Љубов за пари или љубов од срце

  • Креатор на темата Креатор на темата NightWish...
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
569
Поени од реакции
339
Постојат многу случаи каде што „цвета љубовта“ само поради големото богатство на партнерот. Некои сметаат дека се поретка е искрената љубов, љубовта од срце.
Сакам да го видам вашето мислење во врска со темава :)
 
Јас мислам дека колку и да е големо богатството...тоа е минливо..а вистинската љубов не е минлива..можеби во овој суров свет ретко се наоѓа таква љубов..но тие што имаат добро срце ја најдуваат... <3
 
Колку и да е суров овој свет сепак не е ретка вистинската љубов, постојат многууууууууууууууу луѓе кои знаат вистински да сакаат и вистински да бидат вљубени. Ме интересира како другите гледаат на љубовта поради парите ;)
 
Во бракот нема љубов. Љубовта ја измислија комунистите за да дојдат само до секс без да платат.

За бракот да биде успешен треба да има меѓусебно разбирање помеѓу брачните другари и меѓусебно почитување. И здравје. Пари се прават, ако сето ова е исполнето.
 
Љубов за пари не постои. Тоа не е љубов! :)
Кој вели дека не се купува љубов?
Уште одамна постои изреката:

If You want to buy love, buy yourself a dog

Саму да н’ се зезнит некој мачка да купит, тие не и сакет стопанишќана.
 
Ако имаш кеш имаш се па дури и љубов...али има и ретки случаеви каде шо материјалната способност не е толку важна ..според мое искуство и гледање на работите.
Има една изрека ..Ако имаш здравје другото не е важно ке имаш се ..али тоа го рекле луѓе над 50 лета :),а помладите викаат: Прво имај пари па се друго ке имаш..
 
Заеби љубов кога немаш пари :D
 
Кога се работи за оние богати бракови..па и не сум сигурна дека постои вистинска љубов..Не дека нема случаи кога се засакуваат луѓето ама мислам дека тоа е поретко. Додека пак, кога двајца ќе се засакаат искрено, ќе станат зависни еден од друг и се долго време во брак каде поминуваат најразлични работи... добро,лошо,сиромаштија...заедно се борат во сето тоа..се развива нешто посилно од онаа љубов кон парите. :)
Ова е мое мислење на кратко...не ми се филозофираше баш. :)
 
Јас никогаш не би стапил во брак, поради пари. Тоа за мене би ми било жив пекол. Да спијам секоја вечер покрај некоја а да немам желба да ја прегрнам. Поубаво би ми било да сум просечен граѓанин, но едвај да чекам да си отидам дома, зашто таму ме чека некој што ми недостасува. Но од она што се случува денес ако бидеме искрени, мислам дека денес повеќето не гледаат љубов туку прилика ( можеби грешам, но ова 98% се однесува на женскиот пол). Ако некоја девојка има двајца додворувачи, од кои едниот е финансиски добро статуиран (Стан во Скопје, Охрид, вила на Маврово, добар автомобил), а вториот е просечен дечко ( кој за разлика од првиот има поголема интелигенција, амбициозен е, работи напорно да постигне нешто, и најважно од се имате поголеми симпатии кон него) кој ќе го одберете. Јас гласам дека повеќето девојки ќе го одберат првиот. И сум сигурен дека колку и да се правите скромни, никојс не замижува пред добра прилика. Пример знам девојки кои не сакаат да чујат за дечко, кој нема кола и сл.
Секоја чест на исклучоци. Поздрав..
 
Па и ова мислење е исцрпно, а ако започнеш повеќе да филизофираш сигурно ќе кажеш уште паметни работи :)
--- надополнето: Jun 24, 2011 4:00 PM ---
Кој вели дека не се купува љубов?
Уште одамна постои изреката:

If You want to buy love, buy yourself a dog

Во потполност се согласувам дека љубовта може да се купи и дека постои така наречена љубов за пари.... Не ја оправдувам ваквата љубов но ете сепак постои
--- надополнето: Jun 24, 2011 4:09 PM ---
Јас никогаш не би стапил во брак, поради пари. Тоа за мене би ми било жив пекол. Да спијам секоја вечер покрај некоја а да немам желба да ја прегрнам. Поубаво би ми било да сум просечен граѓанин, но едвај да чекам да си отидам дома, зашто таму ме чека некој што ми недостасува. Но од она што се случува денес ако бидеме искрени, мислам дека денес повеќето не гледаат љубов туку прилика ( можеби грешам, но ова 98% се однесува на женскиот пол). Ако некоја девојка има двајца додворувачи, од кои едниот е финансиски добро статуиран (Стан во Скопје, Охрид, вила на Маврово, добар автомобил), а вториот е просечен дечко ( кој за разлика од првиот има поголема интелигенција, амбициозен е, работи напорно да постигне нешто, и најважно од се имате поголеми симпатии кон него) кој ќе го одберете. Јас гласам дека повеќето девојки ќе го одберат првиот. И сум сигурен дека колку и да се правите скромни, никојс не замижува пред добра прилика. Пример знам девојки кои не сакаат да чујат за дечко, кој нема кола и сл.
Секоја чест на исклучоци. Поздрав..
Ми се допаѓа коментаров, потполно си во право, за жал во денешно време се повеќе девојки трчаат по милионерчиња.....
 
Кој вели дека не се купува љубов?
Уште одамна постои изреката:

If You want to buy love, buy yourself a dog

Саму да н’ се зезнит некој мачка да купит, тие не и сакет стопанишќана.

Во потполност се согласувам дека љубовта може да се купи и дека постои така наречена љубов за пари.... Не ја оправдувам ваквата љубов но ете сепак постои
Не ми ја сфати поентата што сакав да кажам.
Велам дека не може да се купи љубов, освен во посочениот пример со купувањето куче. Секоја друга „купена“ љубов, не е љубов туку користољубие.
 
demoti1308936690.jpg
 
Чичко, чичко, Јас знам кој е милонелот тука. Зенцката сигулно...:p
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom