Принцезичка
courage is contagious
- Член од
- 12 декември 2008
- Мислења
- 1.556
- Поени од реакции
- 348
Луѓето кои своеволно дале отказ на работните места отсега ќе можат да се пријават како невработени и да добиваат здравствена заштита. Уставниот суд укина еден член од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, потенцијално засега десетици илјади луѓе во Македонија. Од движењето „Ленка“, кое заедно со здружението „Магна Карта“ ја поднесе иницијативата до Уставниот суд, велат дека бројот на луѓе кои своеволно даваат отказ во земјава е мал. Сепак, многу повеќе има работници кои газдите ги присилуваат да потпишат бланко-отказ уште кога почнуваат со работа. На овој начин, компаниите ги заплашуваат вработените, а кога ќе ги отпуштат, имаат пишан доказ дека тие всушност сами се откажале од работата.
Работничките права во Македонија ги кршат и државата и приватниот сектор, а делумна причина за тоа и слабата информираност на граѓаните, велат од „Ленка“. Законите кои ја уредуваат оваа област, со години трпат измени, кои редовно одат на штета на работничките права, а во корист на државата и работодавачите.
Во последната анкета која ја спроведе компанијата за истражување на пазари ГФК, Македонија е на дното според подготвеноста на работниците да го сменат работното место - секој петти вработен изјавил дека би ја напуштил сегашната работа, без оглед на тоа дали е задоволен од неа. Во исто време, Македонија води според лојалноста на работниците кон работодавачите. Сепак, оваа лојалност според експертите не потекнува од добрите услови за работа во македонските компании, туку од стравот кај вработените дека ако си одат, потоа тешко ќе најдат каква било работа.
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=38362
А бе робовладетелска земја сме ние или што?
До сега важело ако си дадеш отказ тоа е тоа?