Интересна тема за надреалното. Ќе ви опишам една бизарна случка која ми се лучи 1999 година во Велинград, Бугарија. До ден денес морници ме проаѓаат.
За летниот одмор таа 1999 година решивме со мојата сопруга(тогаш девојка,имавме по 23 години) да заминеме место на море, на планина бидејќи имаше главоболки почести и и рекле иди на планина прво па на море. Разгледавме по агенцииве и најдовме за Велинград некоја ефтина помуда за 10 дена. И стигнавме таму, се симнавме пред куќата кај што требаше да бидеме сместени со уште 2 други фамилии (мајка 70 години и син 40 ина, и мажи жена љубители на алпнизмот околу 50 години старост). Куќата од типичен селски стил на 3 спрата дигната од надвор без фасада, нели како кај нас и унтра повеќе соби на секој спрат по 4 имаше освен на последниот, каде имаше спална кујна и помала соба. Дворот беше голем и имаше два влеза и уште една куќа понатака само постара градба, во која живееше фамилијата, а новава ја издаваа на туристи. Влезот за нивната куќа беше од сосема спротивна страна од која ние влеговме за да се сместиме. Домаќините се претставија дека се Македонци, Иван се викаше таткото, и беа љубезни и не сместија нас на цел спрат најгоре кај спалната кујната и вецето што претходно опишав, бидејќи нели ние сме млади нас повеќе ни користи таков простор. Беше некаде 5 попладне. Се сместивме и прошетавме малку низ градот, селото како сакате и она што ме зачуди беше некако целиот неосветлен, со стари бандери , градби итн како да застанало времето, како во некои македонски села. НАсекаде по тоа бандерите исполепени Жални вести една врз друга, не ги ни симнувале. Првиот впечаток катастрофален - си викаме кај дојдовме ние
И се прибравме накај 9 навечер дома да се одмориме. Легнавме на спалната, и девојка ми брзо заспа. Јас потешко с епривикнувам на кревет различен од тој што ми е одма па потешко ми оди заспивањето. Беше крај на јули, многу топло. Над спалната имаше еден прозорец со дрвени ролетни затворен и ролетните затворени и уште еден од лево исто така затворен. Како што лежиме така испружени со главата под прозорот пред нас е вратата отворена, и со запалено светло во ходничето, почна да ми бива некако многу ладно а се затворено сите прозори а надвор 30 степена сигурно. И така лежејќи наеднаш забележав човечка сенка како помина покрај вратата. Се подзамислив малку и одма седнав на креветот и упорно се ѕверев натаму. По извесно време помина истата сенка но овој пат се заврте накај мене и јасно го видов ликот на жената кој делуваше страшно оти и беа закрвавени очите. Ме фати језа. ПОчнав да ја будам девојка ми и додека и објаснувам што гледам уште еднаш се случи истото. Се разбуди она, и почна д авика како можам да се зезам дека и се спие итн. ГЛедам на саат векје беше 12 и 30 навечер. И ми вика ај сеа ми се спие, ама ај да видам 5 минути дали стварно има нешто. И цело време се зезаше на мој рачун (наредни пар минути) кога наеднаш помина повторно сенката. Се здрви мојата девојка, и почна да зборува да си одиме, дека јас ја зезам нешто итн. Стана веднаш и запали светло у спалната. Запаливме секаде и во кујнат аи во малечката соба. Влеговме во неа и видовме војнички шинел, капа војничка и отворен куфер во кој имаше многу медали за храброст и некои дипломи од втората светска војна, сите доделенеи на дедото у куќата, уставри татко му на домаќинот кој бил офицер, како што наредните денови ни испораскажа. И никому ништо почнавме да играме карти за да не мислиме на тоа што видовме на масичката у ходничето, кога девојка ми пак пребледе велејќи ене ја пак жената. Овој пат јас бев со грб свртен п ане видов ништо. Веднаш се симна доле кај газдите и побара преместување на долниот спрат. ГО добивме преместувањето веднаш. Се беше во ред на долниот спрат и наредните неколку дена.
Најчудното се случи утредента. На никого не споменавме зашто се преместуваме, девојка ми кажа дек аимало бубашваби у кујната и затоа се згадила. За ручек седнавме со газдите и разговаравме за тоа кој е поголем Македонец дали они во Бугарија или ние во Вардарска Македонија, и домаќинот ни вика ела д ави покажам нешто од татко ми од војната како се третирале вистинските Македонци. И не носи во другата куќа сите нас од другиот влез. На влезот Жална Вест со сликата на жената што ја видовме вечерта. ГО прашавм екоја е , ни кажа мајка му кој апочинала пред 6 месеци, и дека спалната горе била спална на мајка му и татко му. Само се погледнавме , се распрашавме како да заминеме од таму и заминавме после 3 дена со воз.
До ден денес не ми е јасно како и двајцата видовм еиста работа, толку реална.