831
רַב אושר של חוכמה
- Член од
- 8 ноември 2009
- Мислења
- 6.931
- Поени од реакции
- 12.515
Абе оти ме искара, Магус сакаше да се пошегува.Значи ти суштината ја бараш? Со помош на печурки?
Брдо, се вели рид на Македонски. Има нешто рурално во твојот израз, плус презирот спрема филозофите крие интелектуална инфериорност која се обидуваш да ја прикриеш со инфантилни обиди за сарказам.
Знаеш, поделбите кои природата ги прави во однос на интелектот се сурови и со ништо не се прикриваат. Тој против кого зборува разумот, многу брзо ќе почне да зборува против разумот...
Ти текнува?
Абе каков филозоф си ти што не веруваш во душа? Филозоф со лоши манири кој ги презира собраќата од руралните средини Ах Сократ ќе се превртува во гробот, ама што знаел тој нели шизофреничар па некој дајмон му зборувал што не треба да прави
Еве да речеме дека јас имам доказ дека постои душа (иако е смешно да се бара доказ за апстрактен поим, нели ќе се согласиш со мене?). Што ќе постигнам јас а ќе добиеш ти ако ти го покажам доказот, кој дел ќе биде задоволен и што потоа?
Уствари (всушност) кој си ти, со кое моментално расположение имам чест да дебатирам...знаеш човекот е збир од расположенија и збир од навики кои бескрајно се повторуваат откако еднаш ќе бидат втиснати како електронски информации. Што? Реков електронски? Зарем човекот има некаква врска со енергија? Најверојатно има ако земеме во обзир дека И ТИ заедно со сите нас сме вибрирачки атоми исполнети со енергија, мозокот е грозна супстанција исполнета со електрични информации за извршување на одредени задачи....чекај, ми се чини пропуштив нешто!? Да, свеста квантните механичари и физичари и теоретичари заедно со мене мака мачат да ја лоцираат и да ја објаснат ама верувам дека одговорот е во твои раце.
Да сумираме, значи имаме енергија иимаме свесност и ќе бидам дрзок да речам свесна енергија. Е сега што беше муабетот за енергијата? Дка не се губи туку преминува од една во друга форма.
Е баш сега ми текна на кружните движења на свеста демек Платон велел душата која мисли постепено се изедначува со предметот на својата мисла, со кружните движења на космичката душа и притоа се изедначува она што мисли со она што е предмет на мислењето - аееееее абе шо кажа овај море. Е сега тој што ги познава медитативните состојби опишани на исток (оние со јога што се занимаваат) лесно ќе му текне за шо праи муабет типот - е тука лежи зајакот што сакаше хептаграм да го избрка. Џабе работи џабе не седи. Докази нема, тоа е субјективно искуство на спознавање кое не се доделува на тацна.
П.С. Не се обидов да ти докажам тебе ништо, затоа што јас не сум зналец туку трагач...како беше јас знам дека ништо не знам - рече мајсторот!!!
Поздрав пријателе