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Da ja objasnuvas nevrabotenosta so faktot deka ima mrzlivi luge vo najmala raka e zamizuvanje pred faktot deka vrabotuvanjeto zavisi od rabotodavcite a ne od onie koi baraat rabota.
Znam eden sto imase golema cel ama umre na 30 g, sekojdnevno umiraat luge koi se optimisti i imaat golemi celi i planovi so zivotot .A primeri imas kolku sakas.Za uspesnite da ti kazam deka kvasecot go pravi lebot i deka uspesnite zemji kako Svedska, Finska, Danska...si gi sredile ubavo rabotite i tamu ne se zanemaruva nieden del od celinata.
Da bea vo Britanija ili USA nemaa da bidat anonimusi i posle 25 g da snimat eden album nego ke imaa kariera. Posle Beni sto rece ne znam kakov peac da sum los za 80 miliona pazar ke ziveev dobro od muzika.Taka da...
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Eве да земеме чисто хипотетички една ситуација.
Kako дете сте биле мелтретирани цело време освен во случаи кога сте биле болни.
Бај енд бај сте почнале да се разболувате почесто.....поминале 20 год и не сте толку често болни.
Се разболувате и имате желба да оздравите.
Или па сте имале желба да се разболите.
Кое од овие две е?
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Желбите не се остваруваат ние кога посакуваме, туку кога е вистинскиот момент за тие да станат стварност. Тоа сама сум го увиедела и сватив дека желбите порано или подоцна можат да се остварат доколку се реални и возможни (во случајот нема како погорните примери :))
Точно е дека ако нешто силно посакуваш, ке ти се оствари.. но не можеш истото да го посакуваш силно и да седиш со скрстени раце.. потребно е да помогнеш и да се трудиш да го оствариш.. всушност ништо не е невозможно така да, со доволно голем труд и посветеност можат да се остварат многу желби и соништа и најважно е да не се слушаат другите.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Универзумот баш не прави нешто за да ти помогне, туку ти ја репрограмираш својата подсвест и почнуваш да гледаш можности за остварување на својата цел.
Тоа е тоа, затоа целат можеш да постигнеш се што ќе посакаш доколку се посветиш...се е во главата.
Се разбира ова не важи кога владеат природните закони.
Ако ти велат ако имаш слина желба за летање ќеполеташ...не баш.
Имај најсилна желба и иди скокни од 13-ти да видиш шо ќе ти се деси.

The Secret and Law of Attraction и сите New Wave начини на размислување се прекрасни маркетиншки финти за нова религија.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Желбите се само залажување на самите себе си. Никогаш нема да бидеме задоволени. Сакате нешто. Но што кога ќе го добиете тоа? Дали таму ќе престанете да посакувате нешта? Не. Напротив. Уште и уште....и уште. Се` повеќе и повеќе и никогаш задоволни од она што го имате. Од толку желби ќе заборавите што вистински сакате. Ќе заборавите што било тоа што ве исполнува. Ќе тонете во желби, но никогаш во задоволство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom