Кој е Исус Христос?

Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Hristijanstvoto nema ni d od duhovnost, sto e duhovnost spored tebe, ostavanje deset denari pokraj omilenata ikona vo crkva, plakanje na krstevanja? Toa e duhovnost?
Напротив, верата не се базира на оставањето десет денари, плаќање крштевања. Прав верник нема да се замара, со ценовникот, прав верник е оној кој пости, се моли, има духовен татко, оди на исповед редовно, не го интересира дали поповите биле мафија или не ако грешат има кој да им суди, во црква ќе остави пари од ќеф а не со презир кон црквата, исто така ако некој нема пари и замоли да му го крштеваат детето секако дека ќе му го крштеваат.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Аха а енергијата постои онака, сама од себе нели, без материјата. Како беше онаа равенката на Ајнштајн за енергијата? Вака вие атеистите држете си се до атеистичкото т.е. до материјалното и не ми зборувајте за духовно. Вие неможете да го разберете тоа. А за духовното во Христијанството има пишувано на долго и на широко, оти Христијанството е духовна религија.

Во Библијата баш има еден дел каде што се зборува за тоа. Дека световните, телесните луѓе (овде спаѓате вие) неможат да го разберат духовното. Чиста вистина. Духовното го разбираат само духовните луѓе.
Болдот е точен. Само што Религиозните не можат да го видат духовното.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Напротив, верата не се базира на оставањето десет денари, плаќање крштевања. Прав верник нема да се замара, со ценовникот, прав верник е оној кој пости, се моли, има духовен татко, оди на исповед редовно, не го интересира дали поповите биле мафија или не ако грешат има кој да им суди, во црква ќе остави пари од ќеф а не со презир кон црквата, исто така ако некој нема пари и замоли да му го крштеваат детето секако дека ќе му го крштеваат.
Okej, i ova e za tebe duhovnost? :ROFLMAO:

Nema potreba za dopolnitelno diskutiranje, se mi e jasno...
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Hristijanstvoto nema ni d od duhovnost, sto e duhovnost spored tebe, ostavanje deset denari pokraj omilenata ikona vo crkva, plakanje na krstevanja? Toa e duhovnost?
Христијанството е духовна религија. Ако нешто незнаеш поарно ќути си. Во Библијата имаш убаво пишувано за тоа (твој проблем ако не си ја читал), слушај некој свештеник кога зборува по ТВ (оти во црква нели не одите) дали зборува за духовност или за она ти што го напиша погоре.

А тоа што мислиш дека Христијанството е само оставање пари по црквите е показател за твоето незнаење и неразбирање. Кога појма си немаш од Христијанството не дискутирај, имаш и други теми овде.
--- надополнето: Jun 20, 2011 7:45 PM ---
Болдот е точен. Само што Религиозните не можат да го видат духовното.
Само религиозните можат да го видат духовното. За атеистите не постои духовно, а ти ако мислиш поинаку можеби и треба малку да си размислиш дали си стварно атеист или нешто внатре те влече кон некое друго место.
--- надополнето: Jun 20, 2011 7:46 PM ---
Okej, i ova e za tebe duhovnost? :ROFLMAO:

Nema potreba za dopolnitelno diskutiranje, se mi e jasno...
Ништо не ти е јасно човеку.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Христијанството е духовна религија. Ако нешто незнаеш поарно ќути си. Во Библијата имаш убаво пишувано за тоа (твој проблем ако не си ја читал), слушај некој свештеник кога зборува по ТВ (оти во црква нели не одите) дали зборува за духовност или за она ти што го напиша погоре.

А тоа што мислиш дека Христијанството е само оставање пари по црквите е показател за твоето незнаење и неразбирање. Кога појма си немаш од Христијанството не дискутирај, имаш и други теми овде.
Hristijanstvoto prodava duhovnost no kako i site drugi religii nema ni d od duhovnost tuku celata poenta se sodrzi od pocituvanje i sledenje na tradicii i verski obredi od koi golem del se pojzameni od paganite.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Само религиозните можат да го видат духовното. За атеистите не постои духовно, а ти ако мислиш поинаку можеби и треба малку да си размислиш дали си стварно атеист или нешто внатре те влече кон некое друго место.
Голема грешка си. тргни ги настрана религиите. Духовното постои и без нив и независно од нив. Верувањето во божества само по себе не те прави духовен.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Голема грешка си. тргни ги настрана религиите. Духовното постои и без нив и независно од нив. Верувањето во божества само по себе не те прави духовен.
Ајде тогаш земи објаси ми што ти подразбираш под духовност, и како, по што си ти тоа духовен човек.
 

Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Ајде тогаш земи објаси ми што ти подразбираш под духовност, и како, по што си ти тоа духовен човек.
Едноставен е неговиот одговор, незнае ништо, џабе се трудиш, мики одавна ги заебава со кратки прости одговори, за брзо време ќе почнам и јас.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ајде тогаш земи објаси ми што ти подразбираш под духовност, и како, по што си ти тоа духовен човек.
Ќе ти одговорам вака

Ние секогаш ги повлекуваме границите на нашата личност премногу тесно. Ние во нашата личност го признаваме секогаш само она што го создаваме како индивидуално различно, како нешто што го препознаваме дека отстапува од другите. Но ние, секој од нас се состоиме од сите состојки на светот и како што нашето тело го носи во себе родословието на развитокот, се до рибата, дури и многу поназад, така и ние го имаме во душата сето она што некогаш живеело во човечките души. Сите богови и ѓаволи, кои некогаш постоеле, било кај Грците, или кај Кинезите или кај Зулукаферите, сите се во нас тука, како можности, како желби, како излези. Кога човештвото би изумрело се` до едно единствено средно надарено дете, кое не добило никакво обучување, тоа дете повторно би го пронашло целиот тек на работите, би пронашло богови, демони, рајови, заповеди и забрани, стари и нови завети - тоа би можело повторно да го создаде тоа.
--- надополнето: Jun 20, 2011 8:06 PM ---
Едноставен е неговиот одговор, незнае ништо, џабе се трудиш, мики одавна ги заебава со кратки прости одговори, за брзо време ќе почнам и јас.
Повели синко да те видам што си научил. Ептен си ме заебал до сега.
--- надополнето: Jun 20, 2011 8:06 PM ---
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
така и ние го имаме во душата сето она што некогаш живеело во човечките души.
За каква душа ми зборуваш? Кај ќе ја сместиш душата во материјалниов ви свет?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Материјалниот свет е твој, не мој.
Што е душата? Каде се наоѓа? Од што е создадена? Кој хемиски состав го има? Како се создала? Како еволуирала? Ја видел ли некој? Ја измерил ли? Итн....
--- надополнето: Jun 20, 2011 8:16 PM ---
Материјалниот свет е твој, не мој.
Атеист кој верува дека има нешто повеќе од материја и енергија?
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Материјалниот свет е твој, не мој.
Откажи се од дискусијава, нема смисла. Човеков смета дека душата е некој посебен нематеријален ентитет кој по смртта се одделува од телото и оди горе на небото каде што е пречекана од св.Петар и компанија и истата душа потоа морфира назад во истиот човек (ама нематеријален) кој ужива во благодетите на рајот. За него духовност е почитување на традиции и верски обреди со кои тој се надева дека ќе си купи карта за рајот. Патетики...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеист кој верува дека има нешто повеќе од материја и енергија?
Тој што верува си ти. И тоа е јасно. Немам потреба да верувам во духовност (нерелигозна)
Јас знам некои работи кои ти изгледа не ги знаеш. Воопшто не ти е познато што е Атеист.

Постои голема разлика меѓу тоа дали светот само го носите во себе, или дали тоа и го знаете! Некој лудак може да изговори мисли кои потсетуваат на Платон, а некое малку побожно учениче во Хернхутскиот семинар размислува творечки за истите длабоки митолошки поврзаности што се јавуваат кај гностичарите или кај Зороастер. Меѓутоа, тој за тоа не знае ништо! Тој е дрво или камен, во најдобар случај животно, се додека тоа не го знае. Но, кога ке светне првата искра на тоа сознание, тогаш станува човек. Веројатно нема да ги сметате за луѓе сите тие двоношци кои се движат по улиците, само затоа што одат исправено и што своите новороденчиња ги носат по девет месеци? Па вие гледате колку од нив се риби, или овци, црви или пијавици, колку се мравки, колку се пчели! Само, во секој од нив постои можност да се роди човек, но дури тогаш кога тој ќе ги насети тие можности, дури тогаш кога ќе научи да ги направи делумно свесни, дури тогаш тие се негова сопственост.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Тој што верува си ти. И тоа е јасно. Немам потреба да верувам во духовност (нерелигозна)
Јас знам некои работи кои ти изгледа не ги знаеш. Воопшто не ти е познато што е Атеист.
Значи не веруваш дека има душа, него знаеш дека ја има. Ајде сега ти како атеист одговори ми на претходното прашање

Што е душата? Каде се наоѓа? Од што е создадена? Кој хемиски состав го има? Како се создала? Како еволуирала? Ја видел ли некој? Ја измерил ли? Итн....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom