Samo za ovie poslednite meseci kurdskite teroristi ginaat masovno kako muvi, dolgi godini si jadoja po gla, i pak ne se opametia kurdite..
Убиени седум бунтовници во Турција
| 1. април 2011 - 13:50
Седум бунтовници за кои се претпоставува дека се дел од групата курдски терористи, денес беа убиени во турската провинција Хатаји
ShareNew
Терористите во моментот кога биле убиени се обидувале да преминат во Турција од Сирија. При преминот биле пресретнати од турската жандермерија кон која отвориле оган.
Во турските медиуми не се наведува на која организација и припаѓале убиените бунтовници. Курдските бунтовници од Работничката партија на Курдистан (PKK) се најактивна вооружена група во регионот Хатај.
Според податоците на турските воени извори, во судирите на турските власти со Курдите односно од почетокот на бунтот на Работничката партија на Курдистан во 1984-тата година, загинале повеќе од 45.000 луѓе.
http://www.time.mk/read/034e0fd18e/ededa5dbad/index.html
A ova bese zavcera
Тројца курдски бунтовници загинаа во судир со турската армија
14.06.2011 - 20:50 |
Турската армија денеска уби тројца курдски бунтовници во Централна Турција. Тоа е прво посериозно насилство по парламентарните избори што се одржаа во неделата.
Курдскиот лидер Абдулах Очелан, кој издржува доживотен затвор минатиот месец се закани со „војна“ ако Владата не почне преговори по изборите, а како краен датум го посочи 15 јуни.
Неколку стотина војници, поддржани од хеликоптери почнаа операција против група од десетина бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) утрово во округот Сивас.
Армијата соопшти дека групата најверојатно патувала од округот Тунџели, Источна Турција кон црноморскиот дел на земјата, но е пресретната во близина на градот Имранл во Сивас.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека и покрај разговорите на некои државни претставници со Очелан, Владата нема да преговара со ПКК, која за Турција, за Европската унија и за САД е терористичка група.
http://sitel.com.mk/dnevnik/balkan/trojca-kurdski-buntovnici-zaginaa-vo-sudir-so-turskata-armija