Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

  • да

    Гласови: 36 39,6%
  • не

    Гласови: 47 51,6%
  • не знам

    Гласови: 8 8,8%

  • Вкупно гласачи
    91

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Со други зборови, умри од рак на тестиси.... И ако ти се деси случајно нешто ,,ноќе,, 10 ,,оче наш,, или ,,аве марии,, (зависи) и ќе ти биде гревот простен, зачини го сето тоа со по некој камшик и така..........
Се што се потиснува станува само посилно, а потиснување на така силен нагон како сексот, може да предизвика низа на ментални и хормонолошки пореметувања. Од друга страна крајно е нелогично за еден совршен креатор да создаде нагон кој потоа ќе го забранува и смета за грешен.....нели?!
Овие религии во својата суштина за цел имаат да наметнат чуство на грижа кај луѓето кое потоа некому ќе му користи сосема совршено за манипулација и подведување. Ако воопшто може да се каже дека постои "грев", тогаш тоа се овие религии.
Децата се докажано подложни да прифаќаат без прашање речиси се од некој што во нивните очи е авторитет, ако се задојат со идеи дека се родиле грешни, дека нивните нагони и потреби се грев, дека треба за секој оргазам да бараат прошка....тоа за мене е најголемиот грев кој некој може да му го направи на своето дете.
Револуционерен поглед во педагогијата и воспитувањето - СТОП за религии!
Апсолутно! (y)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Револуционерен поглед во педагогијата и воспитувањето - СТОП за религии!
И атеизмот е еден вид неорганизирана религија, со сопствена материјалистичка идеологија, со сопствени убедувања - кои иако не ги нарекуваат верски убедувања, сепак се темелат на вера. И меѓу атеистите има хедонисти, егзистенционалисти, натуралисти, Дарвинисти итн. И тие се верници во својата вера, и тие веруваат во своите убедувања. И секуларизмот во својата основа го има атеизмот. И модерната психологија и социологија се темелат на атеистичката идеологија. Дали можеме да кажеме „СТОП“ и за овие?

Во цел развиен свет се промовира верската рамноправност, слободата на вероисповедта, а вие се уште со средновековни слогани СТОП за религии! СТОП за верувањето на другиот! НАПРЕД за моето верување! :)
Поздрав!
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Според христијанството несмееш ни да мастурбираш колку што знам! :)
Не смееш ниту да мастурбираш :)
Библијата не споменува никаде конкретно дека е забранета а некои стихови се тумачат произволно дека е а всушност никаде не е ни спомната :).

Затоа и реков дома ќе си правиш што сакаш кога никој не те гледа (во најлош случај ќе кажеш прости ми грешам) а не смееш да задоволиш девојка или машко, со други зборови корист никаква а некои ќе имаат и штета од стискање кога им се сака а не смеат за да не бидат „грешни“ :).
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.853

Има брате има, се вика ,,себељубие,, итн. Еве ти гарантирам вернициве ќе ти објаснат подобро :)
--- надополнето: Jun 26, 2011 3:48 PM ---
И атеизмот е еден вид неорганизирана религија, со сопствена материјалистичка идеологија, со сопствени убедувања - кои иако не ги нарекуваат верски убедувања, сепак се темелат на вера. И меѓу атеистите има хедонисти, егзистенционалисти, натуралисти, Дарвинисти итн. И тие се верници во својата вера, и тие веруваат во своите убедувања. И секуларизмот во својата основа го има атеизмот. И модерната психологија и социологија се темелат на атеистичката идеологија. Дали можеме да кажеме „СТОП“ и за овие?

Во цел развиен свет се промовира верската рамноправност, слободата на вероисповедта, а вие се уште со средновековни слогани СТОП за религии! СТОП за верувањето на другиот! НАПРЕД за моето верување! :)
Поздрав!
Стоп за атеизам, стоп за религии, стоп за деизам, стоп за БИЛО КАКВО СПОМНУВАЊЕ НА НЕ/ВЕРА.
НЕМА ТАКОВ МУАБЕТ ДОМА.
ТОЧКА.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Има брате има, се вика ,,себељубие,, итн. Еве ти гарантирам вернициве ќе ти објаснат подобро :)
Не знам како се вика ама такво нешто не најдов, еве постирај некој стих па ќе видиме. Грчкиот превод многу произволно се толкува и нема консензус за значењето :).

Во краен случај забранета или не хипокризија е целата работа и само наметнува чувство на кривица и страв :).

Еве една референца:
http://www.religioustolerance.org/masturba3.htm
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Реално, сите ние би сакале нашите деца да ги имаат истите религиски убедувања, без разлика дали е тоа атеизам,православие,ислам и слично, ама во животот не е секогаш така.Сигурно дека на некој свештеник не би му било сеедно децата да му се заколнати атеисти, а и обратно,и атеистот не би сакал децата да му се претворат во религиозни фанатици.Работата е во тоа да поставиме граница каде почнува и каде завршува нашето право да се мешаме во нечиј избор.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.853
Не знам како се вика ама такво нешто не најдов, еве постирај некој стих па ќе видиме. Грчкиот превод многу произволно се толкува и нема консензус за значењето :).

Во краен случај забранета или не хипокризија е целата работа и само наметнува чувство на кривица и страв :).

Еве една референца:
http://www.religioustolerance.org/masturba3.htm
Ќе почекаме верниците да се произнесат, од мене си нашол стихови да бараш.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не знам како настанала сидата, ама пишав еден начин камо може да се искорени само за една генерација: доколку секој човек си одбере само по еден сексуален партнер.
Сидата не се пренесува само со секс, децата на заразените од сида мозат да носат сида, нивните деца исто, имате ли некој план во христијанската заедница како да им се забрани на носителите на вирусот да имаат деца?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Сидата не се пренесува само со секс, децата на заразените од сида мозат да носат сида, нивните деца исто, имате ли некој план во христијанската заедница како да им се забрани на носителите на вирусот да имаат деца?
Тогаш можеби попрецизно е да се каже дека за една генерација бројот на болните од сида рапидно би се намалиле, а во 2-3 генерации и сидата целосно би исчезнала.

Дали човек практично може да заболи од сида ако се чува до брак и ако најде партнер што исто така се чувал до брак?
Потенцирам „практично“ затоа што теоретски секако дека е можно некој на спиење да ти боцне со шприц во кој што има крв заразена со сида. Но факт е дека тоа практично не се десило.
 
F

Frankie Yale

Гостин

A koj ke mi plaka 500gb internet dodeka ne se ozenam ako moram da se vozdrzuvam vaka? Ima podobra, poeftina i daleku poprakticna varijanta, se vika: koristenje na kondomi.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
A koj ke mi plaka 500gb internet dodeka ne se ozenam ako moram da se vozdrzuvam vaka? Ima podobra, poeftina i daleku poprakticna varijanta, se vika: koristenje na kondomi.
Какви кондоми бре чоече, тоа католичка црква има строго забрането. ;)
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Човекот едноставно не е биолошки програмиран да живее во целибат,без разлика дали е тоа цел живот(како католичките свештеници на пример,кои поради тој вештачки наметнат целибат силуваат деца) или пак до 30 години(до брак, нели),уште кога ќе се земе во предвид и дека Црквата забранува и мастурбација , тоа едноставно е невозможно,секако зборувам за здрави и нормални индивидуи.Нека ми одговори некој од верниците, дали чекал до првата брачна ноќ за секс,притоа не мастурбирал, и потоа во брак имал секс само за репродуктивни цели?Абе ајде....А најголема небулоза е забраната да се користат кондоми и било каква контрацепција,уште една од низата небулози пропагирани од Црквата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom