http://capitalism.blog.mk/2011/06/29/edna-poraka-do-mladite-pretpriemachi/
Една порака до младите претприемачи
„Не работете за пари, парите нека работат за вас“
Ова е една од најдобрите препораки која ја дава Роберт Киосаки. Воден од мотото
„Употребливо знаење, а не финансиски приказни“ Киосаки има објавено неколку книги од областа на бизнисот во кои ги сублимира сопствените искуства.
„Новите правила во врска со парите“ е можеби најпластичен прирачник во кој се третира секој чекор, од отпочнувањето на бизнисот, преку настапот на пазарот, па се до најдобрата калкулација на вашето работење кое ќе донесе повеќе пари за вас, а помалку даноци за државата.
Без разлика на бизнисот кој би го започнале, имајте во предвид дека сме држава во која приватниот бизнис е генерално негативно вреднуван, особено доколку сте успешни и задоволни од сопствените резултати. Државата сеуште присилно ги наплатува социјалното и здравственото осигурување, инспекциите стануваат се почести, дозволите се побројни, регулативите се построги… ограничени сте и во поглед на реинвестираните средства, ограничени сте дури и во однос на средствата кои ги поседувате на сметка. Впрочем, таков е и современиот европски тренд.
Како времето поминува, ваквите репресии сигурно ќе стануваат се поголеми, се побројни и се почести. Затоа би ве советувал, доколку имате соработка со странски партнери, взаемните обврски да ги реализирате исклучиво преку
Off Shore фирма.
Што е тоа
Off Shore фирма?
Во принцип може да ја отвори секој. Во светот постојат одредени мали државички, најчесто острови или пасивни провинции кои се неатрактивни за било какви инвестиции. Поради тоа истите дозволуваат отворање на фирми за кои не се плаќа никаков, или многу мал данок. За отворање на
Off Shore фирма не е потребно да одите на далечните острови кои тоа го дозволуваат. Постојат агенти во нашава околина кои за вас ќе ја завршат целата работа за симболична сума.
Одкако ќе ги пополните соодветните формулари, до комплетната документација најчесто се чека 30-60 дена, после што добивате уверение за регистрираната фирма, како и жиро-сметка во државата каде фирмата се наоѓа. Увид во сметката имате преку софтверот за електронско банкарство, кој го добивате заедно со останатите формулари за регистрација на фирмата. Добивате и дебитна картичка преку која ја повлекувате акомулираната добивка од било кој банкомат во Македонија или во светот. Дебитната картичка го носи името на
Off Shore фирмата, а не вашето име и презиме.
Сумата за регистрација на
Off Shore фирма се движи од 1000 до 1500 долари, зависно од државата каде ја регистрирате. Одкако еднаш ќе ја регистрирате, имате фиксен годишен данок од 400 до 700 долари, што повторно зависи од државата каде се наоѓа вашата
Off Shore фирма. Освен годишниот фиксен данок, други даноци нема. Без разлика дали во годината ќе остварите добивка од милион долари, или ќе остварите загуба, фиксниот данок останува ист…400 до 700 долари годишно. Други давачки кон државата НЕ ПОСТОЈАТ!
Освен тоа, името на сопственикот на
Off Shore фирмата, како и имињата на евентуално вработените, се информации кои се чуваат во најголема тајност. Било каква стечајна постапка во вашата матична држава, било каква конфискација, бракоразводна парница или сл, неможе да се одрази негативно на контото на вашата
Off Shore фирма. Сопственик или управител на
Off Shore фирма немора да биде физичко лице, туку може и друга
Off Shore фирма. На тој начин податоците за вашата
Off Shore фирма се уште подобро заштитени. Може да се каже дека тајноста на податоците и симболичниот данок, се фактички главната причина за работење преку
Off Shore фирма.
За
Off Shore фирмите не постои било каква финансиска контрола од страна на државата, ниту било каква државна ревизија, ниту пак на крајот на годината сте должни да изготвувате годишен финасиски извештај. Единствената обврска спрема државата останува годишниот паушал од 400-700 долари, и тука завршуваат сите ваши обврски.
-Нема Централен Регистар,
- нема УЈП,
- нема пријави/одјави во завод,
- нема придонеси,
- нема даноци,
- нема инспекции,
- нема милиони обрасци за разни министерства,
- нема парични ограничувања на сметка, итн…
Како тоа изгледа во пракса..?
Offshore фирмата користите ја како посредник. Доколку посредувате помеѓу увозник од Македонија и извозник од странство… Најдобро е
Off Shore фирмата да се јави како купувач на робата од странство, а увозникот во Мк како купувач од
Off Shore фирмата. Фактурирањето оди по истиот редослед, додека плаќањето оди обратно. Увозникот од Македнија и го плаќа на
Off Shore фирмата полниот износ за робата кој меѓудругото ја вклучува и добивката, додека
Off Shore фирмата му ја плаќа на извозникот од странство само набавната цена. Не е тајна, увозникот во Македонија и сопственикот на
Off Shore фирмата е најчесто едно исто лице. На тој начин, акомулираната добивка се книжи на конто на
Off Shore фирмата, додека во Македонија увозникот покажува дека робата ја продава всушност по набавна цена, односно дека нема никаква добивка.
Доколку сите три актери (извозник,
Off Shore фирма и увозник)се сепак различни, секој со своја добивка… тогаш увозникот додава своја маржа на робата на која плаќа данок, или пак во договор со сопственикот на
Off Shore фирмата ја делат зголемената добивка која е ослободена од данок. Постојат различни договори, и сите ви носат повеќе пари и далеку помалку грижи одколку вообичаеното работење.
Останатото е исто, увозникот плаќа ДДВ на државата, и останатите предвидени давачки, извозникот го плаќа исто својот дел кој го предвидуваат процедурите на неговата земја. Се функционира на ист начин, со малку повеќе „папирологија“ но без апсолутно никакви компликации околу заработените пари.
Па, со среќа…
Работете паметно, а не напорно!
Ќе му се најди на некој можеби