Фан клуб: РК Пелистер

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Е за ова баш се надевам дека е само шпекулација, знаејќи ги голем дел од текстовите на Г.А.
Реално Пецакот е засилување ама само за со екипи како Борец, Тинекс... Чантурија е брз играч, ама Иве? Значи автоматски не се рачуна ни на Васко ни на Унчевски за десно крило. Значи сепак правиме екипа со просечни играчи ниедно екстра засилување нема досега... Мисовски отскокнува од другите едино. Значи чим се појачваме со вакви играчи (дај боже да грешам) ама многу многу тешко да ќе успејме да кутниме еден од Вардар-Металург и да дотуркаме далеку во европа. :unsure:
Тешко дека се шпекулација информациите од Дневник...
Речиси секогаш давале точни информации во врска со ракометот,со трансфери,многу побрзо од другите весници,посебно од Спорт...
Околу играчите....
Чантурија е играч на место,докажан,добар техничар,брз....типично крило,ќе биди големо засилување за Пелистер во ова сум сигурен...
За Иве се сложвам,според мене неговото време помина..нема играно бааги време....
Треба да се остај Василе да си биди во екипата....
Пецакот,дечкото беше страшен талент....штета шо го налегнаа повредите...
Има добар шут,движење....добар е во одбрана....ама можи да се користи само во дел од мечот....
Како замена за првиот лев бек ќе биди таман....
Сигурно ќе се донеси уште еден лев бек,најверојатно Раде Стојановиќ....
И тој мака мачеше со повредите,ама да се надеваме дека ќе се покажи како на времето...
Останва десен бек,ако дојди Мајнов...ако не ќе треба да се бара друга опција....
Ова во случај да остани и Пинки,ако си оди Пинки...ќе треба двајца на таа позиција....
Пикер мора обавезно,и уште еден среден бек....(ако остани Везениот)....
И тој ќе биди тимот...со 7,8 засилувања летово+дел од старата екипа еве го ростерот....
Околу тие ЕКСТРА ЗАСИЛУВАЊА....
Тешко дека ќе се докопаме до некој таков,барем не оваа сезона...(освен ако не изненадат нашите)...
А и такви играчи тешко се најдуваат...
Кога еден Металург мака мачи да донеси играчи,шо останва за нас....
За почеток и со овие играчи ќе завршиме работа....
Проверени играчи се ...Перо,Чантурија,Раде и Пецакот доколку ги одминат повредите.....Мајнов.....не е лош изборот...за македонски услови би рекол супер засилувања....
Ќе имаме доста солиден тим,добро пополнат на секоја позиција....
Дали ќе биди доволно да се вмешаме во борбата за првите две места ќе видиме.....
А за во Европа се знај...ќе туркаме дури не налетаме на некоја екипа од Германија,Шпанија.
Две кола да поминиме е добро,се останато е кец на десетка...
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.370
Поени од реакции
5.461
ОФИЦИЈАЛНО:
Татран Прешов нема да учествува во Регионалната (СЕХА) лига
За влез од местото на Татран ќе се борат 3 екипи од Хрватска, Србија и Македонија
Екипите: Бјеловар, Колубара и Пелистер ќе играат бараж за влез во Регионалната лига, баражот ќе се игра на неутрален терен во Босна, најдобриот од овие екипи влегува во Регионалната лига !!!
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
ОВА Е СУПЕР!!!
САЛАТА КЕ БИДИ ТОП....
А СПРЕМАЈТЕ СЕ И ЗА ''ПРОШЕТКА" ДО БОСНА :)

И ОВИЕ ТЕЛЕВИЗИИТЕ МОРА ДА ОРГАНИЗИРААТ ДИРЕКТЕН ПРЕНОС ОД ТАМУ, МОРА МАЛЦЕ ДА СЕ ЗАИНТЕРЕСИРААТ И НОВИНАРИТЕ, ПОБРЗО ДРУГИ РАЗБИРААТ ОД НИВ... СРАМОТА Е ОВА:mad:
 
Z

ziko bt

Гостин
Ако не излези нешто со регионалната лига првата утакмица ја играме против Преспа дома.
 

mhm

Член од
14 февруари 2011
Мислења
19
Поени од реакции
7
А дали знаете кога ќе се одржи овој баранж и дали имате шанси со овие две екипи ?
Со среќа и да гледате да отидете вo Босна ;)
 
Z

ziko bt

Гостин
А дали знаете кога ќе се одржи овој баранж и дали имате шанси со овие две екипи ?
Со среќа и да гледате да отидете вo Босна ;)
Не сум некој голем познавач на ракометот ама ми се чини ако се засили Пелистер како шо се очеква ако се игра ваков бараж патникот за регионална лига би се барал меѓу Пелистер и Колубара,ние не би биле сигурен фаворит ваљда оти би имале многу нови играчи,а со то и би биле понеуиграни,а Колубара незнам како стој финансиски и играчки моментално ама од шо знам лани зедоја двојна титула во Србија,а годинава 10тина бода имаја помалце од Партизан е сеа дали Партизан толку сјачале или Колубара не се то шо беа :) то можи ке кажи некој од форумов глеам има некој шо прилично се разбират од ракомето.И ко за крај Хрвативе,Бјеловар од шо прочепкав по интернет глеам бааги млади деца имат во составо и лани со бодовната разлика многу далеку беа од Загрев и Нексе,значи голема разлика во квалитет.Ако би имало бараж за да се пополни то место пошто лигава уште од сеа делува бааги несериозно се можи да се случи во наредниве деној,ако сериозно не се сјачат Србиве и Хрватите јас мислам дека Пелистер до негде би влегол во улога на фаворит,ама отом потом прво нека се официјализира ова па да видиме како ке изгледа составот на Пелистер.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Прв фаворит е Пелистер, втор по јачина се Бјеловар а Колубара се да речам како кај нас ГРК Кавадарци шо се:)
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Колубара беа јака екипа имаа играчи од типот на Прибак но финансиски паднаа и сега не се нешто посебно а Бјеловар не се нешто посебно
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Така да ние сме фаворити :)

П.С. Општината дала 500 000 за Рк Пелистер
- Сега кога веќе имаме спонзор (Силјан Мицевски) ич не ни е потребна вашата "помош":D
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Така да ние сме фаворити :)

П.С. Општината дала 500 000 за Рк Пелистер
- Сега кога веќе имаме спонзор (Силјан Мицевски) ич не ни е потребна вашата "помош":D
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F614B61F2A36CE4A91CB6265E6715ADC
Битола го помогна Пелистер со 500.000 денари
Ракометниот клуб Пелистер доби 500.000 денари финансиска помош од Советот на Општина Битола откако советниците го прифатија барањето на клубот за покривање материјални расходи. Претходно, во април годинава битолскиот суперлигаш финансиски беше поддржан и од ЕЛЕМ со три милиони денари за исплата на плати и премии на ракометарите.
Со памет да ги трошите :)
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Ништо од најавите за доаѓањето на Стојчевски во Пелистер денес тој го ставил потписот на нов договор со Металург на кој се обврзува на двегодишна верност кон тимот од Автокоманда ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom