Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.147
- Поени од реакции
- 12.129
Јас не реков Кант дека е лесен...Го погоди Кант како пример за лесна литература и лесен начин за доаѓање до вистината...
Пробај прочитај ја Критика на чистиот ум, сфати ги концептите како на пример трансцендентална унија на аперцепцијата, и потоа споредувај ја длабочината на Кант со источните школи на гледање во папокот...
Најдобронамерен совет, немој да се бламираш на овој начин. Држи се ти до верување во постоењето на концепти како души, реинкарнации и слични детски приказни, а мислењето остави му го на оние кои сакаат да мислат...
Душа, оф леле...
Мене навистина не ми е јасно како било кој со просечен коефициент на интелегенција може да верува во концептот на душа. Како е душата прикачена за телото? На кој начин ентитет кој е во се различен од телото може да оствари каузален контакт со телото? Духот во машината, како што се потсмеваше вицкастиот Гилберт Рајл.
Читан е Кант, и Пролегомени-те се прочитани. И што ако се прочитани?
Кант блада... како и сите тошозофи и мрзливци.
Ако ти кажам дека Кант е надминат, ќе ми веруваш или ќе почнеш со неговите тешки мисли за душата и метафизиката?
Ќе научам на памет се што зборува, но во пракса, тоа не е тоа, што велат хиндусите во нивните пракси!
Или пак можеби Кант имал искуство но не можел да го долови и каже на убав и лесен начин, слично како што Јунг проба да ја објасни Алхемијата преку психологијата во неговата книга Алхемија и Психологија .
И убаво кажав, западната мисла повеќе обожава зборови и бладање (заборавајќи ги источните пракси) додека источната е едноставна и со пракса. Затоа и го спомнав Кант и неговите бесконечни размисли кои не даваат јасна слика за ништо .
Истокот дава подобри објаснувања отколку западот, сепак инкарнацијата и поимот душа подобро се разбира преку нив отколку преку западните мислители .
Една реченица на Патанџали сигурно на запад ќе побуди пишување на 11 книги од по 300 страни полни со метафизички концепти кои немаат врска со реалноста или пак со она што сакал да каже Патанџали
П.С. Јас не верувам во концептот душа ниту пак некој треба да верува, потребно е да се знае, спознае... не можам ни да објаснам што е душа со зборови, ќе навлеземе во објаснувања поими и симболи. Прашуваш како твоето Јас е прикачено за телото? Или твоето Јас е Телото?
Велиш луѓето мислат. Кој мисли? Умот? Разумот? Кој му дава слики на умот? Она што си го видел? Под супстанции умот дава други слики, кои не се видени, ниту пак се комбинација од она што е видено. Од каде тие слики таму? Зошто велат дека душата е бесмртна? Има одговори на овие прашања... Но тоа е за оние кои знаат да мислат . Не ми вели дека се бламирам ако не знаеш нешто.
Човек со просечен коефициент не верува! . Сака да знае и да искористи!
Во источните школи ете, душата ја делат на пет дела, слично и кај евреите. Во египетските ритуали се разликуваат неколку слоеви на душата. Монотеистичките вери пак имаат сосема друг концепт за душа. И убаво е дадено како е врзана душата со телото. Треба некој само малку да истражува, а не да вели на други како се бламираат и слично... Ако не можеш да си ја спознаеш душата, до тебе е, не е до никој друг.
Тука нема што да се верува, бесконечните објаснувања на различни индивидуи нема да ти дадат објаснување за душата . За нешто твое, самиот ќе си дадеш објаснување, ако можеш.