Еминем

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Го прегледав спотот вчера....

Зошто поранешна?

Па имаше една изјава од подамна дека се откажува од порнографијата и ондак то. Нз колку е точно, јас текстов го најдов на нет а за неа така имам од негде слушнато или прочитано кој да памти xD
 
И спотот и песната се врв, само денеска песнава ја пуштив 30-40 пати и во моментов ја слушам, браво за Еминем одличен сингл ..
 
Песната е хит, уште пред да излезе спотот. Поточно од минатогодишниот Recovery.
 
Ве молам без отворање посебни теми за секој спот. Темата е споена со оригиналната тема за Еминем.
 
Познатото списание Rolling Stone го прогласи Еминем за најуспешен рапер. Во борбата за моќната титула Еминем ги остави зад себе Џеј-Зи и Кание Вест, кои заработуваат повеќе од познатиот Slim Shady.
eminem.jpg
За да ја донесат конечната одлука, уредниците на списанието зеле во предвид податоци за продажби на албумите, рангирањето на песните на музичките топ листи, заработката од концерти, бројот на добиени награди и популарноста на друштвените мрежи од 2009 година досега.
Темелното истражување покажало дека Еминем продал 7,5 милиони примероци од двата албума „Relapse“ и „Recovery“, а го освоил и првото место според популарноста на друштвените мрежи со скоро 5 милиони следбеници на Twitter и 45 милиони фанови на Facebook.
 
Веројатно се работи за актуелни рапери, а на некои изведувачи воопшто и не им е место во анкетава!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom