Фан клуб - РК Вардар

Ако се задржеа Надовеза и Продановиќ,се донесеа 3 играча и се отпуштеа сите останати странци ќе имавме реална шанса за некој успех следната сезона.Вака не знаеме како и ќе изгледа тимот,а не па колку ќе биде добар.Добро е што тргнува во ремотн сега само што заврши сезоната.Многу подобро него во јули и август да го прави ова.Сепак секој ремонт е лош и стварно не знам што му е филмот на Михајло со овие глупости што ги прави.Остави ја екипата каква и да е,само донеси 1-2 појаки играчи,отпушти вишокот од нивните позиции и цепај.Вака секоја година се заебаваме не можеме екипа асално да уиграме.Ај ако има нешто позитивно оваа сезона тоа е настапите во Европа,кои иаку беа доста и продукт на среќата сепак беа добри и младинската школа.Добро е и што конечно можеби ќе извадиме некој наш играч.
Во регионалната лига ќе биде доста тешко,но и интересно.Верувам дека секој учесник дебело ќе се појачува за оваа лига.Иначе во моментов појаки од нас се можеби Тартан Прешов, Загреб и Металург.Босна и NEXE се тука некаде од нас.Босна играче во ЛШ,но не е толку јака,а NEXE иаку го тепавме еднаш и изигравме нерешено со нив доста напредува како екипа и може да не достигне лесно.Очекувам пласман од 3 до 5 место,се под тоа би било неуспех за мене.А од следната година кога ќе влезат најверојатно и маџарите,а можеби и полјаците ќе биде огромен успех 5-6 место бидејќи Киелце,Пик Сегет и Веспрем се далеку далеку појаки екипи од нас.
 
Не е уште сигурно ова, се е на база на шпекулации :)
 
Не сум сигурен дали е тој,но еден Стамате ќе игра денес за Романија против Хрватска.Како му беше името на тој што потпиша за нас?
 
Собол постигна 5 гола за Чешката селекција во последниот квалификациски дуел со Грција. Како што гледам во останатите мечеви воопшто и не настапувал.
Во Романија има двајца со пезимето Стамате. Едниот е лев бек на Решица па не ми се верува да е тој, што значи дека е Јулијан Стамате, кој во последниот дуел дал три гола за репрезентацијата...
Филип Лазаров се разигра, на крај може и да ни дојде како кец на десетка:ROFLMAO:
 
За утре е закажана ждребката во Белград за регионалната лига во која секако учествува Вардар Про:)
 
Чурувија го напуштил тимот и преминал во тим од Шпанската АСОБАЛ лига.
Штета можам да кажам и за овој играч што си замина....
 
Денес беше одржана ждребката за регионална лига во Белград,првиот меч го играме со Борац Бања Лука на гости!
 
Значи се игра секој со секого,и на крај најдобрите 4 од табелата играат завршен турнив во Сараево! Ако се направи добра екипа мислам дека можеме да влеземе во топ 4 заедно со Металург,значи 99 посто и тука ке има гостувања од наша страна!
 
Прво Коло, нашиот противник е Борац Бања Лука. За овој клуб, информациите говорат дека има богата историја http://sr.wikipedia.org/wiki/РК_Борац_Бања_Лука со многу титули, куп трофеи, успех во Европа.

РК Борац е поддржуван од навивачката група Лешинари.
Натпреварите ги игра во салата во спортскиот центар „Борик“. Сала која има капацитет да собере до 5.000 луѓе http://www.scborik.com/stranica/foto.php . Солидно изгледа, се надеваме дека има простор овде да гостуваат Комити !

Моменталната форма на клубот неможеме да ја знаеме најточно. Но фактите говорат дека оваа сезона стигнаа до куп финалето во Република Српска каде што биле поразени.

Моменталните играчи со кој располага овој тим се
:БОРАЦ m:tel: Блажевић, Дејановић, Пуцаревић, Малић, Гарић, Сабљић, Панић, Халилбеговић 6, Микић 5 (2), Тркуља, В. Врањеш 3, Шубара, Карачић 10 (3), Радуловић 3, Мелић, Ф. Врањеш. Тренер: Драган Марковић.
 
Ако е пуштено да гостуваат гостински навивачи, со оглед на тоа дека во кошаркарската НЛБ лига е забрането.
 
Распоред за првиот дел од сезоната на Регионалната Лига
  • 1. коло (10-ти и 11-ти септември)
  • Борац - Вардар
  • 2. коло (17-ти и 18-ти септември)
  • Вардар - Босна
  • 3. коло (24-ти и 25-ти септември)
  • Ловќен - Вардар
  • 4. коло (1-ви и 2-ри октомври)
  • Вардар - Сутјеска
  • 5. коло (8-ми и 9-ти октомври)
  • Црвена Ѕвезда - Вардар
  • 6. коло (15-ти и 16-ти октомври)
  • Вардар - Партизан
  • 7. коло (22-ри и 23-ти октомври)
  • Загреб - Вардар
  • 8. коло (28-ми и 29-ти октомври)
  • Вардар - Нексе
  • 9. коло (12-ти и 13-ти ноември)
  • Извиџаќ - Вардар
  • 10. коло (19-ти и 20-ти ноември)
  • Вардар - Татран
  • 11. коло (26-ти и 27-ми ноември)
  • Металург - Вардар
 
Иначе прочитав негде сме биле заинтересирани за голманот на Ц. Ѕвезда... некоја информација за него ?
И борко дебелиот ќе останува или си иде а ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom