Реинкарнација

Верувате ли во реинкарнација?

  • Да

    Гласови: 274 58,4%
  • Не

    Гласови: 128 27,3%
  • Не сум размислувал/а ...

    Гласови: 67 14,3%

  • Вкупно гласачи
    469

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.147
Поени од реакции
12.129
Ова ти е сега гонење во круг ... ти не разбра ништо што пишувам нели... ?
Моето внатрешно, моето разбирање немаат врска со сето ова. Ти си во прашање и спознавање на својата душа.
Нашите разговори завршуваат бесцелно... тука имаш право бидејќи ти бараш општи одговори кои ќе одговараат на сите, а знаеме дека не на сите умот им е ист.
Одговараат праксите, а резултатите се различни секогаш.

Рационалните докази зависат од умот, а ова нема многу врска со умот.
Знаеш која е целта на јогата, бидејќи ова потекнува од школи кои практикуваат јога? (за да се вратиме на патеката)
На едно место прочитав дека разумот е лага, и се смеев на тоа.
Но сега сосема друго мислам за разумот, и неговите игри и за човечката логика на каузалност.

Ете магус вели дроги. Можеби и тоа е лекот, не знам. Си пробал ти да ги разгледуваш своите мислите под дејство на дроги? Или под дејство на алкохол како ти реагираат сетилата и што побуди раѓаат? И дали тоа е реалност или пак не? И која е причинско последичната врска на настаните?
Од каде ти доаѓаат тебе мислите? Какви ти се мислите? Зборови или слики? Гласови?

Ти сакаш разумен доказ за душата ( :cautious:) , а малку да ти е опиен умот, разумното ќе ти нема логика...
Сакаш разумен доказ за постоењето на душата (некој филозофски одговор), а филозофијата уште дрдори што е тоа егзистенција и што со неа...

И ти кажав можам да кажам што е, но за мојот труд ќе добиев ист одговор од тебе како што ти го напиша погоре ;)
Бесцелен труд да биде нештото појасно, кога овде целта е да биде нештото исплукано и оцрнето бидејќи не одговара на досегашните наши (твои) искуства!
Повели, плукај :)

П.С. Зборувам за внатрешни разбирања за кои секој е свесен ако ги има тие разбирања! Да не се разбираме погрешно...
Зошто јас да те просветлам? Зарем не си довелн самиот на себе? Ако западната мисла ти ги објаснува сите патишта во животот, остани таму тоа си е твое :)
И знам колку сакаш да го слушнеш, но да повторам, тоа е залуден мој труд, ќе добијам уште еден ваков твој одговор и ништо повеќе...

П.П.С. Не сакам да слегувам никаде ниту да просветлувам никој, но може да коментирам кога некој што нема искуство во источната филозофија да дрдори за неа повикувајќи се на западни мислители... Абе ајде :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не знам од каде ти е тоа дека ништо не разбрав што пишуваш, но ако тој став ти прави да се чуствуваш добро, нека ти биде. Верувај ми на збор, дека сум се справил со погусти текстови од овој твојот...;)
Види вака, јас навистина се обидувам да извлечам нешто позитивно од дискусијава. Тврдиш дека можеш да понудиш доказ, не гледам зошто не би го понудил. Тоа е доказ за општо тврдење, дека постои ентитет нарешен душа, не е тврдењето дека ТИ имаш душа па за тоа не можеш да понудиш доказ кој не би бил личен.

Овој чичкото на мојот аватар непрестано велеше дека се што може да се каже, може да се каже јасно, а за се друго треба да се ќути. Ти еднаш велиш дека твоето знаење може да се каже јасно, а потоа велиш дека за тоа треба да се ќути...

неќе моќи пантиќу, биќете враќени...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.147
Поени од реакции
12.129
И ете не милиони километри далеку...
И пак прашањето: Знаеш која е целта на јогата, бидејќи ова потекнува од школи кои практикуваат јога? (за да се вратиме на патеката)
Ќе си го одговориш и за тоа што е јасно и зошто се молчи :)

П.С. Мене ме заинтересира зошто темата е РЕинкарнација... тоа ре имплицира разгледување на темата од сосема други агли и добивање сосема нови перспективи...
Хм, дури сега така го загледав насловот на темата...
Ме занесе заратустра со барање за разумни објаснувања на неразумното и далечното за разумот...
 
Јас мислам дека сме токму на темата. Дали верувате во реинкарнација? За да верувате во реинкарнација треба да верувате во постоење на ентитет наречен душа, така да не сме избегале од темата.

Не знам која е целта на јогата, би сакал да слушнам. Колку што знам постојат огромни разлики од една врста на јога до друга, од хата јога до бахти јога (ако не го згрешив зборот ;)) па би сакал да слушнам која им е заедничката цел, и каква врска има тоа со дискусијата...

Не сум повеќе Заратустра, се РЕинкарнирав во Николај Вселоводович Ставрогин...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.147
Поени од реакции
12.129
Различен е методот на различните видови јога, не и целта.
За тоа еве нешто овде , за да биде малку појасно!

Каква врска има јогата со темата? Па бидејќи темата е Верувате ли во реинкарнација, изгледа и нема врска. :)
Јогата нема врска со верување, има врска со работа.
Ти зборуваш за душа... ако заклучиме дека немаме душа (тој концепт на душа го испоганија христијанските мистици и нивното неразбирање на истокот) тогаш:
Ако се инкарнираме, дали свеста се пренесува после смртта или пак не и ако се пренесува, како? Дали разумот се пренесува или не? Каква свест треба да се поседува за да дојде до инкарнација?
Ова пренесува не ми е задоволителен збор но нема друг.

Јогата е метод да се избегне(лош збор но подобар не ми текнува) разумот и неговите лавиринти (најпросто кажано). Да се изолираат сетилата кои сепак не се веродостојни и прецизни сензори преку кои добиваме инфо од надвор.
 
Ако заклучиме дека немаме душа, тогаш за каква инкарнација или реинкарнација зборуваш? Телото умира, светлоста се гасне, добра ноќ.

За разумот и свеста, нема да можеме да се разбереме никако, затоа што имаме потполно различни концепти за тоа што е свест и разум. Свеста во мојот категоријален апарат е целокупноста на квалитативни доживувања, од сензациите на бои и гласови, до најапстрактните мисли кои сепак имаат некаков субјективен печат. Разумот е форма на свеста, оној дел кој се занимава со логички операции.

Да нема недоразбирања, ниту свеста ниту разумот не ги пишувам со големи букви, тоа се манифестации на телото согледани од субјективната страна...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.147
Поени од реакции
12.129
Е имаме различни концепти... не велам не на тоа, но тоа е и добро ако мене ме прашуваш :)
Не е битно како ги пишуваш (мала-голема буква). Значи за тебе свеста е врзана за телото... Па нормално, од таму ќе следува дека и свеста исчезнува... Ок, не ти се мешам во твојот апарат на размисли, нека биде така иако сметам дека свеста не е врзана со телото толку силно за да загине со него...
И мислите имаат некаков субјективен печат (врз што?) затоа кажав методите се различни, токму заради тоа, но целта е иста.
Со јогата на некој начин се намалува субјективноста...

П.С. Какви се тие апстрактни мисли?
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Толку зборување за Кант и за Хјум дека треба да ги прочита некој друг, а ете, ти „наивно“ дури пак и „профано“ бараш мој доказ за постоење на душата, а јас веќе претходно се отепав од пишување дека источната школа дава решение преку знаење и пракса што ја прави многу различна од западната школа, а уште повеќе од западната филозофија. Значи ти сакаш јас да ти ја образложам мојата пракса и моите искуства, онака наивно и профано за да ти имаш доказ, или пак како стара жена кога оди да пазарува и одлучно вели: Не, тука нема ништо, ќе одам во друга продавница :)
Па тоа го нема ниту кај твоите западни филозофи што го бараш од мене.

Можам инаку јас да понудам докази и образложувања дека постои душа и како е врзана за телото, но нема да постигнам ништо освен развлекување и објаснување на поими бидејќи не си запознаен со системот кој очајно го критикуваш.
Да правам паралели со психологија, со биологија, со математика, со источни школи - не ме плаќа никој за тоа за да потрошам толку време за еден доказ од кој ни ти ни јас нема да имаме некое големо фајде. Наивно и профано, не фала.

Наједноставно е и најмногу кредибилитет ќе има за тебе ако го направиш следното : Запознај се со системот и наместо да мрмориш и филозофираш, да имаш пракса и да молчиш. Толку е... и ќе видиш дали постои ентитет душа раздвоен од телото или пак се испреплетуваат заедно или пак се едно исто нешто.

П.С. Каков филозоф си а не сакаш брада??? :) И јас имам брада, да не се навредуваме сега :)
Bas sakam da cujam dokazi i objasnuvanja deka dusha postoi. Sigurno imash nekoi objasnuvanja, bidejki dokazi teshko ke najdesh. Aj da gi cueme barem niv. ( i ne mi davaj odgovor deka nema da te razberam, pa demek za toa ne odgovarash)
A shto e toa shto reinkarnira?? - Dushata????
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Е имаме различни концепти... не велам не на тоа, но тоа е и добро ако мене ме прашуваш :)
Не е битно како ги пишуваш (мала-голема буква). Значи за тебе свеста е врзана за телото... Па нормално, од таму ќе следува дека и свеста исчезнува... Ок, не ти се мешам во твојот апарат на размисли, нека биде така иако сметам дека свеста не е врзана со телото толку силно за да загине со него...
И мислите имаат некаков субјективен печат (врз што?) затоа кажав методите се различни, токму заради тоа, но целта е иста.
Со јогата на некој начин се намалува субјективноста...

П.С. Какви се тие апстрактни мисли?
Мислите можат да се градираат по степен на апстрактност. Колку е посупериорен интелектот кој мисли, поапкстрактно може да размислува. Ако примитивниоит ум размислува во слики, бои и звуци, поразвиениот интелект размислува во поими. Меѓутоа ниту една мисла не може до крај да биде исчистена од субјективното, затоа што повеќе ќе нема носител на мислата. И најапстрактната мисла на некој начин е поврзана со субјективно доживување, тоа е цената која ја плаќаме за воопшто да мислиме и постоиме...

Свеста не е врзана за телото, свеста е телото. Секоја мисла, секое доживување на боја, звук, оргазам има свој еквивалент во некоја мозочна активност. Луѓето, па и образуваните луѓе некако инстинктивно се Картезијанци, веруваат дека свеста е ПРОИЗВОД на материјата, односно дека постои каузален однос помеѓу материјата и свеста. Од таму произлегуваат повеќето недоразбирања околу душата.
Нема свест и материја, тоа се различни аспекти на една иста реалност. Сето ова што го тврдам може многу лесно да се покаже на проблемот на каузалниот триаголник...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.147
Поени од реакции
12.129
Сашко, убаво е тоа што ти сакаш... Можеби сакаш и да ти нацртам бидејќи нели, една слика 1000 зборови....
А наместо тоа, да го разгледаш целиот муабет до сега помеѓу мене и Ставрогин, за да не поставуваш вакви прашања?
Јас не велам дека нема да разбере некој, туку дека ќе се заплеткаме во непознати или пак нејасни поими... За да биде добро, потребно е секој сам со пракса да спознае... спознанието да добие субјективен шмек... заради субјективноста пак, постојат и различни методи со кои ќе можеш да добиеш спознаение кај кое ќе се намали субјективноста ...
Да не се повторувам оди прочитај убаво... Не веднаш на силење и да ми кажуваш како да ти одговорам.
И кажав дека заради христијанските мистици настана збрка во целиот концепт на тоа што е душа...
 
Ne gledam nikakvi objasnuvanja, a i ne davash nikakov odgovor.
Ne te silam nishto, a i nema potreba da mi crtash.
Edno e da znaesh, a drugo e toa da mislish deka znaes!!!
Jas sum siguren deka poimot "dusha" ne mozesh da go objasnish,a mozeme da filozofirame kolku sakame.
 
T

theTinule

Гостин
Сашко, убаво е тоа што ти сакаш... Можеби сакаш и да ти нацртам бидејќи нели, една слика 1000 зборови....
А наместо тоа, да го разгледаш целиот муабет до сега помеѓу мене и Ставрогин, за да не поставуваш вакви прашања?
Јас не велам дека нема да разбере некој, туку дека ќе се заплеткаме во непознати или пак нејасни поими... За да биде добро, потребно е секој сам со пракса да спознае... спознанието да добие субјективен шмек... заради субјективноста пак, постојат и различни методи со кои ќе можеш да добиеш спознаение кај кое ќе се намали субјективноста ...
Да не се повторувам оди прочитај убаво... Не веднаш на силење и да ми кажуваш како да ти одговорам.
И кажав дека заради христијанските мистици настана збрка во целиот концепт на тоа што е душа...
А според тебе, според тоа Ти како ја чувствуваш Твојата душа, можеш ли да ми објасниш ете, што е душа?
Значи не сакам разумен доказ, бидејќи убаво си кажа дека кога сме под дејство на некој опиум, нешто што ни се чини разумно додека сме трезни, ни се чини неразумно.
Бидејќи велиш дека треба секој да си ја запознае душата, како да си ја запознаам? Како ќе бидам сигурна дека сум тоа јас?
Кажи ми барем ете, според тебе и според твоето искуство, твоето запознавање со сопствената душа, кога ја чувствуваш душата? Како знаеш дека постои? Како си сигурен дека тоа е твојата душа? Дали си сигурен?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.147
Поени од реакции
12.129
Изгледа јас не пишувам убаво ... па затоа толку многу прашања...
Таму некаде погоре напишав дека ова нема врска со умот нели.

Како до спознавање на душата? Смирете го умот и сета таа врева во вас. :)
Како? Со пракса! Еве една лесна вежба:
Држете го умот на една мисла барем 30 мин. Ете пример на црн тиаголник врз жолт круг и пробајте да не ви доаѓаат други мисли, зборови, да не ве иритира телото итн итн. Дали го можете тоа?
Ако не можете, кој го управува умот да ви досадува со мисли, ако вие не сте управителот? :)
Самиот ум? Па што сте вие тогаш во телото? Или пак тело? :)

Тинуле, со практични задачки многу теории научени напамет човек станува сигурен.
И душата не се чуствува (чуството е дело на мозокот) душата се живее...
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
А според тебе, според тоа Ти како ја чувствуваш Твојата душа, можеш ли да ми објасниш ете, што е душа?
Значи не сакам разумен доказ, бидејќи убаво си кажа дека кога сме под дејство на некој опиум, нешто што ни се чини разумно додека сме трезни, ни се чини неразумно.
Бидејќи велиш дека треба секој да си ја запознае душата, како да си ја запознаам? Како ќе бидам сигурна дека сум тоа јас?
Кажи ми барем ете, според тебе и според твоето искуство, твоето запознавање со сопствената душа, кога ја чувствуваш душата? Како знаеш дека постои? Како си сигурен дека тоа е твојата душа? Дали си сигурен?
Ако е твоја душата тогаш значи си ти и тука е душата, ти си одвоен од душата.
Тогаш што си ти?
Ако душата си ти тогаш како ќе бидеш сигурен дека постоиш? :)
Неможеш да се видиш, ти си огледало кое рефлектира се само себе си не се рефлектира.
Ти си се и ти си ништо и едноставно си и ништо повеќе ништо помалку.
Ако под поимот душа се мисли на ум, срце и тн. тогаш е друга работа.
--- надополнето: Jun 16, 2011 1:37 PM ---
Изгледа јас не пишувам убаво ... па затоа толку многу прашања...
Таму некаде погоре напишав дека ова нема врска со умот нели.

Како до спознавање на душата? Смирете го умот и сета таа врева во вас. :)
Како? Со пракса! Еве една лесна вежба:
Држете го умот на една мисла барем 30 мин. Ете пример на црн тиаголник врз жолт круг и пробајте да не ви доаѓаат други мисли, зборови, да не ве иритира телото итн итн. Дали го можете тоа?
Ако не можете, кој го управува умот да ви досадува со мисли, ако вие не сте управителот? :)
Самиот ум? Па што сте вие тогаш во телото? Или пак тело? :)

Тинуле, со практични задачки многу теории научени напамет човек станува сигурен.
И душата не се чуствува (чуството е дело на мозокот) душата се живее...
Неможеш со сила да го контролираш умот :)
Koj ja kористи таа сила да го контролира?
Пак умот.
Затоа пожелно е други методи на медитација.
Нешто во стилот акција преку неакција.
Наjeдноставно е следење на дишењето-vipassana.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Неможеш да се видиш, ти си огледало кое рефлектира се само себе си не се рефлектира.
Ти си се и ти си ништо и едноставно си и ништо повеќе ништо помалку.
Е не...

Ништо, нешто, кој ќе ти каже?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom