Реинкарнација

Верувате ли во реинкарнација?

  • Да

    Гласови: 274 58,4%
  • Не

    Гласови: 128 27,3%
  • Не сум размислувал/а ...

    Гласови: 67 14,3%

  • Вкупно гласачи
    469

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.147
Поени од реакции
12.129
Го погоди Кант како пример за лесна литература и лесен начин за доаѓање до вистината...

:D

Пробај прочитај ја Критика на чистиот ум, сфати ги концептите како на пример трансцендентална унија на аперцепцијата, и потоа споредувај ја длабочината на Кант со источните школи на гледање во папокот...

Најдобронамерен совет, немој да се бламираш на овој начин. Држи се ти до верување во постоењето на концепти како души, реинкарнации и слични детски приказни, а мислењето остави му го на оние кои сакаат да мислат...

Душа, оф леле...

Мене навистина не ми е јасно како било кој со просечен коефициент на интелегенција може да верува во концептот на душа. Како е душата прикачена за телото? На кој начин ентитет кој е во се различен од телото може да оствари каузален контакт со телото? Духот во машината, како што се потсмеваше вицкастиот Гилберт Рајл.
Јас не реков Кант дека е лесен...
Читан е Кант, и Пролегомени-те се прочитани. И што ако се прочитани?
Кант блада... како и сите тошозофи и мрзливци.
Ако ти кажам дека Кант е надминат, ќе ми веруваш или ќе почнеш со неговите тешки мисли за душата и метафизиката?
Ќе научам на памет се што зборува, но во пракса, тоа не е тоа, што велат хиндусите во нивните пракси!
Или пак можеби Кант имал искуство но не можел да го долови и каже на убав и лесен начин, слично како што Јунг проба да ја објасни Алхемијата преку психологијата во неговата книга Алхемија и Психологија .
И убаво кажав, западната мисла повеќе обожава зборови и бладање (заборавајќи ги источните пракси) додека источната е едноставна и со пракса. Затоа и го спомнав Кант и неговите бесконечни размисли кои не даваат јасна слика за ништо .
Истокот дава подобри објаснувања отколку западот, сепак инкарнацијата и поимот душа подобро се разбира преку нив отколку преку западните мислители .
Една реченица на Патанџали сигурно на запад ќе побуди пишување на 11 книги од по 300 страни полни со метафизички концепти кои немаат врска со реалноста или пак со она што сакал да каже Патанџали :)

П.С. Јас не верувам во концептот душа ниту пак некој треба да верува, потребно е да се знае, спознае... не можам ни да објаснам што е душа со зборови, ќе навлеземе во објаснувања поими и симболи. Прашуваш како твоето Јас е прикачено за телото? Или твоето Јас е Телото?
Велиш луѓето мислат. Кој мисли? Умот? Разумот? Кој му дава слики на умот? Она што си го видел? Под супстанции умот дава други слики, кои не се видени, ниту пак се комбинација од она што е видено. Од каде тие слики таму? Зошто велат дека душата е бесмртна? Има одговори на овие прашања... Но тоа е за оние кои знаат да мислат . Не ми вели дека се бламирам ако не знаеш нешто.
Човек со просечен коефициент не верува! . Сака да знае и да искористи!
Во источните школи ете, душата ја делат на пет дела, слично и кај евреите. Во египетските ритуали се разликуваат неколку слоеви на душата. Монотеистичките вери пак имаат сосема друг концепт за душа. И убаво е дадено како е врзана душата со телото. Треба некој само малку да истражува, а не да вели на други како се бламираат и слично... Ако не можеш да си ја спознаеш душата, до тебе е, не е до никој друг.
Тука нема што да се верува, бесконечните објаснувања на различни индивидуи нема да ти дадат објаснување за душата . За нешто твое, самиот ќе си дадеш објаснување, ако можеш.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ј
Една реченица на Патанџали сигурно на запад ќе побуди пишување на 11 книги од по 300 страни полни со метафизички концепти кои немаат врска со реалноста или пак со она што сакал да каже Патанџали :)

П.С. Јас не верувам во концептот душа ниту пак некој треба да верува, потребно е да се знае, спознае... не можам ни да објаснам што е душа со зборови, ќе навлеземе во објаснувања поими и симболи. Прашуваш како твоето Јас е прикачено за телото? Или твоето Јас е Телото?
Во источните школи ете, душата ја делат на пет дела, слично и кај евреите. Во египетските ритуали се разликуваат неколку слоеви на душата. Монотеистичките вери пак имаат сосема друг концепт за душа. И убаво е дадено како е врзана душата со телото. Треба некој само малку да истражува, а не да вели на други како се бламираат и слично... Ако не можеш да си ја спознаеш душата, до тебе е, не е до никој друг.
Тука нема што да се верува, бесконечните објаснувања на различни индивидуи нема да ти дадат објаснување за душата . За нешто твое, самиот ќе си дадеш објаснување, ако можеш.
За овој со Патлиџаните ништо нема да коментирам, освен дека источните бладања и гледања во папокот од секогаш им биле интересни на оние кои се склони код квази мистика.

За делењето на душата на пет-шест делови ќе ти кажам само едно. When nothing is there, nothing is concealed...

За реинкарнацијата, не знам како да ти кажам а да не се разочараш.

Не постои...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.147
Поени од реакции
12.129
When nothing is there, nothing is concealed... Од тоа ништо настанаа 10 000 светови :)
Многу работи не постојат :) И според мене, добро е што така се мисли :)

Мистиката е глупост ако мене ме прашуваш. Помистични се западните мислители отколку источните. Тоа што не ти се јасни нивните поими и што сакаат да кажат (бидејќи си научен на западните поими и толкувања) во нивните пракси и дела, затоа така мислиш.

И гравитацијата не постои но го движи универзумот, исто и душата не постои но го движи телото :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
И гравитацијата не постои но го движи универзумот, исто и душата не постои но го движи телото :)
Не постојат душа и тело, тоа се два описи на една иста стварност, како лице и опачина на пантолони.

“Душата“ односно свесното доживување на субјектот, има свој еквивалент во физиологијата на телото. На тој начин, душаата не може да го придвижува телото, затоа што не може да постои каузален однос помеѓу еден ентитет со самиот себе...

Се плашам дека никогаш нема да се ослободиме од бладањата за душата, Платон и Декарт се виновни за се...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.147
Поени од реакции
12.129
А јас упорно ти велам дека филозофијата е слепа улица за ова, но ти упорно досадуваш со филозофија на западот :)
И што и да кажам, ти ќе вртиш по твое , источната школа ја објаснуваш со поими од западната филозофија. И тука правиш грешка.

Душата односно свесното доживување... абе ајде :) Кај го склопи ова... Далеку си од описот на душата и нејзината функција...
И дали не може да постои каузален однос помеѓу еден ентитет со самиот себе?
Дали навистина мислиш дека не може? Или да те упатам наместо филозофија да удриш на наука ( автоматика поточно и системи на управување заедно со изучување на вештачка интелегенција)?
Хм?

Ти велам од лоша точка ги согледуваш работите кои се практични и не бараат филозофирање, туку разбирање и работа.

П.С. И не ме разочара со изјавата дека нема инкарнација, за реинкарнација, зависи од индивидуата и нејзината градба :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
А јас упорно ти велам дека филозофијата е слепа улица за ова, но ти упорно досадуваш со филозофија на западот :)
И што и да кажам, ти ќе вртиш по твое , источната школа ја објаснуваш со поими од западната филозофија. И тука правиш грешка.

Душата односно свесното доживување... абе ајде :) Кај го склопи ова... Далеку си од описот на душата и нејзината функција...
И дали не може да постои каузален однос помеѓу еден ентитет со самиот себе?
Ти тоа што тврдиш за западната филозофија, малку е важно. Да, поимот душа е екстраполиран од свесното доживување на човекот, а потоа добил улога на двојник кој ја преживува смртта, било преку реинкарнација, било преку рајот.

Да ги читаше Кант и Хјум, фино ќе сфатеше дека каузален однос може да постои само помеѓу два ентитети, без разлика дали ќе ја сфатиме каузалноста како форма на мислење наметната од нас на стварноста (Кант) или нешто што ние го обопштуваме од самата стварност (Хјум).

Ако ти знаеш за некоја друга каузалност, Дмт живо ќе биде заинтересиран да слушне...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.147
Поени од реакции
12.129
Тоа што јас го тврдам за западната филозофија во однос на источната школа е важно, а ти ако не сакаш да ти е важно, нека ти биде така. Но јас го сфаќам тоа, но преку призмата на нивната филозофија, за понатаму, не оди тоа така. Нивното размислување за стварноста не е ни 100 метра блиску до она што источната школа го препознава како стварност.
Не можеш источната мисла да ја објаснуваш преку западните филозофи. Тоа е јасно како ден... не знам што си запнал да докажуваш кога е бесцелна таквата акција. Запаѓаш во лавиринтите на тошозофите.
Западните мислители црпеле од источната школа, но немајќи начин да ги објаснат поимите кои сепак се стекнати со пракса навлегле во лавиринтите на нивните размислувања, кои до одреден степен се вистина, но понатаму...

И ти кажав седни наместо филозофија (знам дека ти лежи), земи наука во раце за да има практична примена знаењето.
И не ми е битно кој ќе биде заинтересиран или не за темата. Пишувам овде бидејќи сакав да споделам мое мислење.

Разгледај ги динамичките системи и како учи еден систем (вештачки), и мислам дека може да го надминеш Кант и неговите размисли.

П.С. Оди сега гледај го затемнувањето на месечината, тоа е доволно реално и постои. Остави го Јас(ani на еврејски) да се препелка во длабоките пештери на душата :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ќе те прашам нешто, онака наивно и профано. Дали можеш да понудиш еден доказ за постоењето на ентитет наречен душа?
 
AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Lugje ne sakam da mesam religii sea ali ako razmislite malce podlaboko vo pogled na ovaa tema, ke sfatite edna rabota - edinstvenata literatura sto ja definira na nekoj nacin dusata e tokmu religiskata. Sto mislite deka e poentata na Sinot, Otecot i Svetiot duh? Vo Kuranot nema takva podelba pradi toa sto ovaa podelba vo Hristijanstvoto ne e vosprimena od strana na skeptici koi ne veruvaat vo nisto (nitu vo coveckata dusa nitu vo go Bog)
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Ако ти знаеш за некоја друга каузалност, Дмт живо ќе биде заинтересиран да слушне...
Kаузалност викаш.
Тоа е магијата во универзумот, самото посматрање(будност, свесност) на мислите и чуствата
влијае на истите.
Буквално ништо не треба да правиш, акција преку неакција како што би рекле некои.
Интересно прашање е дали имаш такво искуство?
Затоа што ако не е така џабе млатење празна слама или како што би рекол Лао це:
Вистината што може да се каже не е ултимативната вистина.
Tе прашав што си ти...еве ти помош. http://www.oshoworld.com/tantra_medi/otantra.asp?news_id=30
That who you can see, you are not; that which you can observe, you are not; that which you can become aware of, you are not.
Прочитај го ова....биди упорен барем еднаш :)
После коментирај, не ме спомнуј напразно у секој втор пост без да ме цитираш.

Игорче, ти реков да не ми постираш линкови од некапени и небричени луѓе. Ако имаш нешто твое да кажеш за каузалноста, макар и интерпретација, кажи, ако не, линкови никого не интересираат...
 
Грешка си за овој, он се бањал по два пати најмалку дневно :)
Сакаш читај, нејкеш немораш никој не те тера со сила.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.147
Поени од реакции
12.129
Ќе те прашам нешто, онака наивно и профано. Дали можеш да понудиш еден доказ за постоењето на ентитет наречен душа?
Толку зборување за Кант и за Хјум дека треба да ги прочита некој друг, а ете, ти „наивно“ дури пак и „профано“ бараш мој доказ за постоење на душата, а јас веќе претходно се отепав од пишување дека источната школа дава решение преку знаење и пракса што ја прави многу различна од западната школа, а уште повеќе од западната филозофија. Значи ти сакаш јас да ти ја образложам мојата пракса и моите искуства, онака наивно и профано за да ти имаш доказ, или пак како стара жена кога оди да пазарува и одлучно вели: Не, тука нема ништо, ќе одам во друга продавница :)
Па тоа го нема ниту кај твоите западни филозофи што го бараш од мене.

Можам инаку јас да понудам докази и образложувања дека постои душа и како е врзана за телото, но нема да постигнам ништо освен развлекување и објаснување на поими бидејќи не си запознаен со системот кој очајно го критикуваш.
Да правам паралели со психологија, со биологија, со математика, со источни школи - не ме плаќа никој за тоа за да потрошам толку време за еден доказ од кој ни ти ни јас нема да имаме некое големо фајде. Наивно и профано, не фала.

Наједноставно е и најмногу кредибилитет ќе има за тебе ако го направиш следното : Запознај се со системот и наместо да мрмориш и филозофираш, да имаш пракса и да молчиш. Толку е... и ќе видиш дали постои ентитет душа раздвоен од телото или пак се испреплетуваат заедно или пак се едно исто нешто.

П.С. Каков филозоф си а не сакаш брада??? :) И јас имам брада, да не се навредуваме сега :)
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.500

Има и поедноставен начин за филозофи - нека си апне магична печурка или датура страмониум или морнинг глори или ергот и ќе ги запали сите филозофски книги и ќе ги распне сите филозофи на брдото. Ама се сомневам во намерата на откривање на суштината, освен намерата на раскажувачот кој завршува на шанк со коњак раскажувајќи што останатите мислеле и пишувале...:)
 
Кант и Хјум немаат многу врска со моето прашање. Детските прашања се најдобар лек кога некој почнува да зборува се и сешто, ова потврдено низ праксата на комуникација со секакви ликови.

Инаку кај западните филозофи позната е постапката на нудење на рационални докази. Не само што е позната, туку е општо прифатена, инаку никој нема да се замара со нечие мислење кога за секој став некој би нудел одговори од типот, пракса, не е за на форум, не се пренесува со зборови, не се дискутира за тоа премногу е лично, и така, ad infinitum...

Дали имаш приметено дека повеќето наши дискусии завршуваат од твоја страна со тврдења за некакви “внатрешни“ победи и внатрешни знаења за кои само ти си свесен? Сето тоа многу личи на некое уплашено дете кое му е страв да му погледне во очи на локалниот силеџија, а во умот има илјадници филмови како го претепува со помош на “источни“ (упс) боречки вештини...

И јас имам брада, но не како на Ошо...:D
--- надополнето: Jun 16, 2011 8:48 AM ---
Има и поедноставен начин за филозофи - нека си апне магична печурка или датура страмониум или морнинг глори или ергот и ќе ги запали сите филозофски книги и ќе ги распне сите филозофи на брдото. Ама се сомневам во намерата на откривање на суштината, освен намерата на раскажувачот кој завршува на шанк со коњак раскажувајќи што останатите мислеле и пишувале...:)
Значи ти суштината ја бараш? Со помош на печурки?

Брдо, се вели рид на Македонски. Има нешто рурално во твојот израз, плус презирот спрема филозофите крие интелектуална инфериорност која се обидуваш да ја прикриеш со инфантилни обиди за сарказам.

Знаеш, поделбите кои природата ги прави во однос на интелектот се сурови и со ништо не се прикриваат. Тој против кого зборува разумот, многу брзо ќе почне да зборува против разумот...

Ти текнува?
--- надополнето: Jun 16, 2011 9:10 AM ---
Можам инаку јас да понудам докази и образложувања дека постои душа и како е врзана за телото, но нема да постигнам ништо освен развлекување и објаснување на поими бидејќи не си запознаен со системот кој очајно го критикуваш.
Да правам паралели со психологија, со биологија, со математика, со источни школи - не ме плаќа никој за тоа за да потрошам толку време за еден доказ од кој ни ти ни јас нема да имаме некое големо фајде. Наивно и профано, не фала.
Значи, не можеш да замислиш колку би сакал да го слушнам ова. Ајде барем еднаш, слези од висините на твојата премудрост, и на нас профаните дај ни доказ. Еден единствен пат, колку е тоа тешко?
Направи паралели, осветли го моето незнаење, и мојата немоќ да излезам од прегратките на западната филозофија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom