ФАМИС - Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи

  • Креатор на темата Креатор на темата Gunner_L
  • Време на започнување Време на започнување

Gunner_L

Lord , Lord Bendtner
Член од
7 април 2009
Мислења
922
Поени од реакции
500
Завршив 4та долго размислував и уште размислувам што да се запишам, вчера го рагледав овој факултет кој е дел од факулететот "Св. Климент Охридски " - Битола , и како најпривлечна работа ми се виде смерот за Европски интеграции и менаџирање на европски проекти. Дали има студенти кои може да кажат како е таму ,да пренесат искуства , дали вреди и какво(каде) е сместувањето?
 
Битола е релативно ефтина за сместување, имаш од 1000 денари до 300 евра :D

Факултетот е среден (сестра ми дипломираше на Администрација), и доста е развиен, идат многу познати фаци (домашни и странски политичари) итн

п.с in hurry - после подетално
 
Мене лично без врска ми е факултетов и незнам за шо би бил стручен ако бидам дипломиран менаџер на информациски системи,информациски системи во здраството или инженер на софтверски апликации,јавна администрација укината е веке втора година(смерот колку толку според името дава дознаење за што би бил стручен и каде би можел да работиш),а ова за европски интеграции и проекти најверојатно од годинава го воведоја,на име делува привлечно и веројатно дека понова е насоката професорите на првата генерација можи ке му попуштаат повеке.Јас и порано имам речено дека не ме бендисва факултетот ко факултет и нема иднина,ама сепак сеа за сеа ме побиват од првите генерации шо излегоја прилично голем број се имаат вработено е сеа дали е до факултето или само било потребно да има само дипломче црно на бело и појаки врски то незнам.
 
Битола е релативно ефтина за сместување, имаш од 1000 денари до 300 евра :D

Факултетот е среден (сестра ми дипломираше на Администрација), и доста е развиен, идат многу познати фаци (домашни и странски политичари) итн

п.с in hurry - после подетално

вработена е сестрати ?
 
Аха... и таа ко мене. Пред компјутер... дома 24/7 :S
 
Епа јас конечно завршувам 4-та..
па размислувам да идам на менаџмент за административно-оперативни работи... па ако има некој што е запишан на овој смер може да сподели искуство, препораки едно друго :)
ме влечат овие работи со менаџмент.. али не знам колку се исплати ова, па сега ке видиме... имам уште време, прво полагање матура али треба пак да се знае пред време за кои предмети да ги изберам за полагање
 
Кажете нешто за Менаџмент на информациски системи, брат ми сака да се запиши ваму, а и не е многу по учењето... Па добро би дошол некој совет од некој студент на овој смер. :)
 
Кажете нешто за Менаџмент на информациски системи, брат ми сака да се запиши ваму, а и не е многу по учењето... Па добро би дошол некој совет од некој студент на овој смер. :)

Една другарка се префрли од ФИНКИ на овој во Битола, не знам точно на кој смер, и топ си помина, со просек 9 и нешто. Сеа е на постипломски во Будимпешта. (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom